...во Руската Империја важеле истите правила - селаните биле мнозинство, но сепак биле закрепостени и како такви биле кметови, односно робови во сопственост на аристократите.
Единствен начин да ја стекнат својата слобода бил да служат 20 години во царската војска, што се сметало за компензација од страна на аристократот кон царот - поисплатливо отколку да плаќа воен данок, да не остане покус за некоја рубља, а на кметот му останува да трпи 20 години воена служба и реки крв, па ако преживее, станува слободен човек без земја и без имот, по што му следува или да му се врати на аристократот и да работи за покрив над глава и храна, или да се сели во град и да се надева дека ќе најде работа за да преживее, па можеби ќе заштеди доволно пари после неколку децении за да си овозможи сопствен покрив над главата.
Кметството во Русија било укинато во втората половина на 19-от век од страна на Александар II, познат како Александар Ослободителот, или последниот голем цар - како што го нарекуваат Русите, но сепак сега веќе поранешните кметови биле луѓе без земја и без имот, поради што им останувало или да останат да работат за аристократите за покрив над глава и храна, или да се селат во градовите во потрага по работа за да преживеат, со надеж дека ќе успеат да дочекаат да заштедат доволно пари за да си овозможат сопствен покрив над глава.
Бидејќи последниот руски цар Николај II бил алергичен на демократски реформи, исто како и неговиот татко и претходник Александар III, во 1917 година Русија била буре барут кое експлодирало со февруарската буржоаско-демократска револуција, а Владимир Илич Ленин и болшевиците си го дочекале својот момент со октомвриската социјалистичка револуција. Се останато е веќе позната историја.
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Литванија, Летонија и Естонија ги вратија старите дискриминаторски закони од пред 1940 година против руските малцинства кои живеат на нивните територии, а припадниците на руското малцинство во Естонија мораат да полагаат тест за државјанство или во спротивно нема да се стекнат со државјанство и со сите граѓански права кои им следуваат на естонските граѓани, иако се родени во Естонија исто како и нивните родители и нивните предци кои со векови на населувале таа територија.
Таквиот начин на третирање на малцинство кое живее на територијата на една држава е билет во еден правец и прашање на време е кога на некого ќе му пукне по некоја психолошка жичка во некоја од балтичките држави.