Мислам дека како граѓани на Република Македонија, треба да си ги бараме назад парите кои досега завршиле на плати и вештачења за потребите на СЈО.
Со оглед на тоа дека сечени, лепени и монтирани материјали објавувани на Интернет не можат да служат како докази на суд, мислам дека СЈО е неисплатлива правна инвестиција.
Слободно нека продолжи СЈО да постои и да работи, но нека си ја бара платата на друго место, а не во буџетот на Република Македонија.
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=121717
Одбраната на премиерот Заев бара ПИМ да не бидат доказ во судската постапката што се води протви него
27.06.2017 14:48:45
Според адвокатот Филип Медарски, спорно е што снимката обезбедена сo ПИ мерка била објавена на „Јутјуб“, а потоа пласирана низ повеќе медиуми со што освен што бил прекршен законот ист така било прекршено и правото на приватност на неговиот клиент, Заев.
Снимката, направена во кабинетот на струмичкиот градоначалник Заев на која разговара со локален бизнисмен, да не биде доказ во постапката за Поткуп која се води против актуелниот премиер, обвинет во времето кога ја извршуваше функцијата градоначалник на Струмица. Ова денеска го побара адвокатскиот тим на Заев на главното рочиште што се одржа во скопска единица.
Според адвокатот Филип Медарски, спорно е што снимката обезбедена сo ПИ мерка била објавена на „Јутјуб“, а потоа пласирана низ повеќе медиуми со што освен што бил прекршен законот ист така било прекршено и правото на приватност на неговиот клиент, Заев. Премиерот пак тврди дека
снимката што била пласирана во јавноста на две места била сечена, со цел да се деградира неговата личност.
-За да се покаже комплетното дејствие, требало барем ако се објавува цела да ја објават, барем јавноста да ја знае целата вистина. Така да масакрирањето на самата снимка ја покажува целата грдосија на евент со кој сакаа да се прикаже во јавноста комплетно да се направи мое оцрнување, масакрирање и судење јавно – рече Зоран Заев – претседател на Влада на РМ
Според обвинителството, снимката во кабинетот на градоначалникот е законски прибавена, па оттука нема ништо спорно да биде доказ во постапката. Од обвинителството за гонење организиран криминал велат дека во тек е истрага за утврдување кој ја пласирал снимката на социјалните мрежи. Судот до 27 септември ќе треба да одлучи дали снимката е валиден доказ.
Заев денеска, првпат како премиер, присуствуваше на рочиште во кривичниот суд, каде против него се води постапка за барање наводен поткуп од бизнисмен од Струмица за да добие легализација на градежно земјиште.
Катерина Гетева