мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 18.890
- Поени од реакции
- 23.295
И ти сега погоди. Разочаран ВМРОвец . Нит сум бил член како некои тука со книшка па сум се откажал, нит сум отишол на митинг нити сум имал било какви партиски активности, нити било каква државна работа. Едноставно сметав и сметам дека СДСМ се притаено зло, канцер на државата и било кој се подобри од нив.Владе е разочаран ВМРОвец. Не му ги земам постовите сериозно, не му ги земај ни ти. Не е единствен во тој поглед исто така, голем дел од членството како казна не гласаше) а мал процент гласаа и за СДСМ од инат). А дека има такви витко-кичми, има. Ангелов е добар пример.
И за виткање на кичмата пак згреши. Не се работи тука за виткање на никаква кичма туку за сурова реалност кога увидов дека мнозинството на граѓани со право на глас во декември решија за тоа што решија. Јас само им ја почитувам нивната желба искажана на избори, ништо повеќе ништо помалце. Добро де и малце да го забрзаме процесот. Затоа реков дека на следните избори ке гласам за најрадикалната албанска партија која ке ја најдам на списокот, за да мојот глас не оди во нити една македонска посебно не СДСМ и да им ја јакнам позицијата во однос на нивните коалициони партнери. Колку помалце пратеници имаат толку повеќе ќе ги уценуваат или овие ке мораат да попуштаат за да ја задржат власта и тоа ќе биде мој личен придонес да го забрзам неминовното. Шо ќе се прпелкаме уште неколку изборни циклуси и ќе си играме држава кога едно мнозинството тоа не го сака како прво и како друго немаат ништо против странци да им ја кројат судбината, дури сметаат дека е пожелно.Па сега кога сакаат до толку кој сум јас како поединец да им кршам атер. И за референдумот би го добил истиот одговор да не се повторувам. Колку побрзо го реализираат тоа што го наумија тие што го наумија подобро за сите. Ако веќе знаеме дека порано или покасно тоа ќе се случи, тогаш подобро побрзо отколку покасно нели ?
П.с постовите земи ги доста сериозно. Го мислам секој збор што сум го напишал тука и во дадена прилика на избори или на референдум нема да отстапам нити за милиметар од тоа што сум го напишал.