Будизам

Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Каде е господ?
Целосна контрола над тебе можи да има само просветлен јогин.
Нема да има контрола. Јас сум појак од јогинот. :vozbud: Не можеш ти да го видиш, зошто не веруваш во него.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
:pos2: :pos2: Abe pope ti si imal be smisol za humor da si ibesh :pos2: :pos2:

Ajd seriozno na temata...eve vi dade smernici Devil king ve prasuvam sto ima tuka ANTI HRISTIJANSKO ???

Ja vikam toa se postulatite , ama ne so cel da velicam Budizam nego radi diskusija...

MOja logika e ako ist e korenot... sto togas ... ne deka sea da satnete Budisti toa kaj Budistite e zabranetoda se nametnuva na tudja KARMA ...losho e toa ... sekoj si go ima svojot pat no ne e zabraneto da se otvorat ochi.... ete barem so tekst...duri i toa e karmicki diskutabilno dali e pravilno... no sepak procitajte
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
:pos2: :pos2: Abe pope ti si imal be smisol za humor da si ibesh :pos2: :pos2:

Ajd seriozno na temata...eve vi dade smernici Devil king ve prasuvam sto ima tuka ANTI HRISTIJANSKO ???

Ja vikam toa se postulatite , ama ne so cel da velicam Budizam nego radi diskusija...

MOja logika e ako ist e korenot... sto togas ... ne deka sea da satnete Budisti toa kaj Budistite e zabranetoda se nametnuva na tudja KARMA ...losho e toa ... sekoj si go ima svojot pat no ne e zabraneto da se otvorat ochi.... ete barem so tekst...duri i toa e karmicki diskutabilno dali e pravilno... no sepak procitajte
Има многу разлики, а нема ниту една сличност.
Во Будизам има карма, во Христијанството нема
Во Будизам има реинкарнација, во Христијанството нема
Во Будизам нема воскресение, во Христијанството има
Во будизам нема рај и пекол, во Христијанството има
Во будизам нема Господ, во Христијанството има
Уште разлики сакаш да набројам.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
MIslev da procitas od tekstot sto ti dade Devil...mislam ako zanes angliski pa da diskutirame ...

inaku :

Во Будизам има карма, во Христијанството нема

( kako nema modificirana karma ne li e ne cini na drugite sto ne sakas na tebe toa od mars padnalo ? ...sto ke poseesh toa ke zneesh ??? )

Во Будизам има реинкарнација, во Христијанството нема

( ma nemoj varijacija na tema e rajot e reinkarniranje u nirvanata, pekolot e ustvari vrakanje pak na zemskite maki ... abe biblijata e boenak uprostena verzija samo za da podrazberat obicnite smrtnici )

Во Будизам нема воскресение, во Христијанството има

( voskresenie u Budizam ti e nirvanata koga ke se pretopis u kreatorot znaci ima )

Во будизам нема рај и пекол, во Христијанството има

( ima raj i pekol ama ne u taa smisla ima stradanje i nirvana ... pekol stradanje zemski zivot i nirvana raj )


Во будизам нема Господ, во Христијанството има

Ima u budizam Bog ama toj ne se razbira taka ... ti vikam pak boenka e Biblija so uprosteni figuri samo ponacrtano ... TAO PATOT E BOG
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
MIslev da procitas od tekstot sto ti dade Devil...mislam ako zanes angliski pa da diskutirame ...

inaku :

Во Будизам има карма, во Христијанството нема

( kako nema modificirana karma ne li e ne cini na drugite sto ne sakas na tebe toa od mars padnalo ? ...sto ke poseesh toa ke zneesh ??? )

Во Будизам има реинкарнација, во Христијанството нема

( ma nemoj varijacija na tema e rajot e reinkarniranje u nirvanata, pekolot e ustvari vrakanje pak na zemskite maki ... abe biblijata e boenak uprostena verzija samo za da podrazberat obicnite smrtnici )

Во Будизам нема воскресение, во Христијанството има

( voskresenie u Budizam ti e nirvanata koga ke se pretopis u kreatorot znaci ima )

Во будизам нема рај и пекол, во Христијанството има

( ima raj i pekol ama ne u taa smisla ima stradanje i nirvana ... pekol stradanje zemski zivot i nirvana raj )


Во будизам нема Господ, во Христијанството има

Ima u budizam Bog ama toj ne se razbira taka ... ti vikam pak boenka e Biblija so uprosteni figuri samo ponacrtano ... TAO PATOT E BOG
Абе многу се различни, ама како викаш така нека биде. Е сега нели будизмот е нетеистичка религија, односно без богови, а сега ти ми кажуваш има Бог и во будизмот.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
TAO E BOG , TAO E PATOT ...PATOT E BOG

Nema cicko so brada

BOG E PROCES energija kako da ti pojasnam ...
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
има ли во македонија будистичка заедница и колку членови брои?
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
да го копирам ли прокето за матура тука :) ?
едит: ако сакате повише да знаете де...
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
А

Александра Д.

Гостин
За себе можам да кажам дека и малку ја познавам Будистичката религија. Во неа нема никаква тајна, тоа е нешто што го носиме во себе, нешто што чека да биде откриено...бар јас тоа така го сваќам..мислам дека суштината е да се премине преку егото, да се изгази и уништи.
Кога тоа ќе се случи се појавува вистинското ЈАС...тоа што ние навистина сме....сите исти..
Ако некој сака да чита будистичка книга или слично...имам само еден совет: Читајте по 2-3 РЕДА дневно...:salut:
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Будизмот е религијата развиена од учењето најпрво распространето од Сидарта Гаутама, попознат како Буда, околу 5 век пр.н.е. Будизмот е нетеистичко учење и Буда не е ниту Бог ниту пророк. Буда е поим, кој на древните јазици “пали“ и “санскрит“ означува “разбуден“. Во будизмот секој човек кој се разбудил од “сонот на незнаењето“ преку директна реазлизација на вистинската природа на реалноста, се нарекува Буда. Сидарта Гаутама или Буда е само еден од многуте Буди и во будизмот терминот се користи не само од историски карактер, но и за секоја личност која ја постигнала истата реализација од пред и после неговото историско егзистирање. Во таа смисла будизмот е практично учење, ке се стреми да биде поблиску до науката со своите методи, отколку до религијата.
[FONT=&quot]Учењето на Буда[/FONT]
Учењето на буда е целосно насочено кон ослободувањето од, за сите суштества неодминливо страдање и постигнување на разбудувањето кое уште се нарекува просветлување, Боди или Нирвана. Основната причина за страдањето според будизмот е желбата и во врска со неа, наклонетоста (кон за нас пријатни нешта) и антипатијата (кон за нас непријатни нешта), кое од своја страна е предизвикано од илузорниот поглед на светот како одделен од нас и непознавањето на вистинската природа на умот. Во основата на будистичкото учење е восприемање на причина - последица (карма): нашите претходни мисли, зборови и дела, не довеле до нашата сегашност т.е. сега и во овој момент ние ги посејуваме семките на нашата иднина. Според тоа, ослободувањето од страдање и постигнувањето на просветлување ни се во сопствените раце, кои будизмот ги создава и препишува множества практики на медитација, етика и учење, кои ќе доведат до таа нова состојба.
Првите поучувања Буда Шакјамуни ги дава во Индија и кога го прашале по што предава, тој одговорил: “Секое живо суштество ја бара среќата и сака да биде среќно, а јаз за тоа поучувам како стојат нештата“. Постепено будизмот се распространува во Средна Азија, Тибет, Шри Ланка, Југоисточна Азија, како и во источноазиските држави – Кина, Монголија, Кореја и Јапонија. Денес, будизмот е една од големите светски религии, за која се смета дека има околу 350-380 милиони приврзаници по целиот свет (поголем дел концентрирани во земјите во Азија) и се брои на 4то место. Будизмот продолжува да го раширува своето влијание и да привлекува нови верници, а во последните години е проследено и со голем развиток и во земјите од западниот свет
[FONT=&quot]Животот на Сидарта Гаутама[/FONT]
Има историски податоци за постоењето на Сидарта Гаутама (Шакјамуни, историскиот Буда), а за животот се знае главно од усни прекажувања (кои се доволно детализирани сепак благодарение на развиените способности и техники за помнење на следбениците од тоа време во Индија).
Роден е во благородно семејство пред 2580 години. Кралството на неговото семејтсво било разпространето кај јужната граница на денешен Непал околу градот, тогаш нарекуван Капилавасту. После долги години без деца, неговите родители многу силно сакале наследник на своето кралство, воин и вешт управител. Според легендата, после раѓањето на Буда, тројца Јоги им рекле на родителите: “Момчето е навистина посебно. Ако не се судри со страдањето на светот, тој ќе стане се што вие би сакале да биде. Во спротивност тој ќе се одкаже од кралскиот трон и ќе му даде на светот увид и просветление“. Како што неговите родители сакале наследник и управител на кралството, го обградиле со сите услови за да не го познае страдањето во светот: убави жени, секакви задоволства и забави.
[FONT=&quot]Четирите средби[/FONT]

И покрај настојувањата на неговите родители, да ги отстранат сите непријатности од пред погледот на Буда, тој на 29 години, при тајно излегување од палатата, во трите наредни дни видел болен, стар и мртов човек, дури и аскет и нешта кои никогаш до тогаш не ги познавал. Со увидот дека целата слава и мир со кои е опкружен се преодни и дека староста и смртта се сосем природен дел од секојдневието, ја поттикнало љубопитноста во него и го натерало да го напушти дворецот.
[FONT=&quot]Духовното барање[/FONT]

Во следните 6 години Буда учел од најистакнатите учители во своето време и практикувал различни духовни школи надминувајќи ги брзо сите нив, но никогаш не бил задоволен од резултатите. Тој користел различни методи за да го контролира она што е во умот, но ниеден не му го покажал умот каков што е и не можел во нив да најде одговор на своите прашања. При обид да се оддели целосно од сетилниот свет, Сидарта се посветил на толку екстремни форми на аскетизмот, што речиси си го доведувал животот во опасност, но и покрај се тоа не му донело решение на проблемот . Поради таа причина решил да ја бара вистината по нов, различен пат.
[FONT=&quot]Средниот Пат[/FONT]

Сидарта си претпоставил дека по еден пат кој исклучува крајности, би му ги зголемило енергијата, јасноста и возможностите за концентрација. Со таа идеја земал храна и седнал под едно дрво со ветување дека нема да стане додека не ја најде вистината, која ја барал толку време. Ова се случило кај Бодгаја, близу Варанаси (Бенарес).
[FONT=&quot]Будење[/FONT]

Сидарта минал низ различни етапи на медитација. Во првиот дел на ноќта дошол до сознание за преходните му преродувања, во втората дознал и за возможноста да гледа како суштествата се раѓаат и умираат во природата од своите дејствија и во последниот дел од ноќта го осознал јасно она што го видел и добил директно преживување на Четирите Благородни вистини. До тие погледи Сидарта доаѓа после медитацијата од цела седмица и во денот на неговиот 35ти роденден постигнал просветлување (Нирвана) и се преобразил во Буда. По тоа, тој си го посветил животот на распространување на своето учење, затоа што според него секое човечко суштество може да постигне такво ослободување од страданието и да проживее вистинска природа на умот, така како што тој успеал.
45 години подоцна, пак на истиот ден од месецот тој починал со зборовите: “Можам да умрам среќен. Јаз не задржав ниту едно поучување за себе си. Веќе сум дал се, кое може да ви користи. Сега не верувајте на ниту еден мој збор, само затоа што Буда ви ги кажал, но проверете добро. Бидете патоказна светлина за самите себе си“.
[FONT=&quot]Учењето на будизмот (Дарма)[/FONT]

По своето просветлување Буда научил, дека вистината на неговото преживување е тешка да се изрази и многу потешка да се предаде на другите,тој во продолжение на неколку седмици останал во спокојна медитација. Според будистичките текстови тој на крајот успеал да разбере дека постојат и други луѓе кои можат да постигнат просветлување (Нирвана). Така започнала неговата активност како водач на другите. Резултатот од животот на Буда биле неговите сопствени зборови, запишани под формата на 84 000 поучувања во 108 тома – Канџур, и подоцните коментари кон тие во други 254 тома – Тенџур. Првите учења (Сута) ги дал на своите стари сопатници при медитација, нешто кое е познато како “Завртување на тркалото на Дарма“ (Дармачакапаватана). Во тие први учења Буда ги поставува основите на разбирањето на нашата реалност. Тие основи се познати како “Четирите Благородни Вистини“ на постоењето. Четирите благородни вистини го констатираат постоењето на страданието (Духка).
[FONT=&quot]Четирите Благородни Вистини[/FONT]

Четирите Благородни Вистини се основните идеи, во основите на сите будистички школи, со тоа што прпизлегуваат директно од првите учења, кои Буда ги дал откако постигнал просветлување. Четирите Благородни Вистини можат да бидат метафорично идентифицирани со етапите на лечење, соодветни за практиката на еден лекар. При тоа идентифицирање првата вистина е поставувањето на дијагнозата(страданието), втората е покажување на причината на болеста (желбата), третата кажува дека има начин за лекување (отстранување на страдањето) и четвртата е препишување на лек (Благородниот Осумкратен пат). Од таква гледна точка суштествата се болни(страдални), а Буда е лекар, кој може да им помогне да се излекуваат.
Вистината, дека постои страдање(Духка) – животот е несовршен, незадоволството и страдањето постојат и се универзални. Се разбира, во животот има и моменти на среќа и задоволство, но и тие содржат во себе си страдање, поради тоа што на крајот завршуваат и ние сме незадоволни од фактот, дека не можеме да ги искусиме повторно или од преголемата желба повторно да ги искусиме. Првата вистина ги содржи во себе си и учењата за Трите Карактеристики на Постоењето ( Трите Печати).
Вистиината дека причината за страдањето е желбата(санскрит: tŗşņā, пали: taņhā). Веруваме, дека секое дејство, постигнување, човек или предмет ќе доведат до трајно задоволување на Јас-то, во состојба кога ни самиот Јас не е ништо повеќе од илузии на умот. Поради тоа и самата желба е придонесена од незнаењето (авидија).
Вистината дека има остранување на страдањето. Секое човечко суштество ја има можноста да го отстрани страданието, достигнувајќи до состојба на осознавање на самиот себе си од повисоко ниво. Тоа е и крајната цел на будистичкото обучување општо позната и како “Нирвана“ ( тука треба да се спомне дека при различните школи на будизмот претпоставките и опишувањето на таа крајна цел може до извесен степен да се разликува).
[FONT=&quot]Благородниот Осумкратен Пат[/FONT]

Вистината дека има начин за отстранување на страдањето. Тој начин е следењето на патот на Буда, познат како Благородниот Осумкратен Пат бидејќи содржи 8 степени.
Тоа е патот кој води до крајот на страдањето – Нирвана. Тоа е патот кој секој будист се стреми да го следи. Осумте степени се:

Правилен став,

правилна намера,

правилен говор,

правилно дејствие,

правилна исхрана,

правилен труд,

правилна свест,

правилна концентрација.
Првите две – правилен изглед и правилна намера го составуваат делот “Мудрост“. Мудроста е истовремено и почетокот и кулминацијата на Благородниот Осумкратен Пат. Правилниот говор, правилното дејствие и правилната исхрана го составуаат делот “Моралност“. Моралноста или етиката, е основата. Врз таа основа се гради “Концентрацијата“, составена од правилен труд, правилна свест (“правилно внимание“) и правилна концентрација.

Концентрацијата служи за основа, врз која се гради мудроста, коа од своја страна го разрушува незнанието, кое е првата причина за страдањето и со тоа се достигнува кулминацијата на патот и се постигнува Нирвана – крајот на страдањето, “највисоката среќа“.
Правилниот став, уште преведено како “правилното разбирање“ е точното разбирање на Четирите Благородни Вистини. Правилната намера е намерата за одрекување или – недостатокот на желба, тенденција за добродетелство - недостаток на омраза и тенденција за ненасилство – недостаток на суровост.
Правилниот говор означува воздржување од кажување на лаги, воздржување од клеветење, воздржување од груби зборови и воздржување од безсмислено дрдорење. Правилното дејствие е воздржување од убивање (воздржување од одземање на живот, како на луѓе, така и на животни), воздржување од кражби (поточно воздржување од земање на она кое не ни е дадено) и воздржување од прељуба. Правилната исхрана означува хранење на начин кои не повредува други луѓе или животни. Примери за нерпавилна исхрана се трговија со оружје, трговија со живи суштества, трговија со месо, отрови и алкохол.
Правилниот труд се дели на 4 подделови:

Труд да се избегне појавувањето на сеуште непојавени неправилни состојби,

трудот да се отстранат појавените неправилни состојби,

трудот да се придобијат непридобиени правилни состојби,

трудот да се поддржат и усовршат придобиените правилни состојби.
Правилната свест се состои од 4 дела: набљудување на телото, набљудување на чувствата, набљудување на состојбите на умот, набљудување на умствени објекти.
Правилна концентрација се постигнува низ медитација и се состои од постигнување на Џана, медитациона фокусираност. Правилната концентрација исто така означува фиксирање на умот врз еден единствен објект, обично дишењето (вдишување и издишување).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom