Заев моментално е на власт во Македонија, човекот кого латас во 2008 кога заев беше аболициран, го прогласи за политички мртов, и иден Нула фактор во политиката во Македонија, на крајот од денот, како црпнат од Муртино испадна главниот играч во буткањето на дпмне од власт.
Дали имал ветер у грб од западот, од амбасадори и странски дипломати небитно, го потценија до максимум а сега е таму каде што е.
Од друга страна, Груевски е во опозиција, дпмне се во опозиција, ја изгубија целосната контрола врз медиумите во Македонија, главните медиумски перачи на мозок прекинаа да егзистираат во печатениот медиумски простор ( мпм ), моментално од дневните изданија на весници, нова македонија, печат и фокус се анти дпмне настроени, им останаа само вечер и република, слична ќе биде сликата и кај телевизиските медиуми.
Им исчезна и можноста за притисок врз гласачите, со закани дека ќе бркаат од работа, дека мора еден човек да им донесе минимум 10 гласови и слично, така да тоа под дифолт ќе значи и помалце гласови у иднина на ДПМНЕ, многу помалце, на ова кога ќе додадеш дека ќе ги изгубат судовите, дека зврле веќе не е тука, и дека ќе почнат да им фрчат кривично и нивниот криминал кој е огромен, ќе искочи целосно на површина, и да си благоретардиран ќе имаш доволно капацитет да измозгаш у каква ситуација ќе биде дпмне како партија на политичката сцена во Македонија.
Така да, аналогно на муабетот за дпмне како опозиција, заев секако треба да им биде предмет на интерес, и тоа што го прават они од позиција на власт, ама со останување на груевски како лидер на таа партија, у пакет со неговите главни политичкии соиграчи, дпмне во таква ситуација нема теорија да се врати на власт во Македонија, они веќе потонаа од позиција на власт, кога контролираа Се, а тек сега, кога ја изгубија контролата врз медиумите, судовите, институциите а и западот целосно им сврте грб ... во една ваква ситуација дигресијата е неизбежна, процес што доаѓа под дифолт, нарочито кога во партијата диригентската палка им е оставена на криминалци.