Делумно се сложувам со напишаново а потполно со ск2014, а тоа со сиромаштијата некако не ми се пресликува со реланоста,додека администрацијата е пренатрупана и треба отпуштања или поприфатливата алтернатива како што кажа заев да се воведе втора смена,да си ја сватат работата и сватат дека тие се заради нас а не обратно
Напредокот го гледам во стопанството и кога државата по разни основи ќе му се раздолжи а не двигател на економијата да биде градежништвото(гипс картон и по некоја цигла)
Треба да се фокусираме на рудниците за злато. По никоја основа не треба истите да бидат приватизирани или давани под концесија. А останатите рудници да не бидат исцрпувани до овој степен затоа што лани, најголем раст имало токму кај рударските дејности, што и не е баш за пофалба. Замисли што би правеле без истите, кога нормално целосно ќе бидат исцрпени.
Јас двигателот стриктно го гледам во земјоделството. Ако може да се постигне пологем извоз од увоз, а притоа да не се увезуваат производи кои се заситени во нашава економија, ќе имаме подобра економка година. Поранешната влада имаше катастрофални чекори на ова поле. Прво се случи тони краставици да бидат увезени, а потоа тони ориз. Тоа многу им наштети на земјоделците затоа што цените им ги спушти на многу ниско ниво. Значи мора да се воведат минимални цени за секоја класа, со што ќе се заштитат самите производители, а притоа нема да оди на голема штета и да откупувачот.
Како и да е, мене не ми се допаѓаат чекорите на новата влада. Очекував поекономски и поекономични политики, а тие ставија само 10 министри без ресор! Прва мерка и одма некој да лапа пари, а притоа ништо да не работи. Ние сме имале и влади кои имале и по 3/4-ца министри без ресор, а истовремено тоа биле солидни влади. Башка тоа што Радмила и Сугаревски се министри, едната врска нема како да се биде обичен граѓанин со плата со 15.000 ден., а јавно зборува за правата, слободите, политиката....Јас не би и дал ниту месна заедница да ми води, а не пак министерство. А Сугаревски е собран од некое село. Беше координатор на пратеничката група на сдсм едно време. Никогаш, ама апсолутно никогаш не дал еден нормален говор од собраниската говорница. Секогаш се однесувал крајно арогантно и секогаш се дерел! Така не се бранат политичките ставови и интереси. Клучот е аргументот, а не дали ќе го надвикаш политичкиот противник.
Очекувам подобри мерки, макар и популистички, само нека водат кон подобро. Имаат солиден тим, иако тука повеќе зборуваме за квалитетите на поединците отколку на целиот тим, но нема врска. Можат да воведат некакви новитети кои пак ќе не водат кон прогрес.
