Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
Тој ако е незадоволен може само да ти даде лош фидбек, а може да те пријави само ако има некој спор меѓу тебе и него. За незадоволство не блокираат акаунт.
Зошто би ти дал 4.55 и да ти бара рефунд не ми е јасно. Сигурен си дека ти бара рефунд?
Ми побара рефунд само за вториот Millestone, бидејќи работата не беше ни почната.За првиот си ја имав завршено работата. Дали ако му ги рефундирам и останатиот дел од парите ќе се снема оценката од профилот?
 
Да ќе ја снема, но ако оценката е 4.55 тоа и не толку лошо, во случајот јас не би рефундирал ако се работи за поголема сума.
 
Како се повлекуваат пари од Upwork? Мислам треба посебна картичка или сметка, Moneygram на пример? Исто, што значи ова „Before withdrawing funds, all non-U.S. persons must provide their W-8BEN tax information.“? Фала за одговорите.
 
Ќе си нарачаш Payoneer картичка (стига на домашна адреса за 2 недели) и од истата можеш да подигаш пари на банкомат без проблеми или да плаќаш на терминали. Друга опција нажалост нема бидејќи Paypal во МКД не функционира, а останатото исто за нас е недостапно како опција за повлекување на пари.

https://share.payoneer.com/nav/CFte...bBv_5-My0NGm3dKWwry2WblVpb21fLclCamR0Wn17FjA2
Чини 30$ годишно, ова е мој реферал за регистрација но откако ќе ти легнат првите 100$ на сметка ти враќаат 25 од овие 30 (ќе имаш баланс од 125$) бидејќи си се регистрирал на страната преку овој реферал (така картичката ти доаѓа само 5$).

Кога ќе имаш пари за исплата од Upwork само ги префрлаш на картица која претходно ќе ја врзиш со твојот профил.

Околу данокот, одиш во Settings > Tax Information и го одбележуваш ова.

upload_2017-5-7_10-39-11.png
 
Дали навистина Paypal не функционира во Македонија? Вчера направив акаунт и подесив се, имам visa electron на која од пејпал ќе ја проверат со земање на 1$ од неа и ќе те активираат. Баш утре ќе ставам пари и ќе пробам дали ќе се поврзе со пејпал. Дај нека потврди некој дали е можно поврзување на paypal со наши виза електрон картички од Комерцијална, Тутунска? И секако дали земаат некоја провизија што некој те исплаќа на пејпал а парите ти одат на сметка?
 
Последно уредено:

Можеш само да плаќаш, не можеш да примаш пари. Инаку може картичка од која било банка.
 
@Krstev ти благодарам многу за одговорот. А парите заработени на Upwork и повлечени на овој начин се пријавуваат во УЈП или...?
 
@Krstev ти благодарам многу за одговорот. А парите заработени на Upwork и повлечени на овој начин се пријавуваат во УЈП или...?
nope. that's the beauty of it ;)

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Дечки кој е заинтересиран и има повеќе пари за вртење нека ме контактира во ПП..се работи за кладење во живо т.е. спортска арбитража
 
Токму тоа ми беше прашањето, а значи ако не си толку радознал и да го отвориш фидбекот, он нема автоматски да ти се појави...е сеа, дали да ризикувам и да го отворам, уште се мислам:(, зошто он дефинитивно беше задоволен од работата ама јас му откажав буквално во 5 до 12. Па може да ми има стаено нешто безвезе...сепак изгледа поарно да не го отварам и да не ризикувам...јбг. А пари немам намера да му враќам ни под разно...поштено си ги заработив парите...

Немање на feedback за завршен договор може негативно да се одрази на твојот Job Success score.
 
Еве апдејт да ви дадам на сите...пробав јас да му дадам фидбек на меилот што ми стигна ама после месец дена и нормално неможев... ми даде нотификација дека фидбекот неможе да биде модифициран....и дури сега, па има повеќе од месец ипол ми се покажа неговиот фидбек...и добро поминав...ми ставил 4.55...ја очекував дека ќе ме изруга ептен зошто му откажав како што спомнав погоре, буквално во 5 до 12. Така да, тоа е тоа дечки...Позз
 
Си имала среќа, друг пат бери памет.
 
Некој искуство со NeoBux има? Редење и вадење на пари?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom