PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.495
Мнозинството граѓани на Р. Македонија другар се за влез во НАТО и ЕУ ... како и воопшто на Балканов последниве три декади после падот на Социјализмот и распадот на СФРЈ мнозинството граѓани на овие простори се за Евро-Атлантска интеграција иако да постојат и анти-НАТО расположени граѓани како и Евро-скептици и тоа е сосема легитимно право на секоја една индивидуа !Со причина се критиките. Ако веќе си ги видел, би требало да знаеш и зошто се пишани истите. Тоа што сме сиромашна и мала држава, со квази-институции не е причина да се влезе во НАТО и ЕУ. Туку треба да е причина да се работи на сузбивање на тие проблеми и да се стави акцент на развој. Но не, вам полесно ви е друг да ви ја заврши работата. Едно од најсоновните работи, безбедноста на државата и нејзината стабилност, не да ги гарантира она самата, туку некој од надвор, кој ниту е дел од нацијата овде нит ги дели истите национални интереси со нас. Имало и други мали и сиромашни земји, некои од нив и со слични институционални проблеми како кај нас, ама станале некој и нешто денес. Не гледале решение во тоа да дадат гз под кирија на некој друг.
Зошто викам дека ни треба влез во НАТО и ЕУ, па како што кажав и претходно за да огребеме некое милионче/милијардиче гага од Бриселската каса ете затоа, бидејќи сме неработници како народ/и (Балкански) еве гледам граѓаните се радосни оти се затвораат рудници, фабрики, енергетски погони, а потоа се протестира како тоа имало сиромаштија и висока невработеност хаха овде народот сака како во Монте Карло да живее само да си седи, а парите да паѓаат одозгора т.е. без многу пот, од туризам и сл. Колку тоа Грчки девизи влегуваат во јужна и југо-источна МКД што народот таму бега од мотика и од копач баш сакам да знам !
Или на пр. Охриѓанине се правдаат дека туристичката сезона им била ептен куса само 2-3 месеци и затоа морале да дигаат цени за да осетат и они ќар, а притоа не гледаат дека на само стотина километри од Охрид и Охридско езеро има мориња каде што се е поевтино и смештај и.т.н. и потоа оф-леле слаба им била сезоната !