Случајот не е зошто се набавил мерцедесот туку како
Во конкретниот случај, постои основано сомнение дека за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење јавни набавки, незаконски да повласти, односно да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, стои во соопштението од СЈО.
Оттаму, додаваат дека „во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на Законот за јавните набавки“ и била фаворизирана една фирма со тоа што во тендерската документација биле наведени повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки, односно на конкретен тип на автомобил.
Јанкулоска: Ало
Груевски: Ало, Горде, шо праиш?
Јанкулоска: Добро, еве, малку по дома весници и така…
Груевски: За две работи те барам.
Јанкулоска: Кажете…
Груевски: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
Јанкулоска: Да, да… Јас да Ви кажам, не Ви вршев притисок ама…
Груевски: Тоа на М… на М…
Јанкулоска: Е, добро, океј…
Груевски: Да не зборам сеа, вака…
Јанкулоска: Да, да…знам ,знам, точно… ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
Груевски: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се… тоа тебе не ти требаат другите.
Јанкулоска: Не ми требат другите, тој шо треба е кај вас…. хахах
Груевски: Да… Ба ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
Јанкулоска: Да, де… Па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах… Пратете ми го Вие…
Груевски: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
Јанкулоска: Да, да, да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема проблем тој ќе го напраиме…
Груевски: Друго ќе видиш тој е фул као за….
Јанкулоска: Да де да, не, не, не океј си е…
Груевски: … Се знае тоа…
Јанкулоска: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах
Груевски: Да, да.
Јанкулоска: Така да супер…
Груевски: Така да почни ја постапката, терај ја.
Јанкулоска: Да, да, да, ние ќе го напраиме само Вие пуштете ми го назад проспектов, за да…
Груевски: Утре го добијаш…
Јанкулоска: Да, да, да, да биде ко шо треба работава… Сеа да не зборам и ја многу…