Своевремено, кога јогата почнува да се „рекламира„ и практикува на „Запад„, истата е „нудена„ во нејзината изворна варијанта односно двојство; прво, како начин за „опуштање„ и второ, како пат во „духовноста„, т.е. источно-азијатски тип на духовност. Откако некои мангупи ја „провалија„ нејзината вистинска улога, а тоа не е „само„ телесното „опуштање„, туку и демонизмот, денес истата се нуди само во нејзината прва половина, односно „само„ како начин за „релакс„ на телото, кое „као„ треба да се „опушти„ после ова „модерно„ и лудачки забрзано темпо на живеење.
Едноставно кажано, јогата е неспоива со православната вера, затоа што целта од јогата не се состои „само„ од практикување на оние чудни имитативни телесни пози, кои наводно опуштаат и мотивираат, туку во спојот на човековиот дух со „ништото„, односно кога духот од човекот „као„ го напушта ограничувањето од материјалното тело и се „ослободува„ од истото. Врвните јогини не кријат дека со повеќегодишно практикување на јогата, доаѓаат во состојба во која змијата (која во Црквата е позната како симбол и второ име за самиот ѓавол), постепено, движејќи се и увртувајќи се околу ‘рбетот од човекот, од карлицата кој черепот, врши опседнување на човековиот черепен мозок, со што мозокот станува блокиран за здраворазумно делување, а во Црквата одамна е познато дека ѓаволот делува врз човекот пред се‘ преку блокада на наведениот човеков мисловен „апарат„.
Да, практикувањето јога е тежок грев пред Бога.
Нешто повеќе, можеш да прочиташ овде:
http://www.svedokverni.org/pravoslavni-pogled-na-jogu/
http://www.spc.rs/sr/zashto_je_prav..._obrazlozhenje_televizijske_izjave_date_telev