Предлог за филм со кратка рецензија

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
The beauty inside (2015)
http://www.imdb.com/title/tt4273886/

Обожавам корејски/јапонски романтики и драми, филмов е корејски, се работи за човек што секое утро кога ќе се разбуди е нова личност, може да биде маж, жена, дете, старец, белец, црнец, го следи проклетство од неговата 18 година... Ќе засака една девојка, а што следи понатака ќе го видите во филмот.. Романтична драма...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
WarGames (1983)

Уште еден интересен филм за тепање време, го давале мислам два три пати на наши телевизии. Филмот е без непотребни сцени и без нешто напнато за мислење и тупење мозок. Си пушташ, легнуваш и се опушташ некој саат.
За време на Cold War млад дечко кој е опседнат со компјутерските игри налетува на стратешка воена игра која ќе го однесе подалеку од што очекувал.
Како што реков, интересен филм.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871


Се работи за периодот во кој е создаден светот кој денес се распаѓа, Втора Светска Војна, за вториот најстар занает...интересно, добар кастинг, квалитетни сцени, препорачано.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
11.602
Топ 5 филмови за 2016 според вас од жанр комедија, акција или хорор?
Овие жанрови ги гледам, а веќе неколку години слабо гледам филмови, па како изгубен сум :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
The Good the Bad the Weird (2008)

Филмов мора да го гледате, сериозно. Одлична авантура во која се сместени и комични сцени. Снимен според легендарниот The Good, The Bad and The Ugly, се работи за потрага по богатство во која се вклучени неколку банди а тука е и јапонската војска. Крајот и тробојот се интересни, посебно откривањето на богатството.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Albino Alligator (1996)

Слабо познат филм, скоро непознат, а баш е интересен. Нема нешто wow ама сепак не е срање.
Се работи за тројца крадци кои откако грабежот што го прават ќе им тргне лошо и ќе биде убиен полицаец бегаат во најблискиот бар и остануваат таму додека не смислат нов план. Во барот има неколку луѓе кои стануваат заложници на овие што ќе влезат да се кријат. Интересното станува кога ќе дојде полицијата пред барот, филмот добива малку напнатост бидејќи полицијата уствари не ги бара тие тројца, туку друг криминалец кој се крие во истиот бар.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Letters from Iwo Jima (2006)

Какво филмиште, едноставно предобро. Филм за битката за Iwo Jima, ама од јапонска перспектива. Мислам дека некој го знае филмов, имав читано две три мислења за филмов па по тоа сфатив дека поголемиот дел не сте го гледале, затоа еве препорака и од мене да го гледате. Скоро целиот филм е на јапонски, актерите претпоставувам ќе ви се проблем гледајќи по тоа како се изјаснивте за мојот предлог во клубот, ама соберете сили бидејќи вреди за филмов.
Исто така може да го погледнете и Flags of Our Fathers каде се работи за истата битка ама од американска гледна точка.

Клинт Иствуд. :cuc:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Transsiberian (2008)

Еден од подобрите филмови кои сум ги гледал во последно време, без глупи сцени, без непотребни работи кои го прават филмот подолг и подосаден.
Рој и Џеси, американска двојка која се враќа со воз од Пекинг за Москва налетуваат на други дечко и девојка во нивното купе кои ќе им го направат патување не толку убаво.
Шверцување дрога, убиство, руски инспектори, убавините на Сибир, се дел од филмов кој привлекува внимание.
 
B

beaverknight

Гостин
Mustang (2015)

Не очекував ништо од филмов коа почнав да го гледам. Приказна за пет девојки, сестри, кои остануваат без родители, живеејќи под строги правила. Лоциран е во село во Турција. Се става акцент на договорените бракови кои ги прават нивните роднини. Конекцијата која ја имаат помеѓу себе е преубава, емоциите се ептен доловени.
Начинот на кој завршува филмот е одличен, подобрите краеви во скоро време. Еден од подобрите филмови што сум ги гледал во последно време (најверојатно најдобриот Европски филм). Дефинитивно вреди да се изгледа.
9/10
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Miracles - Mr. Canton and Lady Rose(1989)

Дефинитивно ако сакате да го пополните слободното време е со овој филм. И така е изгор надвор, па после работа ако имате слободно време и не знаете што да правите, симнете си го филмов или најдете го онлајн.
Нормално не може да помине кинески филм без Џеки Чен, па така и овој. Чен е во улога на човек кој останува без пари, дојден од село во големиот град. Тука налетува на една жена што продава цвеќиња и која го тера да купи бидејќи ќе му донеле среќа. Откако ја послушува, животот му добива нов правец, налетува на пресметка меѓу две банди каде водачот од едната пред да умре го прогласува за негов наследник. Од тука почнува целата таа комедија во филмов, знаете кинези ко кинези мене секогаш смешни ми биле со тие нивни фаци.
Сепак, за тепање време и смеење одличен е.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
Double Indemnity (1944)

Веројатно сите го имате изгледано. Сепак се работи за класик. Но ете може некој го нема гледано, па овој предлог ќе го привлече да го изгледа. Се работи за must watch филм. Татко кога е во прашање Драма/Трилер жанрот. И иако се работи за ноар од 1944 година, е филм кој го издржал тестот на времето. Па доколку имате аверзија кон стари филмови, воопшто да не ве колеба црно белата снимка. Дајте му шанса. Од мене доби висока 9, а гледам и останатите на летер му имаат дадено висока оцена. Ќе ве остави без здив, како возење на ролекостер.

Плот:

Се работи за еден продавач на осигурување, од оние кои одат од врата на врата. Во една куќа ја запознава жената на еден долгогодишен муштерија. Како маж не успева да одолее на нејзиниот шарм и се заљубува во неа на прв поглед. Набрзо стануваат љубовници и скришум се гледаат. Да се ослободи од стегите на нејзиниот маж, а при тоа да заработат и добра свота пари од осигурителната куќа, му предложува да го убијат. Го прифаќа нејзиниот предлог и играта започнува.




 
Член од
29 јуни 2017
Мислења
1.996
Поени од реакции
10.234
The Founder
http://www.imdb.com/title/tt4276820/

Одличен филм. Приказната го следи продавачот што работи "од-врата-до-врата" Реј Крок, и неговата приказна како полека полека го превзел најпознатиот бренд на денешницава за брза храна "McDonalds" од оригиналните поседувачи. И како го направил светски бренд кој денес постои во многу држави низ целиот свет.

На крај ве остава со мислата дека нема ни трошка морал, но сепак "business is business....".

(Можно е некој да го објавил ова претходно, немам време да ги прелистувам сите страници xD )
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Shinjuku Incident (2009)

Филм за борбата меѓу кинезите во Јапонија, јапонската мафија и јапонската полиција. Интересно склопена приказна за издигнувањето на кинезите во Јапонија и нивниот пад, истото важи и за јакузите кои во потрага по моќ и пари ќе наидат на проблеми.

Вреди да се одвои време за филмов, плус нема да е измешано, се познаваат ликовите.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Letters from Iwo Jima (2006)

Какво филмиште, едноставно предобро. Филм за битката за Iwo Jima, ама од јапонска перспектива. Мислам дека некој го знае филмов, имав читано две три мислења за филмов па по тоа сфатив дека поголемиот дел не сте го гледале, затоа еве препорака и од мене да го гледате. Скоро целиот филм е на јапонски, актерите претпоставувам ќе ви се проблем гледајќи по тоа како се изјаснивте за мојот предлог во клубот, ама соберете сили бидејќи вреди за филмов.
Исто така може да го погледнете и Flags of Our Fathers каде се работи за истата битка ама од американска гледна точка.

Клинт Иствуд. :cuc:
Flags повеќе зборува за машинеријата на државната воена пропаганда и како таа ги искористува војниците од фронтот. Но, има и за битката.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Cracks (2009)

Одлично филмче. Го начекав на Синеманија и од старт ми го привлече вниманието. Девојче од Шпанија се приклучува во елитен женски англиски интернат и во екипата за скокови во вода, некаде во 30-40-50 години, не го фатив баш точниот период. Ева Грин ја толкува Мис Џи, главната професорка задолжена за девојките и е брилијантна како и секогаш. Не е воопшто ни тинејџерска, ниту женска ром-ком лимонада, доста озбилен и кинематографски одлично сработен, прекрасни кадри од англиската природа имаше. Топла препорака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom