Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Нека тужи ако е лага.Шеф на кабинет е не е заебанција.И што си запнал за грешки од типот на Сојузна или Социјалистичка,или нивни веб страни.Пред некој ден се вртеше на 24вести како Заев повторно барал оставка од Заев.
Не е тоа поентата,поентата е дали е вистина дека извршила проневера или не и дали лежела во затвор.Каде е да демантира?Или уште мисли дека е во опозиција.
Во 2 реченици, 4 невистини.
Сојузна република Македонија - никогаш не постоела
Казнен закон - не постои единствено има Кривичен закон
член 177 во тој закон не постои
веб страна на штипски окружен суд - не постои

Судијата да не се викаше Хари Потер....
 
Да ама имало 6 милиона и он одма исплаќа субвенции, стипендии и такви не итни расходи. Ова не треба да се дозволи кога имаме толкав долг. Како ни бесплатни возења за пензионери, студенти, возови (замисли овие штрајкуваат а некои се возат бес пари), бански лекувања, субвенции за се и сешто-многу нечесно и ги зимаат со разни измени, да се послужам со една изрека ние немаме за леб а купуваме чоколади. Мора да се стегне ременот колку и да е тоа непопуларна опција.
Како бе не се итни расходи исплатата на субвенции? Има луѓе кои живеат од нив, колку пати излегуваа и молеа да им се исплатат оти неможат да ја започнат новата житна сезона?
 
Како бе не се итни расходи исплатата на субвенции? Има луѓе кои живеат од нив, колку пати излегуваа и молеа да им се исплатат оти неможат да ја започнат новата житна сезона?
Како се живееше пред 2006та без субвенции, треба земјоделците да се освестат и потребни се поголеми пазарни реформи, не да се потпираш на буџетот за се и сешто секаде во свет се даваат субвенции за промоција на некои нови работи не само земјоделие но не 11 години по ред, како дупка без дно.
 
Баш дека сами се рушат треба да ги отстранат што побрзо, да не ги оставаме сами да се рушат. Некои може и да не се рушат самите.
и то шо велиш, утре грујо ќе вели дека негова заслуга се и уривањето на фасадите и спомениците, дека тоа е дело на неговата влада ако ги остаиме сами да се урнат
 
Заев беше многу сигурен и оптимистичен за членството во НАТО, веројатно оние кои му помагаа овие 2-3 години му имаат дадено некои силни гаранции, а како што самиот кажа мора да се искористи геополитичкиот момент. 2017 не е 2008, Грција не е истата силна Грција, ЕУ и САД се решени да го ја пополнат балканската црна дупка за да го спречат силното руско продирање во последно време, успешно го направија тоа со заокружување на јадранот под НАТО команда со Ц.Гора и сега целосно ќе се посветат на Македонија, па едина црна дупка во овие простори ќе остане „небескиот народ“ .
 
Кога веќе се даваат субвенции, нека се даваат за развој на ИТ секторот, како Србија што даваше и Бугарија мислам, многу фирми имаат таму. Знаеш што може да се направи со 200мил :shook: евра годишно во тој сектор, може државата да има многу придобивки па и самите граѓани, зошто да немаме Убисофт Скопје, ЕА Битола, Рокстар Охрид и слично. Овака од субвенции за земјоделци не гледам некој поврат на тие пари или РОИ, сега нека ме поправи некој ако има повеќе искуство и знаење на тоа поле, но државата нема никаква корист од тие субвенции, освен да го одржува во вода нефункционалното земјоделство, замисли чекале пари да засадат жито. Тоа треба да се искорени целосно, ни во најголемите комунистички земји го нема ова, не пак во капиталистички-пазарни економии.
 
Во 2 реченици, 4 невистини.
Сојузна република Македонија - никогаш не постоела
Казнен закон - не постои единствено има Кривичен закон
член 177 во тој закон не постои
веб страна на штипски окружен суд - не постои

Судијата да не се викаше Хари Потер....
Најди демант од доточната госпоѓа.
 
Заев беше многу сигурен и оптимистичен за членството во НАТО, веројатно оние кои му помагаа овие 2-3 години му имаат дадено некои силни гаранции, а како што самиот кажа мора да се искористи геополитичкиот момент. 2017 не е 2008, Грција не е истата силна Грција, ЕУ и САД се решени да го ја пополнат балканската црна дупка за да го спречат силното руско продирање во последно време, успешно го направија тоа со заокружување на јадранот под НАТО команда со Ц.Гора и сега целосно ќе се посветат на Македонија, па едина црна дупка во овие простори ќе остане „небескиот народ“ .
Искрено, јас сум оптимист дека во наредниве 2 години (максимум 3) ќе влеземе во НАТО под привремената референција, која впрочем ја користиме во ООН веќе 24 години.
 
Искрено, јас сум оптимист дека во наредниве 2 години (максимум 3) ќе влеземе во НАТО под привремената референција, која впрочем ја користиме во ООН веќе 24 години.

Ако не се случат некои нови потреси на домашен или меѓународен план, мислам дека догодина ќе биде завршена таа работа.
 
Најмногу ветуваше конфискација, ќе видиме...
 
Нема амнестија милион пати повтори. Ако случајно има да знае дека му пресудиле тие кои ги почнаа протестите.
 
Ако не се случат некои нови потреси на домашен или меѓународен план, мислам дека догодина ќе биде завршена таа работа.
Мора целосно да се смени името и веднаш преговори, како и менување на историските книги, не треба да се занесуваме со Хеленистичкиот карактер на МК, било кое име ќе е добро, не се потресувам многу за тоа. Исто така и не треба толку тврд став према БГ мора да има заеднички празнувања на хероите. Тоа е единствен пат за оваа земја за економски просперитет.
 
Znaat li ovie za shto protestiraat?

 
Кога веќе се даваат субвенции, нека се даваат за развој на ИТ секторот, како Србија што даваше и Бугарија мислам, многу фирми имаат таму. Знаеш што може да се направи со 200мил :shook: евра годишно во тој сектор, може државата да има многу придобивки па и самите граѓани, зошто да немаме Убисофт Скопје, ЕА Битола, Рокстар Охрид и слично. Овака од субвенции за земјоделци не гледам некој поврат на тие пари или РОИ, сега нека ме поправи некој ако има повеќе искуство и знаење на тоа поле, но државата нема никаква корист од тие субвенции, освен да го одржува во вода нефункционалното земјоделство, замисли чекале пари да засадат жито. Тоа треба да се искорени целосно, ни во најголемите комунистички земји го нема ова, не пак во капиталистички-пазарни економии.
Мислам дека поентата со субенциите беше да се потикне и подобри земјоделството и да се почне со сериозен пласман на производите на странските пазари како здрава и органска храна.
Но подалеку од Зелено пазарче и Битпазар не ни стигнаа.Нормално и државата е крива барем да се потрудеше малце и пласман на производите да им најдеше не ќе беше лошо.
Добра идеа е субвенции за ИТ сектор,ако се земе во предвид колку млади и високообразовани ја имаат напуштено државата кои на било кој начин се поврзани со ИТ доаѓаме до огромен процент на вкупно одселени.
Туризмот и воената индустрија се одлична шанса за профит.И тука може малце повеќе државата да го одврзе ќесето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom