Бидејќи не ти е јасно што сум напишал еве да повторам.
Тој твој генерал има капацитет само да клима со глава и е производ на принципот „гледај тупо однесувај се глупо и ќе станеш генерал“.
Стратфор, те молам немој тоа е исто како да аргументираш со, зар не си го гледал Рамбо, мамето им ..., тој стратфор служи единствено за да промовира нечии планови, погоди чии, преку всадување на идеи во главите на редикулите кои потоа се држат до тоа како слеп за...! Так. Опер. Стратег. сите содржат и се темелат на сл. елементи простор, време, и ресурси - само што оваа последната опфаќа и географија па економска географија и политика а се игра со помош на шах, туку зошто ме наведе да пишвам за ова ќе ме казнуваат.
Според твоите тези, инаку ништо повеќе и не може да се очекува кога се темелат на либертас и слични опскурни тнр медиуми, има два колосека НЕ, не е точно, има ТРИ тоа е оној што ти не го знаеш не го сакаш и не го прифаќаш а се вика Македонски колосек. Другата работа околу која никогаш нема да се сложиме е тоа што ти пропагираш да им се приклучиме на насилниците (еден тепа друг ти му се приклучуваш па убиете бога во него а тоа го правиш само заради тоа да ти самиот не бидеш тепан и затоа што немаш достоинство), па сега со тие исти низ светот им утеруваме демонкратија на Ирачаните и каде веќе има потреба да се чистат клозети.
Со Русија имаме и сме имале културни врски дали ќе се развиваат и во други свери не зависи само од нас, па тоа е држава која има 12 часовни зони, ресурси како ниту една друга држава, интереси темелени на 800 годишно постоење. Зарем очекуваш Русија сега одеднаш да ги прекине сите поранешни врски и релации со другите само затоа што тебе или мене во моментив ни се допаѓа? Јас би сакал тие врски да се и подлабоки и поразгранети, ама кога кај нас постојат корисни идиоти кои се повеќе подготвени да го плаќаат плинот кој оди преку Дојчландија на место да минува плиновод преку Македонија па тие нам да ни плаќат такси ама тоа никако не се вклопува во слугански менталитет, и сега нормално Русија ни е крива.
Инаку аватарот е Големиот и семоќниот Император Владимир Путин а е ставен само за да ги тртам овие кои ги полнат гаќите само од неговата слика.
Прво вака сериозен, објективен и информиран дебатер како што си ти, употребата на човеиња што се тркалаат, прави ерозија на вистинската вредност на напишаното
Натаму, јас знам што си напишал, а ти си реплицирал на те нане, како по обичај, тоа што ти сега го пишуваш, во некоја по реалистична верзија, од временска дистанца кога било издржано, сум го пишувал јас. Не знам дали виде дека Црна Гаро е членка на НАТО покрај Руските милијарди. Треба да знаеш што тоа значи. Балканската 4ка е мртва. Со тоа може да се каже и Руските интереси на Балканот. Pinzer movement.
Не само прочитано, апсолвирано и сублимирано, со чекор понапред, како државен систем базиран на партиски кронизам може да изведе геополитички маневар и да преживее? Еве пример ако имаме ние такво нешто, како гледаш ти да се реалзира тоа дај озбилно? Е сеа, трет пат нема, има два, Евроатлански и таа фамозна Б4 која е сега мртва, неутралност некој геостратешки еквилибриум кој сега е неиздржан, трет пат нема, немој Мирка биди сериозен.И таа го плука Џорџ Фридман кога го фали НАТО, а пак она го фали него кога вели дека доаѓа до ерозија на ЕУ, не оди тоа така.Јас читам анализи на Стратфор и на Спутник...ок?
Веста која ја постирав од Либертас е автентична и лесно може да се потврди, кај е бегалскиот камп?
Е сеа, ако евентуално МКД државен апарат се обиде да направи некое геостратешко менување колосек (се срамам што го пишувам ова ама ајде, sake of argument) како Јужен тек или Еден појас, Еден пат ќе ги помести за почеток Руските ставови по однос на МКД-СРБ односи и отворени прашања?
Исто се однесува на МКД-ГР и МКД-БГ отворени прашања.
На таа маса единствено победуваат аргументите, а поголем аргумент од сопствените интереси нема, каде сме ние во поглед на соседите по однос на ова прашање? Нормално во очите на големите играчи.
Водењето купи ден помини политика?
Државен систем резултат на кронизам?
Ти напишав, ако сме имале таков сситем немаше да се соочуваме со најгорливите проблеми моментално, а кога една СФРЈ со таков систем, режим беше размонтирана, ептен ми си оптимист, алал вера.
Како Македонци и не сме имале некои односи со Русија, нажалост, е сега како т.н антиквизација ги помогна тие пансловенски однсои не знам, освен ако беше целта продлабочување на проблемите со елените, а со тоа некој обид за геостратешко поместување...може, ама пак после Црна Гора во НАТО, не глеам можност. И не случајно беше брзопотезно решена.
И сега каде стигнавме, дај кажи кој е тој Македонски пат, исцртај ги контурите, накратко, како едно мултиетничко опшество ќе се хармонизира не антагонизира по тој пат? Каде е тука развојот, економијата и сл, формиран беше Руско-Турски инвестициски фонд, еве објасни и милијарда долари, евра сеедно инвестиција како тоа ќе влијае во коруптивен систем? Велат дупната вреќа...така?
И стигнавме до Русија, и Мајорот, е сеа јас го поштовам ептен пошто ја воскресна, ама наметнато е прашањето што ќе се случи после идолопоклонството кон него, а него го нема? Звучи познато? САД имаат естаблишмент, еве Трамп дојде па фрчеа томахавки накај Сирија, ќе дојде друг, драстично поместување на национални интереси нема да има пак, поентата ја фаќаш така?
Инаку и кај се создавање таков мит на идолопоклонство, сличен модус операнди, соодветно на поднебјето во поефтина бајаги верзија. Ама пак, тертипот ист.
И сеа шу праиме?
П.С Авторот на Големата шаховска табла замина ред некоја недела, макар шо Балканот никогаш не му бил во фокусот, близок до Демократите, е сеа тука тура направи Џон МекКејн, она што Нимиц го практикува во преговорите со грчињата е т.н Шатл дипломатија, концепт на Кисинџер применет на Блискиот Исток во тамошни преговори, близок на Републиканците, кои пак не се баш така остри кон Русија како демократите...чисто онака.
Б4ка е мртва без излез на отворено море, како го гледаш најтешкиот пат во 2017г?