Нагласив дека не е мое мислење и тоа со поголеми букви, не знам како да ти нацртам, не се прави наудрен. Уште еднаш, ако не ти е јасно, во оваа линија на размислување која ти ревносно ја подржуваше ги пародирам/парафразирам ботот Конески кој упорно верглаше на Телма со тоа, НЕЛИ, да се разбереме, сите сме против насилството, АМА..., твојот лидер Груевски, ГДОМците кои го опеваа и романтизираа насилството и тн. Аман бе, месец нема, одеднаш заборавивте што се случи пред еден месец, или тие стоките што тепаа у собрание беа НАРОДОТ и за нив беше оправдано да си ја земаат правдата во своја рака, онака како тие што ја толкуваат, ама сега кога некој друг ќе го направи тоа не било во ред? Тогаш ликувавте и ги правевте херои тие што одлучиле да делат правда на своја рака (или статива од камера) сега одеднаш не е во ред.
Јас никаде не реков дека го браниш (не знам дали си го бранел или не), ниту во ниеден случај го оправдувам тоа што го направил дедото на Тамара, без разлика како се чувствувал. Од друга страна, да беше обратна ситуацијата, вашата реакција ќе беше многу слична на тој пасус што го напишав... не беше ни иронија пошто нагласив дека јас не размислувам така, туку таквите ко тебе. Дури овде го браневте тој дедото што ја тегнеше Шеќеринска за коса и измислувавте дека има загинат син во Вејце. Сега пак бесрамно го препишувате обидот за убиство како вина на СДСМ и новата влада. Ако веќе обвинувате за поттик, барајте го кај оние што ги охрабруваа обичните луѓе да земат самите да делат правда и судот кој што ги ослободи преку смешни пресуди. Тие го направија тој преседан, после тоа секој што ќе се обиде убиство да направи треба да помине со условна ако се покае за тоа. Впрочем, нели правдата треба да е иста за сите, хм?
Можеби неговиот адвокат ќе ги искористи баш тие примери, човекот ќе си се покае и ќе си помине исто. Во ред ќе биде тоа? Не знам дали некој може да го надмине вашето ниво на лицемерие. Како не ви се смачи со денови, месеци, години да не убедувате дека во таа пропаганднa реалност на вмровската машинерија. Барем да беше нешто софистицирана, перфидна, па да имаше простор за некаква конструктивна критика против, ама ви е апсолутно простачка, на најдолно ниво и шизофрено неконзистентна во секој поглед. Добро е што се срамиш дека си вмровец и пробуваш да се дистанцираш, ама тоа не го прави помалку видливо твоето апологетство. Немој да ми глумиш овде пародирам/парафразирам свесен објективен неутралец кој ги гледа работите од повисоко, бидејќи не си. Уште пожално е ако не можеш да го видиш тоа, а на многу овде ни е јасно.