- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.269
- Поени од реакции
- 8.646
Не е истата дупка. Оваа метафорава со дупката е најобична, најпроѕирна релативизација. Како побогу моменталното СДСМ и ДПМНЕ од последните 10-12 години е истата дупка?Тоа не е политичка неписменост, туку најверојтно некаков општествен синдром ("луд граѓанин" ли, јебем ли га како ќе го наречат), некоја колективна болест односно илузија (дефинитивно ќе бидеме предмет на проучувања). Неколку пати да паднеш во истата дупка и наредниот пат пак да си речеш "Ајде, ова е тоа, верувам дека овојпат ќе успеам да поминам со затворени очи по истиот пат, на истото место, и дека нема да паднам." Тоа не е неписменост.
Предвремени парламентарни избори ќе има секако.
Не заради тоа што Груевски се надевал, или така кажал видовити Стојан, а поради тоа што ова е најслабата и најнестабилна влада во досегашната историја на Македонија. Оваа влада предизвика нестабилност и хаос за да ја приграби власта (не се опишува со други зборови рушењето на сите правни и морални принципи од нивна страна), и две години нема да им се доволно само за да ја стабилизираат ситуацијата, а не пак да постигнат нешто позначајно.
Тоа е едно, друго е што албанските етнички партии ќе бидат тие коишто ќе побараат и ќе успеат да издејствуваат да се одржат побрзо нови парламентарни избори.
За да го избегне Зајко таквиот развој на настаните ќе треба да им ги исполнува сите желби како на мали деца, а доколку им тргне по умот, е тогаш ќе има повторување на тоа што се случуваше претходниве година дена.
Ама џабе е. Со вакви телетабиси и куро*ушачи за ситна пара како што се 90% од македончињата и секој месец да се одржуваат избори пак нема ништо подобро да се избере.
И една забелешка до тебе, колку и да натрупаш содржина во коментарот, излитени и евтини релативизации лесно се препознаваат. Не постои еден единствен аргумент во доменот на рационалното што говори во прилог на сегашното ДПМНЕ.
А за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори за една или две години, не можеме да знаеме. Во моментов само на Грујо и на тие другите околу него што им виси затвор над глава им одговараат брзи предвремени парламентари избори, не поради тоа што е 'најнестабилната влада', па од некоја конструктивна причина ДПМНЕ бараат предвремени избори, туку за да купат време. Затоа деновиве агресивно се турка пропаганда од страна на вмровските медиуми за 'некомпетентноста' на кадрите во новата влада, Грујо пробува да го зајакне незадоволството кај јавноста, ама не му оди. Ахмети и ДУИ најавија дека сакаат да истуркаат четиригодишен мандат.