Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Можеле Хазби Лика да го стават барем директор на центарот за управување со кризи. Таму тој има најголемо искуство.

Кои ликови ќе прават реформи, не ми се верува.
Поарно Бранко да го врателе, еј. Повеќе шанси има. :pos::pos::facepalm:

Добредојдовте на Грујовизија - втор дел.
Салонот за стрижење "Преродба" си го промени името во "Нов Живот", но повторно е на старата адреса и во полн состав. Ајде овци, навалете.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
не берите гајле, ќе се врати грујо ќе ја ослободи Македонија

ај сега одите во некое ќоше и плачете
Грујо може од некоја плажа сеири да гледа
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.674
Поени од реакции
28.097
Мислам дека последниов период и кај Грците има поволна клима и простор со изговорот "стабилност на Балканот" да бидеме примени во НАТО под привремената референца.
Има силна наклонетост кон оваа влада од сите западни сојузници, Димитров добро стои со многу од нив исто и Шеќеринска, така да би требало/мора да има придвижување на ова поле.

Грците уште во 2007 година пред самитот во Букурешт беа спремни да ја голтнат кнедлата и да не примат под референцата, ама тогаш почнавме да именуваме со Аце Велики од селска чешма па до аеродром.

Интересно е што периодов и на поле на ЕУ има придвижување. Посебно поради Могерини што ја бутка идејата за интеграција на западен балкан и ги притиска сиве балкански политичари сериозно да се фатат за работа и реформи.
Тоа се гледа бидејќи често збори за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, што не беше случај со нејзините претходници кои воопшто не се мафтаа со нас и нашиве комшии.
Само за да се оствари нешто како отпочнување на преговори, треба сериозни реформи, соработка и лобирање со сите земји, а не како до сега што им беше пракса на груевци, да изиграваме калкуланти за ќарување на некој ситен политички поен за дома со селски фори.
Димитрoв и Шеќеринскa дoбрo стoеле сo зaпaдњaците?Грчкa oдлучувaлa дaли Мaкедoнијa у нaтo ќе влеглa?Мoгерини ке гo прoтнелa зaпaден бaлкaн у Еврoпa?Пa тие се фигури бре кoј нa тие ке им дoзвoли дa oдлучувaaт?
Тие нa светoв пoстoјaт дa кaжувaaт штo ке им се кaже.Дa не беше Буш нa крaј нa мaндaт и ние у Нaтo ке бевме
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Ова во Германија така? Таму кај што се пресели? :pos:
Од каде сакаш од таму,ама моментално сум во Македонија

Пукни од мака
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.859
Поени од реакции
14.050
Дуи сите министри им се идеш под мач. Алијанса Таравари не знам од кај го извадија ама сосема океј кандидат за министер е. Ако ништо друга тоа му е струката.

Иначе заради побрза интеграција во ЕУ (2020) и НАТО (2018) очекувајте мењање на имиња на автопатот, аеродромот, стадионот и уште пар идиотски преименувања на вмроидиве. Што е до мене и коњот со воин би им го поклонил. Бем ти античка историја ако пропаѓа државата.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.181
Поени од реакции
8.503
Дуи сите министри им се идеш под мач. Алијанса Таравари не знам од кај го извадија ама сосема океј кандидат за министер е. Ако ништо друга тоа му е струката.

Иначе заради побрза интеграција во ЕУ (2020) и НАТО (2018) очекувајте мењање на имиња на автопатот, аеродромот, стадионот и уште пар идиотски преименувања на вмроидиве. Што е до мене и коњот со воин би им го поклонил. Бем ти античка историја ако пропаѓа државата.
Ma mozes ti i nesto poveke od toa,t.e ne samo ti, mozete komplet da im se napucite na grcite, tamam onaka po grcki.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
357
Поени од реакции
450
Пустите Рената и Рада ќе мораат (de facto) две министерства во исто време да водат. :D Едната и за образование и за правда, а другава за одбрана и за евроинтеграции (јест да можеби Османи е најсаглам од сите министри на дуи, ама пак, сметам дека не е доволно упатен во таа дејност).

Што се однесува за идните министри, едно големо :cuc: за Тевдовски, Дескоска, Димитров и Шекеринска. За МВР мислам подобро ќе беше Ременски да го води, ама сепак со оглед на тоа што Спасовски веќе ја знае ситуацијата таму, можеби и не е така лошо решение, колку за деинстализација на ВМРО-МВРО. Мислам дека најдобро би било на локалните он и Манчевски да ги кандидираат за градоначалници на Куманово и Скопје, а на нивно место да седнат Ременски и Димова/Кирацоски.

Мила Царевска ја знам, инаку од невладини е, работи во области за социјална сигурност и заштита, има завршено социјална правда на Филозофски. Мислам дека би можела добро да се снајде во таа област. Сугаревски како пратеник беше супер, затоа и Заев уште пред изборите кажа дека го планира за извршната власт, па да се надеваме дека ќе биде и ок како министер.

За министрите на дуи NO COMMENT:popce: Освен овој што беше еднаш за земјоделство, другите како од улица да ги собрале. Јасно ми е дека овие ресори највеќе ќе ги водат замениците, поточно државните секретари, затоа што фактички тие највеќе ги извршуваат сите суштествени работи во секое министерство, ама пак бе, од која дупка ги извадија.:facepalm: Ни трага и глас од Арифи, Бејта, Меџити, Бесими. Арифи наместо да си го обели образот и да стане вицепремиер за евроинтеграции, Аљи и наредил да остане градоначалничка (чисто сумњам и дека ќе биде реизбрана по толку негативни критики).

Што се однесува за ЕУ, каква 2020 не заебавајте, знаете ли колку е долг тој процес, дури и под такви олеснителни околности кои ги најави Могерини. Прво треба да започнеме со скрининг процес кој трае од 8-12 месеци, потоа првите поглавја најрано можеме да ги отвориме крајот на 2018/почеток на 2019 под услов да имаме голем, ама ептен голем напредок, преговорите траат потоа отприлика 4-5 години, па следува ратификација од земјите членки, па референдумите, така да во идеални услови членка на ЕУ би можеле да бидеме најрано 2023/2024 под услов се' да тече без проблем.

За НАТО тој процес може да се одвива побрзо, но и тој процес ќе треба малку да потрае (ратификациите некои поситни домашни реформи), но до крајот на овој мандат на оваа влада би можеле да влеземе.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Zaev samo slusha shto ke mu poracha megjunarodnata...Nikogo Zaev ne zauzduva, a ova iskren i transparenten e vic neli?
Dovolno e da slusha sto ke mu se kaze i ke se sredime mnogu brzo.
Inaku da, Zaev gi zauzduva i nikako nema da gi imaat slobodite kako sto gi imaa so DPMNE. Albancite dokazaa deka se mnogu porazumni i poracionalni i deka nema mesto za nacionalizam kaj niv, za razlika od nas t.e del od nas, Makedonicte. Ako prodolzi da raboti Zajche, nasiot Spasitel, po instrukcii od Zapad, ubeden sum deka podrskata od Albancite ke raste vrtoglavo. I zemajki go vo predvid nivniot momentalen mindset za pravdina, za ekonomski reformi, stabilnost itn. za mandat ili dva so Zajche, spasitelot nas na chelo, nikoj od niv - Albancite nema da se secava na menjanje himni, pari, redefiniranje i raznorazni gluposti koi sega im gi nudat nekoi nivni politicki partii - BESA na pr.
No prvin, mora da ima zatvor za ovaa kriminalna bagra vo zaminuvanje. Mora. Bez zatvor, se padja u voda. Mislam deka i naredbodavachite na Zajche se svesni za toa i ke idat do kraj.
 
Последно уредено:

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Пустите Рената и Рада ќе мораат (de facto) две министерства во исто време да водат. :D Едната и за образование и за правда, а другава за одбрана и за евроинтеграции (јест да можеби Османи е најсаглам од сите министри на дуи, ама пак, сметам дека не е доволно упатен во таа дејност).
Амииии...


Груевски и Османи во криминален тендер со вишок од 28 милиони евра
Реакција на денешните јавни настапи на министерот за здравство Бујар Османи


Почитувани,

Нервозата на министерот за здравство е повеќе од очигледна. Не знаеме дали тоа е резултат на фактот дека е фатен на дело или заради тоа што Груевски го остави Османи да се брани сам, па тој дури денес сфати дека е жртвено јагне во криминалниот тендер каде вишок се неверојатни 28 милиони евра, народни пари.

Патем, Бујар Османи е министер за здравство од редовите на ДУИ, политичката партија која во последните 8 години, цели 6 години е на власт. Затоа кога панично се брани дека со криминалната набавка на медицинска опрема е првиот министер кој после неколку децении инвестира во здравството, претпоставуваме дека во ист кош ги става и ги критикува и своите партиски колеги, поранешни министри за здравство.

Вакви емотивни јавни настапи на Бујар Османи се веќе видена работа. Јавноста ги памети неговите прес конференции кога јалово се обидуваше да одбрани една друга криминална јавна набавка во неговиот ресор, вакцините. Тој повторно заедно со Груевски со народни пари набави вакцини по убедливо најскапа цена. Во Македонија вакцините беа платени по 9,3 евра, додека за истите вакцини Мексико, Шведска или Велика Британија платија 5,6 евра или 4,5 евра помалку. Се разбира сеуште немаме одговор во чии џебови заврши разликата од 2 до 4 милиони евра.

Кога веќе упорно говори за некаква “разлика помеѓу Мерцедес и Фиќо“, го повикуваме Бујар Османи заедно со неговиот бизнис шеф Никола Груевски јавно да им одговорат на граѓаните зошто производителите на медицинската опрема “General Electrics“ и “Siemens“ како директни понудувачи се повлекле од тендерот и заради тоа медицинската опрема ја плаќаме за 60 до 100 % поскапо и ја набавуваме од трговската фирма посредник “Simed Internacional“.

Дали вистинската причина за нивното откажување од тендерот е тоа што овие гиганти не сакаат да им биде оцрнето нивното име за давање поткуп во криминалниот тендер во режија на Груевски, Османи и ВМРО ДПМНЕ ?



ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА


четврток, 25 февруари 2010

http://arhiva.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=&articleId=3653
Одамна била 2010 год... сигурно делото застарело досега (y)

Можеле Хазби Лика да го стават барем директор на центарот за управување со кризи. Таму тој има најголемо искуство.

Кои ликови ќе прават реформи, не ми се верува.
Поарно Бранко да го врателе, еј. Повеќе шанси има. :pos::pos::facepalm:

Добредојдовте на Грујовизија - втор дел.
Салонот за стрижење "Преродба" си го промени името во "Нов Живот", но повторно е на старата адреса и во полн состав. Ајде овци, навалете.
Стар познаник е Хазби Лика... во 2003 беше заменик во МВР, директно од планина симнат! Ама нејсе... амнестиран е за то... и најмалце е битно оти Бранко е крив и „ама ВМРО - Талат“...



Да се префрлиме малку на финансискиот дел...

Хазби Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра

Десетици тетовски фирми ја тужат општината и бараат наплата врз основа на договорите што ги потпишувал поранешниот градоначалник




upload_2017-5-29_4-30-31.gif

Хазби Лика, поранешниот градоначалник на општината Тетово, ја оштетил градската каса за три милиони евра, дознаваме од извори во општината. Десетици фирми ја тужат општината и судски побарале надомест на штета врз основа на договори што ги потпишувал поранешниот градоначалник Лика. Сади Беџети, актуелниот градоначалник на Тетово, ги потврдува информациите и вели дека постои опасност наскоро да биде блокирана општинската сметка, а вработените да останат без плати.

- Лика потпишувал договори со многу фирми за најразлични услуги. За околу 1,5 милиони евра долг постојат документи, но другите пари никаде не се регистрирани. Веќе имаме судска постапка, која е при крај и за која ќе се донесе одлука за присилна наплата на долгот. Станува збор за еден милион евра на фирмата „Бакоп“, која била ангажирана за проекти за градежништво и за расчистување на отпадот. Тоа значи дека ќе биде блокирана општинската каса, а вработените нема да може да добиваат плата - вели Беџети.

Хазби Лика вчера не беше достапен за коментар, а од неговата партија ДУИ не сакаа да ги коментираат ваквите информации.

Во јавноста веќе подолго време има препукувања на релацијата ДУИ - Сади Беџети, новоизбраниот тетовски градоначалник, кој беше предложен и поддржан од ДПА. ДУИ за време на кампањата од локалните избори го обвинија Беџети дека како ректор на тетовскиот универзитет проневерил 300.000 евра од касата на универзитетот. Минатиот месец, пак, Владата по поднесените извештаи од финансиската полиција, државниот просветен инспекторат и Државниот инспекторат за труд заклучи дека Сади Беџети како ректор на ДУТ злоупотребил околу 300 илјади евра од сметката на универзитетот. Според наодот на инспекторите, најголем дел пари биле префрлени на сметката на ресторани во сопственост на семејството на Беџети. Тој ги демантираше овие информации и ја обвини владејачката ДУИ дека водела валкана игра против него затоа што го загубила градоначалничкото место во Тетово.

http://archive.li/8ez20#selection-417.0-417.58
Ако ја оштетил општинската каса за 3 милиончиња, прашање е за колку ќе ја оштети државната... можи и наградна игра да организираме за ова!

Кочо Анѓушев... е то е веќе приказна сама за себе! Ништо не објаснувам јас, зошто Фокус уште во 2012 год. се објасни!

Наместо да градат централи, груевци потрошија милијарда долари за увоз на струја!

http://fokus.mk/namesto-da-gradat-tsentrali-gruevtsi-potroshija-milijarda-dolari-za-uvoz-na-struja/

Епа дечки честито живот без криминал и корупција... и ви пожелувам 4 години да си истерате и за убаво да се гледаме под ново мото „за сеир во Македонија“ :tvg:
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Полека со тие прикаски ЕУ, нато. Не се палете ко петел у кокошарник. Се знае што треба да се направи првин па да се влезе таму. Промена на името на државата, нацијата и јазикот. Ако некој од вас е спремен за такво нешто, тоа е друг муабет.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom