Пустите Рената и Рада ќе мораат (de facto) две министерства во исто време да водат.
Едната и за образование и за правда, а другава за одбрана и за евроинтеграции (јест да можеби Османи е најсаглам од сите министри на дуи, ама пак, сметам дека не е доволно упатен во таа дејност).
Што се однесува за идните министри, едно големо
за Тевдовски, Дескоска, Димитров и Шекеринска. За МВР мислам подобро ќе беше Ременски да го води, ама сепак со оглед на тоа што Спасовски веќе ја знае ситуацијата таму, можеби и не е така лошо решение, колку за деинстализација на ВМРО-МВРО. Мислам дека најдобро би било на локалните он и Манчевски да ги кандидираат за градоначалници на Куманово и Скопје, а на нивно место да седнат Ременски и Димова/Кирацоски.
Мила Царевска ја знам, инаку од невладини е, работи во области за социјална сигурност и заштита, има завршено социјална правда на Филозофски. Мислам дека би можела добро да се снајде во таа област. Сугаревски како пратеник беше супер, затоа и Заев уште пред изборите кажа дека го планира за извршната власт, па да се надеваме дека ќе биде и ок како министер.
За министрите на дуи NO COMMENT
Освен овој што беше еднаш за земјоделство, другите како од улица да ги собрале. Јасно ми е дека овие ресори највеќе ќе ги водат замениците, поточно државните секретари, затоа што фактички тие највеќе ги извршуваат сите суштествени работи во секое министерство, ама пак бе, од која дупка ги извадија.
Ни трага и глас од Арифи, Бејта, Меџити, Бесими. Арифи наместо да си го обели образот и да стане вицепремиер за евроинтеграции, Аљи и наредил да остане градоначалничка (чисто сумњам и дека ќе биде реизбрана по толку негативни критики).
Што се однесува за ЕУ, каква 2020 не заебавајте, знаете ли колку е долг тој процес, дури и под такви олеснителни околности кои ги најави Могерини. Прво треба да започнеме со скрининг процес кој трае од 8-12 месеци, потоа првите поглавја најрано можеме да ги отвориме крајот на 2018/почеток на 2019 под услов да имаме голем, ама ептен голем напредок, преговорите траат потоа отприлика 4-5 години, па следува ратификација од земјите членки, па референдумите, така да во идеални услови членка на ЕУ би можеле да бидеме најрано 2023/2024 под услов се' да тече без проблем.
За НАТО тој процес може да се одвива побрзо, но и тој процес ќе треба малку да потрае (ратификациите некои поситни домашни реформи), но до крајот на овој мандат на оваа влада би можеле да влеземе.