Па ако обиколницата е лошо испроектирана, сте имале 10 години да ја поправите.
Каналите кој очекувавте да ви ги исчисти?
Што направивте во врска со предупредувањето од 2008?
Процена на загрозеност на Градот Скопје од природните непогоди и други несреќи донесена од Советот на Град Скопје на 3 септември 2008 година, во делот „
Поплави и атмосферски влијанија“ се укажува на тоа дека нема соодветно поставен систем за одбрана од големи води.
Проценката за загрозеност на Градот Скопје од природните непогоди и други несреќи.
Во скопскиот регион се превземени мерки за трaјна заштита од големите води, меѓутоа системот за одбрана од големите води не е целосно изграден, така што на одредени места го прават недоволно ефикасен. Поради тоа произлегува потреба за изработка на однапред подготвен план за интервенција при појава на големи води, со цел да се спречат или ублажат штетите предизвикани од поплави.
http://vistinomer.mk/predupreduvane-za-poplavi-osum-godini-fakalo-pajazhina/