Интересно е кога ќе земеме в предвид дека пред недела дена може беше, се појавија на ТВ некои од главните ѕверки од недвижнините каде си кажаа дека иако не се купувале станови како порано, што во нормална држава и нормални понудувачи на недвижнини тоа ќе е добар хинт дека нешто грешат во процесот, господата наводно ќе ги кревале цените на становите уште повисоко, затоа што "не се издржувало". Биле високо квалитетни станови од некоја си А класа/категорија и било грев да седат на "толку ниска цена". Наместо да се крене животниот стандард да може младо македонско семејство да си дозволи таков стан, тие уште толку по паричникот посегаат. Навидум изгледа дека си пукаат во нога, но не мислам дека е така. Општо познато е дека скапи станови немаат воопшто проблем да купат албанците, имаат пари од дијаспората а и ги хранат и Албанија и Косово во редовен интервал. А продавачите на станови само такви бараат. Имено, дел од причините што ги презедоа сите урбани средини во Тетово се токму овие. Ќе продаде скап стан Тетовчанец, за да си се пресели да живее во Скопје. Тие од тука, продаваат станови за да живеат негде во странство. Битангиве ги креваат цените на становиве да и тие малку луѓе кои се заинтересирани да купат стан, да не можат да купат, и нормално ќе го купи оној кој ги има тие пари.