Абе, некој пранк е ова??
Мислам океј, знам дека цените се отидени у три лепе ама шо е ова бре?! Мифљуз како Перишиќ 60м, некојси Кеита кој од дома не го знаат дека игра фудбал 50м, 18годишен кепец, уште во пелени со една добра сезона 130м

.
Се осеќам како после 100 години да ме разбудиле од стејзис под. Мрдната работа...
На страна сите заебанции ајде, ама не може да очекуваш ако клуб даде 100 милиони за играч (каков и да е), после да се вратат цените во нормала и пак да можеш да купиш солиден играч за 20-30 милиони. Па нормално дека секој клуб ќе си рече штом за Погба се бараа 100 милиони, зошто да не бараме ние 60+ за играч кој ни изиграл супер сезонава.
И за Марсијал исто беше, со пола сезона ако не се лажам се дадоа јаки пари, па зошто и сите други да не бараат куп пари за секој младинец кој ќе им изигра 5-6 добри натпревари. Пак, небитно за муабетов дали после се покажало дека вреди играчот или не.
Не ми е целта против Јунајтед да зборам, секако дека и други клубови го прават истото, ама го зимам како најдобар пример. И нормално дека не е трансферот на Погба единствената причина за моменталнава ситуација, ама секако дека имаше големо влијание. Од едната страна клубовите ќе си бараат енормни суми за секој играч, од друга страна тие што ги бараат ќе мораат да плаќаат затоа што им требаат за исполнување на амбициите. И ќе си продолжи трендот така, очекувам се повеќе и повеќе да се зголемуваат цените.
Па во иднина ништо чудно да видиме како пред породилна сала се тепаат претставници на клубови со сто милионски понуди за новороденчето на некој добар фудбалер
