И тој центар не е веќе тоа што беше. Наместо да гледа по сексуална ориентација исклучиво, затоа што наводно заради тоа и постои, почнаа исклучиво да бираат кому да му помогнат врз основа на тоа чија политика се подржува. Не мора ни да си подржувач на десничарска партија, ако не си подржувач, гласач и член на одредена опција, оставен си на страна.
Анон не е хомофоб, само успешно ти игра со нервите затоа што си пречувствителен и се однесуваш кон сите во најнегативните можни стереотипи за хомосексуалците. Според мене, заслужен третман. Не знам само како очекуваш со таквото однесување, било чија почит и разбирање да ги придобиеш?
Де бе ... Да не прашувам тогаш книги како читаш, а?
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
(јк)
Ти сметаш дека е нормална работа затоа што си производ на време кога тие веќе станале нормална работа одреден период, не си морал да минуваш низ транзитивен период каде дел од светот почнал да ги прифаќа тие работи како нормални а твојот агол од истиот тој свет се уште е во статус кво и единствено разговоров околу таа тематика е во етер и ништо повеќе. Дури и тоа што сметаш дека тие биле луѓе со ментални проблеми е исто така производ на таа таканаречена транзиција која ти не си ја претрпел, каде расизмот во таква форма е дијагностициран сега како некој вид социолошко нарушување (како што е карактеризирана патем и хомофобијата денес). во тој период расизмот, од тој на ниво на Кју Клакс Кланот и поумерениот (сегрегираност, или одбивност да се даде солидна работа на црнец освен како работник, да не збориме за образованието итн.). Тоа не била појава изолирана само за кланот - тие биле најекстремните, но расизмот бил широко распространета појава. Сакаш да кажеш поголемиот дел од населението биле со ментално нарушување, поголемо или помало? Дај не заебавај. Тоа што биле хетеросексуални паровите не им значело многу на расистите. Ако им значело, им значело низ расна перспектива повторно, потенцијалот да се родат нови деца од мешана раса - и со тоа уништување на белата раса итн.
Заедничката нишка е борбата за еднаквост и кај едни и кај други. Сега, во однос на хомосексуалците, на запад таа борба е речиси завршена, многу малку места се каде ЛГБТ лицата не се со 100% еднаквост како хетеро населението. Во Европа разликата е малку повидлива затоа што и се работи за различни народи кои делат едно исто континентално копно. Тука станува збор за нормални луѓе во секој друг поглед освен сексуалната ориентација (како и кај погорниот пример, нормални луѓе во секој друг поглед, само што биле црно и бело лице кои се решиле на заеднички живот). Тоа што било социјалната правда за црнците во тоа време како и меѓурасните бракови, кон расистите е истото тоа што е сега за ЛГБТ права кон лицата како ти, кои поинаку ги гледаат работите. Паралелите постојат дали ти ги признал или не.
Државата треба да остави јас да одлучам дали ќе се размножувам, и ако одлучам на такив чекор, на кој начин ќе го правам тоа, ако никому директно не штетам. И без мене и без тебе, државата, а и светот пошироко, нема да престанат да се размножуваат. Воопшто не е битно дали јас ќе имам деца или со кого ќе имам деца. Тоа е релативно според не само научни истражувања туку и според бројката на деца кои веќе се израснати од истополови брачни парови во здрави и хетеро-ориентирани индивидуи.
Ако почнеме да го релативизираме прашањето околу природност и неприродност, колку работи ти ги правиш во животот што се неприродни? Треба да воведеме некоја полиција која ќе казнува акти на неприродност, кон сите што ги кршат истите? Или ова твоево важи само за хомосексуалците? Значи не си во состојба да оценуваш чив аргумент држи вода или не ако прво нешто за кое што се фати е факторот на природност, тука сите контраши на оваа тема изгубиле, нема да бидеш првиот што добил, тоа ти гарантирам. Пробај со посолидни аргументи во иднина.
Тоа што треба да оспориш, доколку имаш таква моќ, е
било кој да се лапа по паркови, автобуски станици, или по кафичи. Значи, невкусно е за кој и да се работи. Тоа што сум геј не ми прави разлика дали двојката што се лапа се маж и жена, две жени или двајца мажи. Едноставно е жива глупост. Интимата е за во поинтимни средини, не за во јавност. За твоите деца подеднакво "штетни" се и едната и другата појава на јавни места. Со оглед на тоа која џева се крева за сексуалното образование на рани години, не ги разбирам аргументирачите од типот "па ако гледа хетеро-двојка како го прават тоа штого прават барем ќе учи како треба". Like, pick a fucking argument and stay there. И едната и другата појава нема да имаат позитивен ефект врз млади умови.
Не мораш да минуваш низ потешка рамка. Декларирај се како "геј", и ќе ги добиеш истите услуги
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
. Ако некој праша детали, речи не ти се разглабаат детали со лица кои не ти се најблиски другари и крај. Ќе си речеш љубовта ме чека таму во странство, доколку некој као ти се пушта и сл., чим отидеш во странство, ако останат во комуникација од центаров и организацииве, речи си бил на gay-conversion терапија и сега си стрејт. Done!
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
(нема никој да дојде и да те враќа во МК затоа што однеднаш, не си веќе "геј").
И ете како еден хетеросексуалец/ка може да ќари од геј права.
Едно време ти беа само Коче и Боки 13. Да не сум јас, немаше да знаеш за останативе ЛГБТ лица. Полека, полека, тие "единствени педери" како група ти пораснаа. Ваљда на ситиве мислиш кога збориш за помошници.
Ќе ставам во црвен болд се што е црвен аларм за таканареченава студија твоја.