Знам дека проба да испаднеш потолерантен од твоите соговорници (или барем таков некој впечаток оставаш со постов), ама со оглед на тежината на постот на тенок конец ти виси истото. Против посвојување си, океј. А другите методи што се наведени? Повеќето вклучуваат генетско потомство, на еден или друг начин. Како ќе го спречиш тоа? Не е како да било кој хомосексуалец ти должи објаснение, ама еве ако дознаеш дека некој се стекнал со потомство на тој начин, како ќе спречиш? Дури и да можеш, во една полиберална земја да бидеш успешен во тоа - Дали ти ќе бидеш тој истиот после извесен број години кој ќе им кажеш на децата - јас средив да бидете одземени од родителите и да бидете сместени во друго семејство или дом затоа што не одобрував истополови заедници. Јебига, тоа е тоа, ми пречеше.
Крив поглед за светот? Тоа е истиот крив поглед за светот кој Кју Клакс Клан го збореа за меѓурасни бракови и децата како производ на истите? Крив во смисла дека било нормално луѓе од разлини раси да стапат во брак и да имаат потомство. Тоа што некои деца ќе израснат немајќи предрасуди према одредена група луѓе од општеството е плус, не минус. Нема да растат со комплекси и индоктринација каква има денес.
Кои се тие "се повеќе и повеќе права во наша полза"? Зборам во контекст на тоа дека се спомна имањето деца, јас не гледам што е следната етапа на борба за права после тоа. Еднаквоста завршува тука, тоа е тоа. Во однос на однесувањето на голем број хомосексуалци, лезбејки и трансексуалци, во западните земји, пишав погоре кога и се обраќав на Маја, дека не само што воопшто не се согласувам, туку дека активно се залагам против тоа и дејствувам каде можам. Не ги гледам хетеросексуалците како непријатели (што во суштина е проблемот кај ЛГБТ барабите за кои збориме на запад), нити заговарам нивниот број да опадне. Напротив, мислам дека сум дел од мала група која активно охрабрува хетеро-двојки кои можат да си дозволат - да имаат деца, или ако веќе ги имаат - да имаат повеќе (не сум чул од многу други ЛГБТ лица ваков став).
Омилениот педер на Летко - Кочо Андоновски, Боки 13, Фифи, Софија Теодор, Ирена Цветковиќ, Петар Стојковиќ, Беким Асани, Славчо Димитров, Драгана Дрндаревска, Љуми Беќири, Павле Богоевски, Огнен Јанески итн. се отприлика најотворените личности од оваа сфера по ова прашање, ама нималку не се претставници на општата ЛГБТ популација во Македонија. Можете да мислите што сакате за нив, и тие мислења може и да се разнолики, но bottom line - тие се претставуваат само себе си и луѓето кои ги подржуваат нив и нивните организации, дали морално или финансиски. И тоа е тоа. Заговорот завршува таму. Останатите сме позафатени со истерување на животот од ден на ден, со плејада други проблеми, кои ни на крај памет нема да бидат ставени на портфолиото на овие организации кога нудат помош и "експертиза", освен ако не намирисаат неверојатен ќар од истото.
На крајот од краиштата, ти можеш да направиш што сакаш, во рамки на законите на една земја. Можеш да подржиш и некоја анти-ЛГБТ иницијатива/закон, да се појавиш и на анти-ЛГБТ протест итн. - Твое право. Но малкумина ја гледаат и обратната слика, дека таквите потези, тие ЛГБТ лица што знаат за тоа, а вие не знаете дека се ЛГБТ, утре ќе подржат некоја иницијатива или закон, кој вам може да ви наштети или ограничи слободите. Истото ќе биде тотално во доменот на нивните права. Затоа, кога се дејствува, треба да се дејствува свесно, под тоа мислам и на последиците од тие дејствувања.
Затоа, мене може ме чуди алијансава со муслимански екстремисти што излезе во етер, ама не ме чуди што се анти-владини (или беа, анти-владини, сега како што се формира полека нова влада), бидејќи Владата водеше политика на исклучување и на дискриминациона пропаганда. И нормално/ненормално е најлабавиот аргумент што се појавува на оваа тема. Секако дека не е нормална појава, се појавува во 2-5% од населението во просек, но дали е прифатливо или не е веќе друг муабет и тука е просторот за дебата, не за нормалност.