Интересно е што до сега успеваат. Зошто не е прва сезона да ги продаваат најдобрите играчи а секоја година се појаки и појаки.
Ја најдоа формулата, нема што. Се сеќавам кога го купи клубот, фрли еден куп пари и не напрај баш ништо. Беа за потсмев и трошаџии бетер од ПСЖ и Сити.
Му се деси трансферот, почна да ги распродава 'ѕвездите' и смени трансфер политика па еве ги стигнаа до шампиони на Франција и полуфиналисти во ЛШ. Кој може да кажи дека не функционира концептов.
Сега, јасно ми е дека нема секоја сезона да им е успешна како оваа и нема чартот да покажува само нагоре - ќе имаат и падови (не ти гарантира ништо успех секоја сезона, дури и да ги задржат играчите), ама од друга страна знаеш дека се способни да ги заменат со исто толку големи таленти и уште побитно им даваат шанса да се развијат. Па и самите играчи ќе сакаат да одат таму. Тиелеманс е добар пример.
Од аспект на фан можеби не е идеално ама од аспект на бизнис е топ и можеби во моментов е најпрофитабилен фудбалски клуб а со тоа ќе растат и акциит. Врти како сакаш, на место му е цел концепт.