Ова е интересен текст на кој може да се види примена на класично неуро-лингвистичко програмирање!
Можеби Ѓорѓи тоа несвесно го прави ама е ирелевантно.
Тој користи зборови поделена, потпадна и се некои такви слични кои треба да создадат кај читателот слика дека ете имало тогаш луѓе ама тие не биле заинтересирани за своја слобода значи држава. Вистината е поинаква, Македонија до балканските војни била под ОКУПАЦИЈА некои милуваат управа на Отоманското царство, по војните е поделена на ОКУПАЦИОНИ ЗОНИ помеѓу Грција Србија и Бугарија и еден мал дел на Албанија. Во 1944 год од делот што е под ОКУПАЦИЈА на Србија е создадена денешната модерна Македонска држава и Србија меѓу првите го признала раѓањето на Македонската држава. Останатите делови до денес се под ОКУПАЦИЈА на наведените држави, но со користење на лингвистички методи се креирало кај поголемиот дел од Македонците дека е тоа ПОДЕЛБА и ПОТПАДНА па значи треба да се прифати како исправно и нешто нормално. Но не е ниту исправно ниту нормално, може и да се најде разбирање кога официелни лица користат таква реторика но кога поединец користи иста фразеологија овде на форум кој се чита од мал број на луѓе тогаш тој има и спроведува агенда свесно или несвесно е - ИРЕЛЕВАНТНО - ефектите се постигнати.
Може и поинаку да се гледа дека нешто се делело или потпаднало но тогаш ќе нема држава особено не Македонска држава, затоа што да има таква држава потребно е прво да има Македонци, ако ги нема нема ниту држава.
Некој спомна дека Струмица по 1944 потпаднала под Македонија, повторно елементарно не-разбирање на работите, кон крајот на 1944 во Македонија е создадена воена сила, значи под оружје, повеќе од 80.000 војници а тоа е респектабилна сила за толкаво подрачје. Па дали некој сакал или не сакал Струмица да биде во составот на Македонија е принци по кој мали Џокица ја разбира политиката или „што је баби мило то јој се с(о)нило“.
Како и да е поентата ми беше дека со убаво спакувана реторика и вметнати техники од други области успешно се применува неуролингвистичко програмирање и на луѓето им се мие мозокот!