Добро брифиран зависи од точноста на информацијата, значи може да биде добро дезинформиран, ниту сум барал уште помалку иам намера да барам од некој нешто, искрено сакам да видам фер шанса за добри работни позиции и ако не најдобрите барем солидни луѓе да се позиционираат, кому ова не одговора освен на тие што носат одлуки.
Еве прашај ја таа што ти го лајкнала постот, дали може да се заработи добро во МК и да бидеш све чист без подмачкувања... Може нејзе ќе и веруваш...
Која?
Јас тука никад не сум спорел, но тоа не може и не смее да биде изговор за другите истото да го прават, како што не смее ниедна негативност против која декларативно се борат да биде изговор за истата работа што ја прават.
Ќе видиме, како тргнало...
Затоа викам испраните мозоци се бројат во зависност од гледиштето(стојалиштето)... Меѓутоа кога ќе ги собереме на еден куп испраните мозоци од двете гледишта, добиваме апсолутно мнозинство народ. За вакво гледиште веќе не можеш да кажеш дека е релативно...
Нема врска, едино тука се категоризираат партиските војници и не сите, има и таму чисто лукративно опортунистички груапции кои точно знаат што и како прават, мнозинството гласа ако резултат на моментумот, што е поголема пиздарија во моментот, џентлменски договор може за перење на совест и приказна за ново утре.Вистинското мнозинство е свесно шо се случува, сега барем имаш пристап до информации и сл, секој си гласа како во моментот му одговара. Нема кај нас некоја идеолошка поделба, наши и ваши и толку. Сите се знаат кој за кого и поради што е за нив, енде.
Вака, јас не го подржувам вмро, мојот став провмро беше моментален визави ситуацијата. Јас како националист не го ни признавам Македонскиот устав наметнат после капитулацијата без воен пораз во 2001 година, па така не ги ни признавам како ентитети потписничките на рамковниот договор. Во однос на економските деланија на партиите што се на власт и нивните злоупотреби, не сум стручен да зборам, за тоа има стручни служби кои треба да се бават со тоа и да бараат докази за истите. За тоа зборам од минатото искуство, многу се зборело за крадење и затварање, но ретко кој лежел затвор...
Твое право за Уставот, ама сите мора да го почитуваме, јас исто го делам мислењето дека
приредбата 2001 беше креирана со учество или во најмала рака согласност на сите влијателни структури од МКД за редефинирање на земјата без притоа некој од нив да изврши политичко харикири со таков потег, патем речено и сега тековно имаме приредби, тука шо има спорно.
Те прашав шо е разликата која според тебе поддршката за дпмне во таа ситуација ти се чинеше патриотска ви за ви поддршка дадена за сдсм во тој момент? Која беше реперна точка?
Излезе фамозната шовинистичка платформа и покрај тоа си преговара, за името не го даваме слушнавме, корупција и сеа шу праиме?
Од друга страна имаш виткање кичми, едно евро, живи луѓе и сл пиздарии и сеа?
Западна македонија е отпишатна во последните 26 години... Како иде времето све си мислам дека војната беше фингирана за да нашите политичари и од двете провиненции ни ја продадат приказната како се отпишала, а да ја тргнат вината од себе дека дефакто ја продале за пари. Пак ќе ти кажам...подржувањето на било која од двете политички опции во Македонија, не може да те направи патриот, бидејќи тие 2 опции се оние кои потпишаа капитулација на Македонската држава во 2001 година.
Потполно се согласувам, имено имаше колумна од Арсим Зеколи во која обелодени дека ниту една условно речено од најголемите две политички партии, не изнела пред политичкио претставник на Албанските партии проблем конкретен кој се однесува на Западна МАкеоднија, актуелно беше тоа што се смета дека таму фискалните каси се декорација, етничко чистење во помека варијанта и сл. и сеа директно доаѓаме на тоа дека никој ич qr не го боли додкеа бизнисот тече, де факто федерација, јас прам шо сакам кај мене, ти прај шо сакаш кај тебе. Има закон за знамиња и сл никој не почитува ниту пак го интересира, меѓуетнички тензии креирани по потреба, а константно држени на ниво кое е лесно запалливо итн...
Од кога национализам значи омраза кон други нации ?!?
По ваква логика патриотизам може да значи омраза кон други држави, дај те молам, ставот ти е од времето на сталин.
Те запукаа тука, макар што не е така страшно, кога беше актуелно со командант форина и знамето во кабинет, некој имаше напишано дека знамињата се средства за перење на мозокот, од да речам некој релативизаторски аспект, демек небитно.
Замисли кој парадокс.
Во САД земи само како пример застапеноста на знамето, го има на речиси секоја униформа, можеш да го видиш униформа на возач на бус во јавно претпријатие...така да, како беше она со мечкина услуга.
Нафрлив уште еден момент, дали патриотизмот е лојалност кон нацијата или државата?
Има разлика помеѓу национални и државни интереси, така да не е баш едноставна ситуација, посебно кај нас, проблеми на сите страни по секакви основи, а допрва се говори за пеглање ставови, што тоа значи...еве сега најново е тоа дека носењето на одлуки ќе биде консензуално па делумно шовинистичката платформа се отфрла, макар што требаше целосно повлекување, па тек потоа договор, затоа што соодветен одговор ќе беше иста таква од др страна па да има огномет.
Следствено на настаните тоа и беше целта веројатно, полни усти соживот и права а да создаваш етнички чисти територии не оди, политичарите прават наратив за мир или војна, никој друг.
Резиме, јас во овие услови не би согласил со двојазичност на цела територија, уште помалку де јуре федерализација или зголемување на ингиренции на локална самоуправа како своевидна увертира, досега ништо не покажа локалната самоуправа во етнички мешани средини, посебно во оние каде доминираат етнички Албанци, напротив. Може ќе ме категоризраат и мене како националист после ова.
Е сега од друга страна имаш политичка корупција до небо, а МФ наметнува наратив за нулта корупција, сносење одговорност и сл, а тоа един не му одговара на владеачкото малцинство а тоа е целокупниот политички естаблишмент.
За антикорупционерскиот момент без разлика на етничка припаднсот, вклучително и партиска, најбројните партиски ниски ешалони верувам ќе се согласат.
Сите отворени прашања подлежат на дебата, во некоја помирна атмосфера, изјави од типот не признавам знаме, химна, не постоите како народ не одат во прилог на соживот, точно е дека оваа држава е нивна и се автохтон народ, ама тоа ниту дава за право ниту пак е оправдување за некои потези...