Сакаш да кажеш дека може во Македонија да заработиш повеќе од волот за сламата и сето тоа да остане чисто како солза, без подмачкувања? Сериозно, по се изглеа сум субјективен, затоа така.
Еве прашај ја таа што ти го лајкнала постот, дали може да се заработи добро во МК и да бидеш све чист без подмачкувања... Може нејзе ќе и веруваш...
Поентата е дека она што од секогаш Алабнците го барале сега беше синтетизирано во еден документ, официјализран на крајно провокативен начин, шовинситичка приредба, со фашизоидни примеси. Во 2017г.
Кажи ми, ДПМНЕ со кој преговараше и речиси обзнани дека влезе во коалиција, со овој Ахмети од погорниот опис, или некој друг?
Јас тука никад не сум спорел, но тоа не може и не смее да биде изговор за другите истото да го прават, како што не смее ниедна негативност против која декларативно се борат да биде изговор за истата работа што ја прават.
Види испран мозок е релативна работа, значи кај нас во зависнот од припадноста, во однос на т.н Тиранска платформа да речиме, во овој момент национална тоа е смртна опасност и невидено зло итн...командант форина беше што беше ама го направија министер без многу приказни, сега тиради против истиот, и сеа шу праиме? Кај е тука патриотизмот?
Затоа викам испраните мозоци се бројат во зависност од гледиштето(стојалиштето)... Меѓутоа кога ќе ги собереме на еден куп испраните мозоци од двете гледишта, добиваме апсолутно мнозинство народ. За вакво гледиште веќе не можеш да кажеш дека е релативно...
Од друга страна пак, во зависнот овој пат од партиската припадност, горе, доле север југ Македонија е сечено лепено, додека отаде викаат се и сешто за нас, како договорено, а пак за виткањето кичма и федерализации и сл пиздарии другите викаат сечено лепено, и сега дај објасни ми ти мене кој тука шо работи? Која е поентата јас стварно не разбирам од аспект на национални и/или државни интереси, едино кој ќе биде власт е разлика, и нормално тендеристанска доктрина применета подеднакво.
Како ти ако го поддржуваш ДПМНЕ, истото шо влезе во преговори покрај т.н Тиранска палтформа, преговараше за име како на мајтап, си поголем патриот од некој кој е за СДСМ, демек едните викаат клети Албанци другите не?
Вака, јас не го подржувам вмро, мојот став провмро беше моментален визави ситуацијата. Јас како националист не го ни признавам Македонскиот устав наметнат после капитулацијата без воен пораз во 2001 година, па така не ги ни признавам како ентитети потписничките на рамковниот договор. Во однос на економските деланија на партиите што се на власт и нивните злоупотреби, не сум стручен да зборам, за тоа има стручни служби кои треба да се бават со тоа и да бараат докази за истите. За тоа зборам од минатото искуство, многу се зборело за крадење и затварање, но ретко кој лежел затвор...
Една декада власт и Западна Македонија де факто отпишана, имаш закон за знаме јазик и сл, примени го, ништо од тоа, и се а шу праиме?
Дај објасни ми шо е тоа шо ако го поддржуваш ДПМНЕ те прави патриот за разлика од поддржувачите на СДСМ или било која др партија, шо е помалку снимката за Бошковски и онаа за Груевски?
Западна македонија е отпишатна во последните 26 години... Како иде времето све си мислам дека војната беше фингирана за да нашите политичари и од двете провиненции ни ја продадат приказната како се отпишала, а да ја тргнат вината од себе дека дефакто ја продале за пари. Пак ќе ти кажам...подржувањето на било која од двете политички опции во Македонија, не може да те направи патриот, бидејќи тие 2 опции се оние кои потпишаа капитулација на Македонската држава во 2001 година.
Патриотизам vs Национализам, омраза кон др нации не те прави патриот, напротив, напишав патриотизмот е доблест. Сега треба да влеземе во полемика и да дефинираме патриотизам од државен и национален аспект, пошто се две различни работи.
Patria од латински, или пластично, можеби грешам, лојалност кон државата Македонија vs лојалност кон нацијата Македонска?
Едно меѓу друго сегрегирани т.е исклучиви, ви за ви синтеза на тие две...прилично дискутабилно, а и проблематично за вака јавно да се дискутира. Може да биде контрапродуктивно.
Од кога национализам значи омраза кон други нации ?!?
По ваква логика патриотизам може да значи омраза кон други држави, дај те молам, ставот ти е од времето на сталин.