Чекај сега, како прво не постои ниедна држава во свет, кадешто имаш тотална економска независност од самата држава. Јас не сум независен од државава, пошто нели сум граѓанин со сите обврски и привилегии, туку не сум зависен од власта, све до оној момент додека е мирно во државава....
Сакаш да кажеш дека може во Македонија да заработиш повеќе од волот за сламата и сето тоа да остане чисто како солза, без подмачкувања? Сериозно, по се изглеа сум субјективен, затоа така.
Што е поентата на овој дел? Сакаш да кажеш дека Ахмети се откажал од дел од платформата? Еве јас ќе престанам да објаснувам, не за друго, туку осеќам ко да го губам времето во објаснување, времето ќе покаже, а мислам и дека ти лично и сам си свесен до негде....
Поентата е дека она што од секогаш Алабнците го барале сега беше синтетизирано во еден документ, официјализран на крајно провокативен начин, шовинситичка приредба, со фашизоидни примеси. Во 2017г.
Кажи ми, ДПМНЕ со кој преговараше и речиси обзнани дека влезе во коалиција, со овој Ахмети од погорниот опис, или некој друг?
А што се однесува до Грујо и фашисоидноста, мислам дека гледајќи ги тука постовите, сите ќе се согласат дека тука (во мк) има премногу испрани мозоци, секако притоа покажувајќи со прстот кон другите. Тоа значи дека од гласот на тие испрани мозоци ни зависи иднината.. Па сега ти види ја тежината на демократијата.... А што е најинтересно, горе-доле, сегде е така, само што на запад државите имаат пари да го купат социјалниот мир....
Види испран мозок е релативна работа, значи кај нас во зависнот од припадноста, во однос на т.н Тиранска платформа да речиме, во овој момент национална тоа е смртна опасност и невидено зло итн...командант форина беше што беше ама го направија министер без многу приказни, сега тиради против истиот, и сеа шу праиме? Кај е тука патриотизмот?
Од друга страна пак, во зависнот овој пат од партиската припадност, горе, доле север југ Македонија е сечено лепено, додека отаде викаат се и сешто за нас, како договорено, а пак за виткањето кичма и федерализации и сл пиздарии другите викаат сечено лепено, и сега дај објасни ми ти мене кој тука шо работи? Која е поентата јас стварно не разбирам од аспект на национални и/или државни интереси, едино кој ќе биде власт е разлика, и нормално тендеристанска доктрина применета подеднакво.
Како ти ако го поддржуваш ДПМНЕ, истото шо влезе во преговори покрај т.н Тиранска палтформа, преговараше за име како на мајтап, си поголем патриот од некој кој е за СДСМ, демек едните викаат клети Албанци другите не?
Една декада власт и Западна Македонија де факто отпишана, имаш закон за знаме јазик и сл, примени го, ништо од тоа, и се а шу праиме?
Дај објасни ми шо е тоа шо ако го поддржуваш ДПМНЕ те прави патриот за разлика од поддржувачите на СДСМ или било која др партија, шо е помалку снимката за Бошковски и онаа за Груевски?
Чисто процедурално, кој дел од национализмот е лош? Зошто е толку лошо да си горд припадник на една нација?
Патриотизам vs Национализам, омраза кон др нации не те прави патриот, напротив, напишав патриотизмот е доблест. Сега треба да влеземе во полемика и да дефинираме патриотизам од државен и национален аспект, пошто се две различни работи.
Patria од латински, или пластично, можеби грешам, лојалност кон државата Македонија vs лојалност кон нацијата Македонска?
Едно меѓу друго сегрегирани т.е исклучиви, ви за ви синтеза на тие две...прилично дискутабилно, а и проблематично за вака јавно да се дискутира. Може да биде контрапродуктивно.