Факт, од пред 4-5 години се започна со големо и гломазно геополитичко пре-сложување, секако „новинарите“ не можат и не сакат да пишуваат за тоа, едноставно не е „in“ (никој не плаќа за тоа), па на овој начин можеби ќе допре до ... иако имам сомнежи.
Јас сум фасциниран од пропагандните флоскули и упорноста на поединци кои не само што се самите „убедени“ во тоа што го пишуваат туку сакат и нас неколкумина останати кои не мислиме така да не убедат во нивното убедување! (демократските коментари во главно се ад хоминем) Тоа што будалите не сакат да го видат не е проблем на паметните – тоа е проблем на лекоумните ... наивните...будали кои свршуваат на бајки за слобода, демократија, за човекови права и слободен пазар!
Со векови се е исто само наивните не сакат да видат – демократија за наивни! Како прво треба да се знае дека демократијата не е ништо друго туку убаво спакувана диктатура, за второ и трето подоцна.
Упорно се бара смена и се зборува за криминал на Груевски и неговите, како да проблемот е Груевски и неговите или криминалот кои го правеле, треба наполно да си забеган за да поверуваш во такво нешто. Ако е проблемот е во Груевски или криминалот па тие до сега десет 10 пати ќе го скратеа за глава или сметате дека не можат или се срамат? (Се зборува за некоја текстилна работничка која имала 9000 плата а се заборават 250.000 отпуштени, воглавно ваши родители и дедовци, или грабежот на ТАТ па колкумина во Битола извршија самоубиство од заседа и редица други бисери. Се сака да се коментира а не се знае што значи аболиција! Се поистоветува закон и Устав, па се зборува СЈО било законски а се избегнува да се рече дека е неуставен орган затоа што во уставот се вели дека ЈО е единствен орган и не може да има други паралелни институции итн итн)
Не, проблемот е во политиката која се води од таа група, во поглед со името Македонија и сувереното право на овој народ да има своја држава, а за да се смени истата треба да се смени целата гарнитура, да се доведе секој да се преиспитува самиот и да се подготви да ги прифати новите „слободоумни“ налози. Би сакал да не е така би било поубаво, ама сите показатели зборуваат дека наскоро новопоставената гарнитура ќе вежба демократија на нас, ако ја сочуваме државата ќе биде успех!
сите имаме право да бидеме глупи но некои опасно го злоупотребуваат тоа право!