Џабе коа сме различна бранова должина, прво не знам како можеш во иста реченица да ги ставиш филхармонијата со Локхид & Maртин и Боинг и нивните револуционерни развојно истражувачки проекти, да не испадне дека сум пристрасен тука е да речеме и Микојан и Гуревич
шо тоа има револуционерно од научен аспект во филхармонијата со трикратно зголемена цена од проектната и едно пет години задоцнета? Не моеш бе финтаџиски да се разбериме, па уште си напишал те интересира, ако е така мнооогу добро знаеш што зборувам, знаеш точно што е R&D кај овие компании и што тоа значи за светската наука.
Е сеа да се вратиме на нашата наука, не знам шо подразбираш под завидливци, ама на разбојници да им завидуваш не ми фаќа умот, првичната цена може да одстапи во одредена рамка, ама трикратно да се зголеми и да кажеш дека некој џвака поради завидливост...комитрагедија. Знаеш шо е потрагично, цел муабет почна од видеото кое го постирав со интервју од текстилна работничка,
Текстилна работничка: Уште и за леб да трпиме! збор не кажа за тоа, за инспекциски служби сведени на рекетари, синдикат чисто фигуративен, па уште и релативизираш за условите во Кина какви биле колку било полошо, пошто ги спомнуваш еве во дхот на Еден Појас Еден Пат, да ја примениме казнената регулатива за корупција од таму? Пошто не ти смета работничкиот третман нема и ова да ти смета гарант
Одиме уште надолу, ми напиша дека мене не ми чинел народот, а грешиш, не ми чинат оние кои се идентификуваат со него а му се најголеми крвници, ама тоа е кога мариовска политика врви кај нас, умен е овој народ знае за кој да гласа.
Клетите странци за по дома, пушење и цимолење кај нив на гости, лидерско визионерски.
Кој ги донесе на власт 2006 овие?
Ахмети: Декларацијата на албанските партии нема цела да биде дел од владината програма
Сеа шу праиме? Како те бендиса беџот на командант форина? Истиот тој шо го бранеше на еден друг форум коа патриотите го правеа министер?
Не гледам пристрасно, немоеш да бидеш економски независен а да битисуваш тука, од рамни давачки ќе имаш прогресивни утре и? А за економска независност само за работа во странство, и толку. Јас ниту сум имал врска, ниту ќе имам со вработувања во јавен сектор, уште помалку со јавни набавки. Не само јас и потесното семејство и?
Трн в`око нема врска со искрени или не намери.
Е сеа за тестикуларно фалусниот муабет, прво никогаш не сум го употребил терминот режим, не соодветсвува, властодршци може, а за бога росица не знам што е, уште помалку како велиш ти режимска.