Не знам, не можам да кажам тоа кој и што направил, само мене лично не ми изгледа дека кучиња го направиле тоа.
Кога кучињата се гладни, сигурно нема да ги искасапат пајките и да ги остават, туку ќе ги изедат. А доколку имаат беснило и се агресивни, тогаш веројатно и ќе ги распарчиле, но нема со сигурност само да ги удават и да ги остават. Не дека нема шанса пајките да биле нападнати од кучиња, само не ми изгледа возможно затоа што се оставени некои од пајките живи колку што успеав да видам од видеото. Секогаш
постои и можност да биле нападнати и од некое куче на несовесен сопственик, па сега да се вадат на уличните кучиња.