Кај нас по обичај се оди од крајност во крајност.Таков наратив е свесно наметнат за да може лесно да се дискредитира разумот.
Има нешто што се вика Бруто Национален Производ и се разликува од Бруто Домашниот.
Без имиња спомнување, ако се стави акцент само на бизнисот, притоа бајпасирајќи ги работничките права е трасиран патот кон Камбоџија на пример каде имаш огромен увоз на суровини, голем извоз на реални производи а бенефит многу мал споредено со претходното.Освен мизерно платени работници, нешто данок за државата и лигистика околу примарно производство, немаш технологија, развој ништо. Уште потрагично се бојкотира тоа производство на Запад поради злоупотреба на деца, за разлика од кај нас каде се бојкотира и бизнис и професорската фела која не пее во хор.
Кој мисли дека немаме фармери кои се образовани, добро упатени во домашна европска легислатива, ИПАРД и сл се лаже, кои добо знаат што конкретно треба за мали и средни земјоделци ги нема на партиски видик, а од големите остана што остана, пред одмолчената прераспределба.
Субвенционирањето во земјоделие како мерка, идеа и сл не е воопшто лошо, начинот на реализација е проблем и основа купишта проневерени пари од спрегата на партизирани институции со исто такви земјоделци, трагично е што оние кои вистински им следувало не добиле.
Ревизија е потребна детална во мн сегменти.
Тешко изводливо заради спрега на интереси.
Згора на тоа имаш етнички моментум кој се разгорува за глас повеќе.
Сосема е нормално оние стопанственици кои се реализирале со акробации околу партиските центрифуги без да бидат целосно вовлечени во нив, а се реално ендемски вид кај нас, уште повеќе да се дистанцираат од т.н градење на политики.
Џабе реформски наратив без кадровска реформа.
Сега како никогаш претходно е потребна кадровска синтеза од секоја фела настрана партиската.