Од идната влада очекувам:
1. Демонтажа на Скопје2014; како акт на добра воља за решавање на спорот со Грција, Воин на коњ и Филип да се подарат на Солун, како што Франција му ја подари Статуата на Слободата на САД. Ако не ги сакаат, да се претопи бронзата и да се искористи за Споменик Шарена Револуција. За спомениците за кои специјална комисија од експерти ќе оцени дека може да бидат од некакво значење за историјата на Македонија, да се утврдат места за дислокација ширум државата.
2. Да се преуреди Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот и да се преименува во Музеј на ВМРО и жртвите на грујовизмот.
3. Преименување на аеродромот.
4. Десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Возачите да се мотивираат на дисциплина со поевтини давачки за регистрација доколку не сториле прекршок.
5. Назначување на триото од СЈО за водечки лица на ОЈО, Врховен и Уставен.
6. Доколку во наредните 12 месеци од избор на влада, Македонија не влезе во нато, да се потпише договор за стратешка економска, културна и воена соработка со Бугарија.
7. Ублажување на казните за редица кривични дела во КЗ, декриминализација на марихуаната и дефинирање на бракот како заедница на две полнолетни и деловно-способни лица.
8. Пренасочување на буџетските средства за субвенции во земјоделството и сточарството кон вистинските земјоделци и сточари кои произведуваат храна.
9. Укинување на сите поволности за пензионерите, вклучително и бесплатните бањи и автобуски превоз. Бесплатен автобуски превоз да има секој основец, средношколец, студент и ранливи категории како лица приматели на социјална помош и лица со попреченост.
10. Освен осудување, и конфискација на целиот имот стекнат на нелегален начин од мафијата која пустошеше низ државата претходните 11 години.
11. Сеопфатно ревидирање на сите учебници и програми по кои до сега се учеше на сите нивоа. Еден од објектите на Скопје2014 да се пренамени во Младински центар за развој на компјутерски и андроид апликации.
12. Владата целосно да ги игнорира телевизиите, радијата, весниците и порталите кои ширеа гебелштина и ги умртвуваа мозочните клетки на граѓаните. Никакви пари од владина реклама не смее да се слее во нивните каси. Забрана за емитување турски серии и српска музика на сите нивоа.
13. Забрана за користење на името ВМРО од политички партии и било какви здруженија на граѓани. И најважно: создавање на услови партијата која го помагаше злото во изминатите 11 години, т.н. Демократска унија за интеграција, да замине во историјата во наредните 4 години.
Надополнување 1
14. Довршување на пругата кон Бугарија.
15. Враќање на евтината тарифа на струја.
16. Укинување на радиодифузната такса.
17. Ревизија на сите договори за нови автопатишта, ако се откријат криминали виновниците да одговоараат.
18. Ревизија на законитоста за градба на Белата лудница, т.е. новиот централен штаб на вмро-дпмне и испитување на потекло на средствата. Ако се докажат тешки криминали, имотот да се конфискува и зградата да се пренамени во Музеј на жртви на грујовизмот. На секој кат да има поставки од резултатите постигнати во две последователни години: број на иселени, број на лица и претпријатија со блокирани жиро-сметки, број на починати во болници и на пат кон болници, број на починати новороденчиња, број на политички осудени, број на кредити земени од странство и суми со сѐ камати, снимки и видеа од полициски бруталности снимени од гебелсовите медиуми како средство за заплашување и контрола на народот, а за да биде атмосферата целосна, во позадина да идат исечоци од прислушкуваните разговори каде мафијата се смее на неприликите на нивните жртви, каде се повикува да се убијат 10-20 луѓе, да заврѓат во ендек, да ѝм се дигне во воздух имотот со динамит, да се тегнат за уши, да ѝм се блокираат лифтови за да не гласаат, да се истераат од работа, и тн.
19. Укинување на законот за забрана за продажба на алкохол после 19 т.е. 21 часот и воведување строги санкции за продажба на алкохол и тутун на малолетници.
20. Попис во најкус можен рок. Укинување на одредбата дека право да го употребува својот мајчин јазик во комуникација со единиците на локална самоуправа, судовите и другите органи на државната управа има припадникот на малцинство кое е над 20% застапеност и тоа право да го има секој кој сака да го користи својот прв јазик, без разлика на застапеност.
21. Укинување на екстерното тестирање и измена на начинот на оценување.
To be continued...