Ние со Боби се дружиме веќе месец и пол. Ова ми е прв пат да чувам папагал, иначе фамилијарно сме кучкари. Кога го добив папагалчево бев многу уплашена пошто немам никаква историја со птици. Прашував по пет шоповиве за било какво инфо ама не добив некоја помош, па седнав на нет и читав, и читав... Темава ја исчитав од почеток до крај за да добијам некаква претстава за како да се спријателам со новово другарче Читајќи сфатив дека папагалите се многу интелегентни суштества, дека си имаат свој карактер, дека бараат време за адаптација и многу трпение. Првите десетина дена кога го добив папагалчево го оставув во кафез да си седи, не му ја отварав вратичката, му мењав вода, храна итн. После тие десет дена му ја оставав вратата отворена, и после два три дена набљудување дечкото ја извади главата надвор и се чудеше. Другиот ден веќе искочи и почна да лета низ цел салон (70 квадрати отворен простор) и првото искачање му беше циркузи, баш ко што опишуваат луѓево тука, со удирање по ѕидови у стакло, паѓање итн. После тоа еден ден си седеше у кафез, нејќеше да искочи, си беше нормален ама ваљда претходниот ден потроши многу енергија у летање и плус адреналин па, тој ден реши да одмара у кафез. Ееее, од тој ден навака, он е цело време надвор, у кафез оди да јаде, да пие вода и да се бања Остатокот од времето е надвор, виси на корнизи, кога сум у кујна и работам нешо ми доаѓа на фрижидер и ми праи друштво, си праиме муабет Полека се спријателува, дефинитивно не ми ги сака прстите, нејќе да се гали со рака, го галам со глава иначе ми јаде од рака, и неколку пати ми застана на глава и на рамо (понекад и на врат коа работам на компјутер), се спушта на маса и сака да ми јаде од јадењето, се кара со виљушката и ми ја гризе ... Не го форсирам на ништо, му зборам и го анимирам, ама го оставам сам да ми пријде. Има уше многу моменти, ама знам дека сите веќе сте ги доживеале со вашите пријателчиња, па да не ви бидам досадна
Иначе има еден нов момент со Боби, последнава недела многу сака да седи во вц, влага и се обесува на шипките за сушење алишта па од таму го вадам со метла, хахааха... Хит му е вц-то периодов, не знам зашто..
Иначе има еден нов момент со Боби, последнава недела многу сака да седи во вц, влага и се обесува на шипките за сушење алишта па од таму го вадам со метла, хахааха... Хит му е вц-то периодов, не знам зашто..