Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
26 април 2017
Мислења
6
Поени од реакции
23
Ние со Боби се дружиме веќе месец и пол. Ова ми е прв пат да чувам папагал, иначе фамилијарно сме кучкари. Кога го добив папагалчево бев многу уплашена пошто немам никаква историја со птици. Прашував по пет шоповиве за било какво инфо ама не добив некоја помош, па седнав на нет и читав, и читав... Темава ја исчитав од почеток до крај за да добијам некаква претстава за како да се спријателам со новово другарче Читајќи сфатив дека папагалите се многу интелегентни суштества, дека си имаат свој карактер, дека бараат време за адаптација и многу трпение. Првите десетина дена кога го добив папагалчево го оставув во кафез да си седи, не му ја отварав вратичката, му мењав вода, храна итн. После тие десет дена му ја оставав вратата отворена, и после два три дена набљудување дечкото ја извади главата надвор и се чудеше. Другиот ден веќе искочи и почна да лета низ цел салон (70 квадрати отворен простор) и првото искачање му беше циркузи, баш ко што опишуваат луѓево тука, со удирање по ѕидови у стакло, паѓање итн. После тоа еден ден си седеше у кафез, нејќеше да искочи, си беше нормален ама ваљда претходниот ден потроши многу енергија у летање и плус адреналин па, тој ден реши да одмара у кафез. Ееее, од тој ден навака, он е цело време надвор, у кафез оди да јаде, да пие вода и да се бања Остатокот од времето е надвор, виси на корнизи, кога сум у кујна и работам нешо ми доаѓа на фрижидер и ми праи друштво, си праиме муабет Полека се спријателува, дефинитивно не ми ги сака прстите, нејќе да се гали со рака, го галам со глава иначе ми јаде од рака, и неколку пати ми застана на глава и на рамо (понекад и на врат коа работам на компјутер), се спушта на маса и сака да ми јаде од јадењето, се кара со виљушката и ми ја гризе ... Не го форсирам на ништо, му зборам и го анимирам, ама го оставам сам да ми пријде. Има уше многу моменти, ама знам дека сите веќе сте ги доживеале со вашите пријателчиња, па да не ви бидам досадна

Иначе има еден нов момент со Боби, последнава недела многу сака да седи во вц, влага и се обесува на шипките за сушење алишта па од таму го вадам со метла, хахааха... Хит му е вц-то периодов, не знам зашто..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.701
Neznam zošto i mojot kakariki obožava da stoi vo kupatilo....nesaka da izlezi od tamu!!!!!

Dali e toa ljubopitnost deka retko odi...ili možebi kako što vikaš vlagata.....nešto ima
 
K

Kacar

Гостин
opikoo.jpg

Лејдис енд џентлмен, Ова е Шемса, дека е сештобојна, индиско ( ромско ) име и/му дадов. Не знам ни кој пол е.
 
Член од
5 март 2013
Мислења
253
Поени од реакции
282

Дај слика од Боби да го видиме фраерот[DOUBLEPOST=1495154775][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 171124

Лејдис енд џентлмен, Ова е Шемса, дека е сештобојна, индиско ( ромско ) име и/му дадов. Не знам ни кој пол е.
И како е Шемса?
 
K

Kacar

Гостин
Дај слика од Боби да го видиме фраерот[DOUBLEPOST=1495154775][/DOUBLEPOST]
И како е Шемса?
Исплашена, мирна, и дадов класје јадеше. Ќе се припитоми, бебе е , мала е, груби пердуви има дека е бебе, ќе ми биде најбољи френд наредниве ако бог да минимум 20 години.
 
Член од
5 март 2013
Мислења
253
Поени од реакции
282
Прекрасни[DOUBLEPOST=1495190987][/DOUBLEPOST]
Многу си го натунтал кафезот..не се осеќаат убаво..огледало не им треба,скалата не им треба, мора да имаат простор барем крилата да ги рашират..затоа не јадат ни коска ни овошје..не се осеќаат удобно..што поесноставно во кафез тоа подобро
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.701
Или пак козица, искуство со козиците и карактер ?
По темперамент е некаде помеѓу тигриците и розе колинсот. Доста е радознал и сака све да провери и да види...во одење малку како да е тромав, но за правење на пируети му нема рамен. изненадно полетува на една страна и после кратко време свртува одма во спортивна страна. Кога прави вакви враголомии, обично знае да ми помини над глава, така што малку и да ме закачи со пердувите. Многу пати ако не му обраќам пажња, знае да ми пролета помеѓу мојот нос и екранот од компјутерот:ROFLMAO:

Отпочеток јадеше само сончоглед, но сега јади све со ред, и кога се ставува на маса, тој е прв. Јади скоро све, но не му даваме месо и месни производи(од искуство знам дека е лошо)

Знае да кажи некој збор, а тоа најмногу го користи за молење за излегување од кафез. Кога ќе излези...не те шиша повеќе. кажува џиџ-џив, што прајш што прајш, ееееее(ова е молење за излез), ееооо...

Кај мене се приврза до ќерка ми, и нејзе најмногу ја сака. Јас сум му синоним за давање на јадење и пуштање на слобода

Најголема мана е што е малку несмасен....знае да застани на жежок предмет и да не реагира, а на неколку пати вртејќи се со опашот за малку ќе го потпалеше на плинот.

Вака се моли за пуштање од кафез:
https://www.youtube.com/watch?v=xsc_HDT7YnE

Последно уредено:
K

Kacar

Гостин
По темперамент е некаде помеѓу тигриците и розе колинсот. Доста е радознал и сака све да провери и да види...во одење малку како да е тромав, но за правење на пируети му нема рамен. изненадно полетува на една страна и после кратко време свртува одма во спортивна страна. Кога прави вакви враголомии, обично знае да ми помини над глава, така што малку и да ме закачи со пердувите. Многу пати ако не му обраќам пажња, знае да ми пролета помеѓу мојот нос и екранот од компјутерот:ROFLMAO:

Отпочеток јадеше само сончоглед, но сега јади све со ред, и кога се ставува на маса, тој е прв. Јади скоро све, но не му даваме месо и месни производи(од искуство знам дека е лошо)

Знае да кажи некој збор, а тоа најмногу го користи за молење за излегување од кафез. Кога ќе излези...не те шиша повеќе. кажува џиџ-џив, што прајш што прајш, ееееее9ова е молење за излез), ееооо...

Кај мене се призрза до ќерка ми, и нејзе најмногу ја сака. Јас сум му синоним за давање на јадење и пуштање на слобода:angel:

Најголема мана е што е малку несмасен....знае да застани на жежок предмет и да не реагира, а на неколку пати вртејќи се со опашот за малку ќе го потпалеше на плинот.

Вака се моли за пуштање од кафез:
https://www.youtube.com/watch?v=xsc_HDT7YnE

Хахаха, јако.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Некој ветеринар во Скопје со познавање околу папагали познавате?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Во право е @ri4iri4 , многу работи им имаш ставено во кафез. Освен храна, вода и коската друго не им треба. Јас едно чувам во толкав кафез, он додуша не ни седи во кафез али секоја минимална промена ако ставев порано нешто ново му сметаше и сега освен поилките ништо нема. И таа лулашката не ја користи, али не му ја тргам, знае некогаш да се префрла преку неа.

Некој ветеринар во Скопје со познавање околу папагали познавате?
Нема некој со огромно познавање за папагали, но мислам дека страни поназад во темава некој имаше пишано дека се колку-толку задоволни од ветеринарната болница во Автокоманда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom