@
Шкорпион ме престигна со неговата реплика во пост
#29573.
Признавањето на македонската нација од страна на Бугарија е многу лесно и едноставно за реализирање во два потега.
Првиот потег е Бугарија да продолжи како и досега да им издава бугарски пасоши на Македонците, но да им дозволи да се декларираат како Македонци по националност во бугарските државјанства, а со тоа и во пасошите, личните карти, возачките дозволи и сите останати лични документи да можат да се декларираат како Македонци по националност.
Вториот потег е одобрување на регистрацијата на ОМО Илинден Пирин и на било кои други македонски политички партии во Бугарија како политички партии кои ги бранат интересите на македонското малцинство во Бугарија.
Со ваквото признавање на македонската нација и на македонското малцинство во Бугарија, теренот ќе биде одлично израмнет за отпочнување на нови подобри односи помеѓу Македонија и Бугарија.