Designated Survivor

  • Креатор на темата Креатор на темата Zedd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946

Бев скептик во врска со серијава ама излезе дека е пријатно изненадување. Се работи за политичка драма/трилер кој што се случува во Вашингтон DC. Во главната улога е Кифер Сатерленд и секако дека веднаш се прават споредби со 24.

Како што се гледа и од трејлерот Кифер глуми човек кој што е ниско рангиран во администрацијата на тогашниот претседател. Поради тоа кај него се паѓа "паричката" да биде членот кој што нема да присуствува на годишното обраќање на Претседателот кое што е голем настан во САД на кое што присуствува целото раководство на земјата. За оние што не знаат одредени поединци од раководството се ставаат во безбедни простории за во случај на тероризам да има кој да го превземе кормилото што и се случува. На прв поглед веднаш ќе има осомничени и една организација ќе ја превземе одговорноста, но сепак не е се така како што изгледа.

Искрено на моменти може да делува серијата доста лошо но во глобала првата сезона, или првиот дел од првата сезона (11 епизоди до сега) како целина се многу добри. И би можел да ја препорачам.
 
Незнам, не сум ја гледал серијава за да судам.
Можеби ова е ствар на личен вкус, НО...
Според мене веќе има ПРЕМНОГУ серии со такви некои "елити",борба за моќ, власт, пари и статус како центар на дејствието. И затоа можеби не ме заинтригирала серијава да ја гледам иако гледам дека има позитивни критики по интернет.
Едноставно не верувам дека серијава може да понуди нешто ептен различно од она кое веќе го има/ло во милијарда други (условно кажано) слични серии.
Ме заболе курот веќе за политичките/бизнис/корпорациски/мафијаши елити во америка и нивната борба за моќ.
 
Ја симнувам да видам што серија е.Се надевам дека е по мој вкус.
 
Сега за сега добра серија, се надевам нема да ја уништат до крај.
 
Не е лоша сега за сега, има некои моменти во целата приказна кога се чина дека е too much, малку влага во домен на теории на заговор, ама добро.

Најмногу ја гледам ради Џек Бауер :icon_mrgr: Ја обожавам 24, па кога видов дека снима нова серија, и тоа во улога на претседател, морав да погледнам.

Ми се допаѓа како е прикажан Меклиш, агентката на ФБИ ми е онака просек, и ликот и глумата.

Има страшно добри cliffhangers, последнава пред зимската пауза како заврши, сакав да го упуцам телевизорот. :boksix:

Ако некој планира да ја гледа а го мрзи да чека една недела до наредната епизода без да знае што се случило, подобро да почека да излезе цела серија.
 
Серијата е одлична,ја изгледав во еден ден.Мене ми се допага,препорака за секој кој сака серија со теорија на заговот.Инаку кога втора сезона?
 
Серијата е одлична,ја изгледав во еден ден.Мене ми се допага,препорака за секој кој сака серија со теорија на заговот.Инаку кога втора сезона?
Vtora verojatno od septemvri, ama ima uste pola od prvata, da ne mislis deka zavrsi :D

Jas taka se zeznav, ama ova e samo pauza, od nekade mart mislam pocnuva pak
 
Почна да се прикажува вториот дел од првата сезона
 
Ја изгледав првата сезона пред некое време. Нешто ко конкуренција на House of Cards :D Прво, ми се допадна многу идејата од старт, навистина остави простор да се развива во многу неочекувани правци. За разлика од Franck Underwood каде што редеше победи по победи преку генијални потези, со мали незгоди, цели две-три сезони се чудевме до каде ќе иде тоа и како понатаму без да затупе серијата (ја прекинав да ја гледам серијава од што ја затупеа), во серијава може да се шпекулира со разни заговори од старт. Ни глумата ни режија не се на ниво на Хаус оф Кардс, но ајде така-така, проаѓа, но многу идеи се исти, почнувајќи од неочекуваните „мудри“ одлуки на главниот лик. Но и овде ко у куќава од карти ми засмета тоа што уфрлија насилно либерална агенда, те дискриманција на муслиманите, те на хомосексуалците, проблемот со полицијата, мислам не би ми сметало ако е природен дел од нешто во приказната, ама ептен исфорсирано е, клише станува во серииве, иако е политичка. Ако веќе прават референци на општествени случувања, типот што демек имаше улога на Сноуден и неговата приказна во серијава беа добро вклопени според мене. Многу амерички патриотизам, многу социјални референци, многу клишеа ко своеглави агенти со натчовечка интуиција и херојски подвизи, генерали што само посакуваат и мислат војна и тн.

Но и покрај многу веќе видени и нелогични работи, мислам дека имаат шанси да ја спасат серијава да биде забавна барем ако не друго, за тие што сакаат серии од ваков тип. House of Cards, дали од 3та или 4та сезона, во првите неколку епизоди ми стана до толку многу досадна и одбивна што ја прекинав, иако имав доста висока оцена за првите 2 сезони.
 
Првата сезона уште не заврши, продолжи на 8ми Март
Ок, сеедно како решиле да е форматот. Ја гледав на Нетфликс и не знаев од кога е, мислев е завршена и следи 2ра.
 
На моменти ми е одлична, на моменти ного лоша. Искрено има ептен дупки во сценариото ама ок, ликовите ми се симпатични и приказната е забавна.
 
Какви сцени има во серијата на моменти личи на комедија. Во секој случај е забавна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom