- Член од
- 5 април 2012
- Мислења
- 8.122
- Поени од реакции
- 8.911
Бев скептик во врска со серијава ама излезе дека е пријатно изненадување. Се работи за политичка драма/трилер кој што се случува во Вашингтон DC. Во главната улога е Кифер Сатерленд и секако дека веднаш се прават споредби со 24.
Како што се гледа и од трејлерот Кифер глуми човек кој што е ниско рангиран во администрацијата на тогашниот претседател. Поради тоа кај него се паѓа "паричката" да биде членот кој што нема да присуствува на годишното обраќање на Претседателот кое што е голем настан во САД на кое што присуствува целото раководство на земјата. За оние што не знаат одредени поединци од раководството се ставаат во безбедни простории за во случај на тероризам да има кој да го превземе кормилото што и се случува. На прв поглед веднаш ќе има осомничени и една организација ќе ја превземе одговорноста, но сепак не е се така како што изгледа.
Искрено на моменти може да делува серијата доста лошо но во глобала првата сезона, или првиот дел од првата сезона (11 епизоди до сега) како целина се многу добри. И би можел да ја препорачам.