Карикатура, портрет на познати личности!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Првите човечки цртежи во пештерите како порака на соговорникот (оти се уште не се разбирале со зборување) секогаш со знаци и нацртани со доза на хумор и смеа како основа за писменоста и азбуката со право наречена најстара уметност т.е. денес една од најомилените уметнички техники - КАРИКАТУРА !
една од мои најомилените техники на уметничко изразување со доза на хумор, смеа и симболика!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Германскиот уметник Партик Строгулски и неговите интересни карикатури на познати личности



Brad Pitt



Bruce Willis
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
И која е дискусијата?
Или ова е пинтерест а не форум?
како што е дискусија на сите теми што се отвараат, тема е- разговор околу карикатурата, можеби некој ти направил портрет карикатура додека си се шетал покрај ривијера или некое искуство....
но гледам наместо да учествуваш и да ја надградиш ( очигледно и модератор си) даваш насока дека ќе ја избришеш... па бриши!!!
само предходно кажи што тема е ОВА??? ова е форум или доза на заебанција??

https://forum.kajgana.com/threads/Дневна-доза-сликарство.83602/
 
Ф

Флеш

Гостин
како што е дискусија на сите теми што се отвараат, тема е- разговор околу карикатурата, можеби некој ти направил портрет карикатура додека си се шетал покрај ривијера или некое искуство....
но гледам наместо да учествуваш и да ја надградиш ( очигледно и модератор си) даваш насока дека ќе ја избришеш... па бриши!!!
само предходно кажи што тема е ОВА??? ова е форум или доза на заебанција??

https://forum.kajgana.com/threads/Дневна-доза-сликарство.83602/
Во право е
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
одлична тема што фалеше тука . не знам дали има слична,затоа што треба да се прошири и со други под-наслови,на пример и општо Карикатури или оние од галериите на Остен, инаку годиниве баш многу и познати карикатуристи не напуштива,мислам на македонските. А за дискусии и има што да се збори...може и ова бидеиќи сите не купуваме дневен печат може овде да ги постирате карикатурите од таму,посебно се сега интересни оние за политичарите од старата и новата влада.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Истакнување нечии физички особини на забавен, духовит начин, навистина е голема уметност.
Како за почеток, еве го мојот омилен Џорџ Клуни
quiz_image56abecf0ed3ed.png

Да се потсетиме и на Мајкл Џексон
quiz_image56abed1c0e2ae.png
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.786
Поени од реакции
29.223
,,,,bravo ,,,(y),,,,


,,,poznatata ,,,Andzelika,,,,[DOUBLEPOST=1495136748][/DOUBLEPOST]



,,,strava,,,,,:icon_mrgr:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Jacques Offenbach композитор и француски- германски челист (1810-1880)



карикатура од познатиот француски карикатурист Gaspard-Felix Tournachon - Nadar (1820-1910) и на кој начин го гледа композиторот и челистот Jacques Offenbach !... потенциран орловски носи огромно чело како дел од смешната карикатура !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
да додам кој е автор на овие карикатури со тематика од најново време, да не речам од најактуелна македонска сцена, тоа е Сабедин Ејупи - Саугон


Роден бил на 29 јули 1956 година во скопска Патишка Река, за време на основното и средното образование, се истакнувал со музички па и со ликовниот талент од кога почнал со изработка на портрети и карикатури.
Својата триесетгодишна меѓународна кариера како карикатурист и портретист ја започнал работејќи во 1984 година во Корчула, Хрватска па во Порторож, Словенија, за да од1987 до 1990 година активно работел во Пореч, Хрватска, посветувајќи се на изработката на портрети, во 1991 година работел во Скиатос во Грција и во Бодрум, Турција, а подоцна, истата година заминал за во Копенхаген, Данска, во 1992 година работел на грчките острови Парос, Кос, како и во Турција, во Чешме, Анталија и Аланија и Северен Кипар, во 1995 па се до 2007 година, активно работел во туристичкото гратче Ричоне, Италија па во 2008 и 2009 година работи во Охрид, Македонија, а следните две лета ги поминува работејќи во Саранда, Албанија.



карикатури на познати и на обични луѓе од раката на овој уметник...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom