Дневна доза сликарство

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.808
Поени од реакции
7.101
Сликарството е некако најмалку застапено на овој подфорум, па затоа се решив да отворам тема. Се надевам ќе има за што да дискутираме. Планот ми е да се постираат слики од ваши драги сликари и сликарки, а и понекоја дискусија за нив.

Јас ќе започнам со Здзислав Бексињски. Здзислав Бексињски е еден од најпознатите полски сликари и фотографи на 20тиот век. Умрел во 2005та година, откако бил убиен со 17 убоди во сопствениот стан од 19 годишник на кој не му позајмил пари. Неговиот син се самоубил за време на Божиќ, во 1999та година. Главно, неговите слики се окарактеризирани како дистописки реализам, а тој самиот ги карактеризирал како барокни или готски. Никогаш не студирал ликовна академија, туку студирал архитектура. Има проектирано неколку серии на автобуси. Моментално ја читам биографијата напишана за него по која е снимен и филм. Најчесто не им ставал наслов на сликите.




zdzislaw_beksinski_005.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.351
Поени од реакции
37.143
Лазар Личеноски ( 1901- 1964)


Лазар Личеноски бил роден во Галичник 26 март 1901 год, а починал 10 април 1964 год во Скопје, како дете живеел во Призрен и во Тетово, во Скопје се запишал во Гимназија, а продолжил во Тетово, но не ја завршил бидејќи бил принуден да работи во столарската работилница на татко му, првите приходи ги заработувал со пишување букви на фирмите во тетовската чаршијата, во 1921 година заминал во Белград, каде што се запишал во Уметничката школа и таму Личеноски работел од 1921 до 1927 година.



се смета за основоположник на современа ликовната уметност во Македонија, сликал мртва природа,портрети, а најповеќе пејсажи, креирал и мозаици, додека ѕидни техники специјализирал во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929) ,



живеел во Белград, а потоа во Скопје, бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ, добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година...



негови дела „Мајка со дете“, „Галички девојки“, „Мајстор-кујунџија“, „Апотеоза на трудот“ „Бачила“, „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари„ како и по земјотресот, под шаторско крило во дворот на разурнатата куќа, насликал неколку платна од катастрофалниот земјотрес...

 
Последно уредено:

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
695
Поени од реакции
2.234
Јан ван Ејк (1390 - 1441), ранофламански ренесансен сликар, активен во Бриж. Бидејќи за неговиот живот се знае доста малку, нема да го тупам со биографии, туку само ќе поставам неколку слики па вие кажете дали неговите личности од сликите, било машки или женски, не личат на Путин... :pos:









 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

Gao Xingjian - роден во Кина а денес граѓанин на Франција. Тој е писател, преведувач, драматург, режисер, актер и меѓу другото... сликар. Во 2000 година е награден со Нобеловата награда за литература.
https://www.artsy.net/artist/gao-xingjian-gao-xing-jian - тука на страничката се прикачени повеќето од делата кои исто така ги користи како кавери за своите книг. Така и започнува... за денес да биде еден од попродуктивните современи уметници.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297



Paul Klee(18 December 1879 – 29 June 1940) германско-швајцарски сликар. Стилот го оформил под влијание на кубизмот, експресионизмот и надреализмот. Зад себе има оставено повеќе од 10 000 дела.
A line is a dot that went for a walk.

Art does not reproduce the visible; rather, it makes visible.

One eye sees, the other feels.


Кле за време на студиите потрошил доста време на проучување на бојата. Во една пригода дал изјава:“Color has taken possession of me; no longer do I have to chase after it, I know that it has hold of me forever… Color and I are one. I am a painter.” - Поради оваа изјава денес е уште познат како „Newton of Color“.
Неговите дневници кои ги водел додека предавал во едно уметничко училиште во Германија денес се сметаат за основа на модерната уметност ( Библија на модерната уметност).
Починува по седум години откако му е дијагностицирана склеродерма. болеста не го спречила да твори. Напротив последните седум години од неговиот живот се сметаат за едни од најпродуктивните.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Денес го одбрав Александр Шумцов или Аруш Воцмуш.
Денес постојат огромен број на технички подготвени аварелисти, меѓутоа многу мал број од тие се способни да создадат и да го изразат својот уникатен свет со водени бои а исто така да ја пронајдат својата уникатност во манирот на изразување со оваа техника.
Според многу критичари и уметници овој руски акварелист го постигнал тоа.
Шумцов е роден 1967 во Омск. За време на студиите го создава псевдонимот Аруш Воцмуш и истиот до ден денес твори под тоа име.
Зошто акварел???
Во неколку наврати сликарот има изјавено дека му се допаѓа тоа колку водените бои се лесни и се разлеваат убаво за разлика од маслените кои тешко се нанесуваат бараат многу време да исушат, валкаат. Самиот признава дека акварелот потполно кореспондира на неговиот карактер- комплетно и брзо реализирање на идеите, без премногу чекање со цел да не се изгуби интресот и првичната слика.

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Надреалистот Рене Магрит (1898-1967) беше за мене своевидно откритие, и искрено, потсетување на одреден стрип кој како дете го имам читано. Уметноста ја има и на места каде што не ја очекуваме секогаш.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom