Android програмирање

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Дали некаде може кај нас да се започне за пракса по андроид програмирање?? Сакам некаде да започнам, за да научам повеќе, не ми се дава пари за курсеви, пошто курсевиве кај нас се катастрофа. Започнав сам да учам јава и по малце Андроид Студио го чепкам, но незнам како и што да правам, пошто не ја знам Јава многу добро.
Некој совет?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
16
Поени од реакции
0
(С++, не Андроид) Ајде мала помош ако може: инсталирав Code::Blocks со GNU CC Compiler. Одев на курс порано, а сега за школо ми треба. Прва сум. Кога одам преку Empty File со мој код во C, не ми прави проблем (гледав на YouTube неко видео). АМА, кога ќе пробам преку Console Application дури и она почетното cout << "Hello World" << endl; ми дава "Information: It seems that this project hasn't been built yet. Do you want to build it now?". Кога ќе кликнам Yes не прави ништо, кога ќе пробам No дава .exe (црното прозорче), ама само со: "Process returned 4256912 (0x40F490) execution time : 0.001 s
Press any key to continue." И тоа е тоа. Ми иде на нерви а плус имам и проектна информатика. Немам друг компјутер :/ Ве молам за помош.
 
Член од
4 јануари 2009
Мислења
91
Поени од реакции
5
кажете некоја идеја за андроид апликација :)
Може да ти дадам еден предлог, апликација за пчеларски дневник. Има во app store една на српски ама не е баш добра има багови па ако сеуште се замнимаваш со андроид програмирање и ако те заинтересира предлогов мислам дека ке има заинтересираност понатаму. Поздрав :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.442
Поени од реакции
27.242
Може да ти дадам еден предлог, апликација за пчеларски дневник. Има во app store една на српски ама не е баш добра има багови па ако сеуште се замнимаваш со андроид програмирање и ако те заинтересира предлогов мислам дека ке има заинтересираност понатаму. Поздрав :)
Лее чоек, од кај ми го најде постот. Не се занимавам, не ни почнав да се занимавам. Сакав, ама ете никој не ми даде идеја во тој момент, а сега немам време баш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Неколку месеци веќе како учам Андроид сам од видеа и останати материјали што најдов по нет, дај препорачајте некој курс и тестирања со кои може да се дојде до сертификат меѓународно признат, нормално и со некоја ок цена?
Ги гледав овие http://www.androidatc.com/pages-16/Eng/Android-Certified-Application-Developer
Но пред се ми треба заедно со некоја подготовка од неколку часови околу теоријата т.е барем конретни материјали од каде да учам, да не испадне во материјалите да ми фали некој дел и да ми паднат од него прашања, не сум по вокација програмер и глупавото е што може на некоја ситница од теорија да губам поени на тестовите.
Ме интересира исто и околу Android NDK toolset, пред да почнам да учам Андроид имав веќе искуцано доста кодови баш за апликацијава што сега ја правам во C++, дали има разлика во брзина на работа на апликацијата ако ги искористам тие како native C++ преку NDK, да не ги прекодирам во Андроид?
Таргет само уреди што користат Андроид Ноугат, значи уреди со доста добар хардвер.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.991
Поени од реакции
12.553

Сертификат скоро никој и да не ти бара, најважно е да имаш апликации кои зборуваат за тебе :)
Еден совет мене што ми го дадоа кога почнав да се занимавам со Андроид е да го гледаш нативниот код, види како се имплементирани View,Activity,AsyncTask класите. Вака мислам најдобро ќе научиш. Од книгите можам да ти ја препорачам Busy coder's guide to android development. За курсеви, тука има интересни некој.
Неам користено NDK досеа ама примарната намена му е баш да не го прекуцуваш кодот :) И Google го препорачуваат за time-sensitive операции со големи пресметки, така да не гледам зошо би имало некој лош импакт врз перформансите, ако ништо друго треба да ја убрза.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Сертификат скоро никој и да не ти бара, најважно е да имаш апликации кои зборуваат за тебе :)
Еден совет мене што ми го дадоа кога почнав да се занимавам со Андроид е да го гледаш нативниот код, види како се имплементирани View,Activity,AsyncTask класите. Вака мислам најдобро ќе научиш. Од книгите можам да ти ја препорачам Busy coder's guide to android development. За курсеви, тука има интересни некој.
Неам користено NDK досеа ама примарната намена му е баш да не го прекуцуваш кодот :) И Google го препорачуваат за time-sensitive операции со големи пресметки, така да не гледам зошо би имало некој лош импакт врз перформансите, ако ништо друго треба да ја убрза.
Ти благодарам, сертификат барем повеќе за надвор од тука, бидејќи и во тоа што ми е професија секогаш е муабетот дека не бараат, али кога сум испраќал CV и наведувам софтвери во кои работам скоро секогаш ми бараат сертификати, мој впечаток е дека на странциве им треба секогаш документ како доказ дека си стручен за одредена област, но можеби грешам.

Околу NDK ќе мора да го користам кодот во C++ бидејќи мислам дека нема ни да ја направам апликацијата ако мора да го прекуцувам тоа, доста сложени алгоритми се и тогаш изгубив неколку месеци за да ги средам, може да направам одредени измени со оглед на тоа што сакам апликацијата да биде што е можно поедноставна за користење, па би правел некои комбинации позадински.
Околу Opensource кодовите, дали смеат да се користат како дел од апликацијата, доколку ми се вклопува во апликацијата да го искористам од тие што ги имаат постирано на github?

Како оди на Андроид маркет приказната, кога ќе ја направам би сакал да ја ставам на продажба таму, колку се плаќа годишно за акаунт таму, дали се доплаќа доколку биде наменета за повеќе земји во светот или не менува тоа ништо? Доколку имам user-manual може да го прикачам директива со апликацијата на андроид маркет или ќе мора да дигнам страна за апликацијава и таму да ги ставам потребните документи, а само линк пропратен каде може да се информираат на андроид маркетот?
 
Не знам што да ти кажам, во моја околина скоро сите програмери што заминаа за надвор заминаа без никакви сертификати, ама затоа портфолиото го средуваа скоро по година дена. Така да тука не знам стварно што е попаметно.

Иначе можеш да ги користиш сите open source библиотеки, јас во некои апликации каде што библиотеката ми вршела работа ама требале дополнителни модификации на кодот само кодот си го копирам и го модифицирам.

За да ја поставиш на Play Store се плаќаат само 25 долари за креирање на акаунтот, после можеш со тој акаунт да поставиш колку сакаш апликации. На глобално ниво ти е апликацијата освен ако не е дефинирано поинаку. Околу user manual-от, мислам дека е не добро user experience да прикачиш пример pdf со инструкции како да се користи апликацијата. Биди сигурен дека 90% од корисниците нема да се испозамараат да го спуштат. Доколку е премногу сложена, поедностави ја. Или постави tips внатре во workflow-то, ама да бидат едноставни, една проста реченица да ја опишува акцијата проследена од корисникот.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.991
Поени од реакции
12.553
Од денес и Котлин е официјален програмски јазик за Андроид.
Има некој тука што програмира во Котлин да сподели искуства?
 
Leb

Член од
9 март 2017
Мислења
33
Поени од реакции
7

Котлин е измислен за Јава. Уште од стартот кога имаше само две книги од кои само едната беше конкретно наменета за Андроид програмирање бев почнал со Котлин и само ќе ви кажам префрлајте се нема да се каете.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.991
Поени од реакции
12.553
Котлин е измислен за Јава. Уште од стартот кога имаше само две книги од кои само едната беше конкретно наменета за Андроид програмирање бев почнал со Котлин и само ќе ви кажам префрлајте се нема да се каете.
Бенефит?
 
Leb

Член од
9 март 2017
Мислења
33
Поени од реакции
7
1. Бенефит ти е што нема да имаш никаде факинг null pointer exceptions, 2017 сме срамота е.

2. Во 90 % од случаите loc во Котлин < Java. Верувам дека си го цениш времето така да помалку пишување подобро за тебе.

3. Google ги мноогу подржува Jetbrains и во иднина полека ќе престанат да даваат подршка за Јава за да не ги ебе Oracle повеќе така да сакал нејкел ќе се префрлиш на Котлин. Подобро порано, одколку подоцна.

4. Да се надоврзам на точка (3). Ќе се прашаш како може Гугл да се отргне од Оракл со Котлин кога и Котлин е JVM јазик. Изгуглај Kotlin Native. Тотално ќе биде независен од ЈВМ и достапен на сите платформи. Нема што да ти кажувам повеке.
 
Читав некаде околку NPE и како Котлин се справува со тоа, ама искрено не разбрав, во моментот не бев многу заинтересирана па не обратив внимание.
Околу точките 3-4 не знам баш, многу голем чекор е тоа, а и да се деси ќе треба многу време. Може го претставија како официјален јазик за Андроид ама колку ќе им треба да развијат стабилно апи? Додуша и тоа за Јава не е којзнае колку стабилно али ајде :D
Предноста кај Јава е тоа што утре нема работа за Андроид, топ, се префрлам работам веб без проблем. Кај Котлин цврц.
Ќе седнам утре најдов едно проектче во Котлин ќе го разгледам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom