Основна лекција за лидерството наспроти шефувањето, и за обединетоста наспроти поделбата.
http://off.net.mk/zezalici/meshano/shto-eden-narod-mozhe-da-nauchi-od-volcite
Што еден народ може да научи од волците?
18 Мај 2017 - 20:18
Бидејќи оние силни историски лекции за формациите на фалангата и слично не ни помогнаа баш многу, да пробаме да научиме нешто од волците. Пазете, овде дури и за нив имаме погрешна претстава па ја шириме онаа дека „на волкот му е дебел вратот зашто сам си ја брка работата“. А не е баш така. Да видиме како функционира една волчја формација во секојдневието.
Првите три волка се стари и болни. Тие го одредуваат општото темпо на глутницата бидејќи се најбавни од сите.
Следните пет се од најсилните и најдобрите, задолжени за заштита доколку некој нападне од напред.
Во средина се „обичните граѓани“, заштитени од двете страни.
Зад нив се уште петмина членови на групата, исто од редот на најсилните и најдобрите. Задолжени се за одбрана во случај некој да напад од зад грб.
Последен е водачот. Тој обезбедува никој да не биде оставен после него. Го надгледува единството на групата и патот по кој оди и подготвен е во секое време да интервенира онаму каде што е потребен.
Кај волците, ТОА се нарекува водство.
Тимот на Катица етапно ќе влезе и ќе го реформира ОЈО. Значи нема потреба СЈО како одделна институција да егзистира во Уставот. Доволно е да премини како оддел во рамки на постоечкото јавно обвинителство и така практично ќе ги наследи сите законски бенефиции од типот - закон за заштитени сведоци итн итн.
СЈО во секој случај ќе опстои на правната сцена, по наредба на Вашингтон нормално.
Тоа воопшто не е прифатливо решение, бидејќи така се затвора можноста за формирање на ново СЈО во иднина, бидејќи пастирот и пвеводбениците не беа први, а нема да бидат ни последни за кои ни притребало СЈО.
Подобро решение е менување на Уставот, така што самиот Устав би дозволувал формирање на специјално јавно обвинителство во иднина доколку околностите го бараат тоа. Во САД специјалните обвинители се секојдневие во посебни случаи на криминал или корупција, бидејќи министерот, односно во САД ги нарекуваат секретари - секретарот за правда на САД, истовремено е и главен државен и јавен обвинител, а вообичаено државнит секретари - исто како и министрите во сите држави низ светот, се членови на политички партии.
Единствено на локално и регионално ниво дозволено е граѓаните на избори да го бираат локалниот/регионалниот државен и јавен обвинител, но повторно негов надреден е сојузниот државен и јавен обвинител, а на сите нив повторно надреден е главниот државен и јавен обвинител на САД.
Токму поради ова во САД постојат специјалните обвинители, кои вообичаено се назначени од страна на државните и јавните обвинители, но доколку барем една од вмешаните страни изрази сомнеж поради евентуалната пристрасност на државниот и јавниот обвинител, изводливо е негово изземање, поради што специјалниот обвинител за конкретниот случај ќе биде назначен од страна на заменикот државен и јавен обвинител или некој друг државен/јавен службеник овластен за тоа.