Со што кола иде на работа сестра ти бе валво, со БМВ 5ка? Голфот мој троши 5 литри на 100 км на отворено, дизелот во Словенија е некаде евро литар, ќе му дојде помалце од 5 евра на ден. Плус таму нема гужви, патиштата се писти, потрошувачката е каде каде помала. А и 20 работни дена има во месецот, еве да иде и сабота, сигурно не ја работи секоја сабота.
Јас работам во Автокоманда а живеам во Ѓорче, знаеш јас колку трошам на гориво месечно со оглед на тоа дека ги фаќам најголемите гужви на Пластичарска и Мавровка? Ама си имам пресметано дека платата ми го издржува превозот и ми се исплати. Што е ова 70 километри, како во Велес да работиш, па Словенија уште помала е, што не го смени местото на живеење? Барем словенечките градови се горе доле сите исти по инфраструктура и квалитет на живот.
Што се однесува до работодавецов, во оној момент кога ќе видам дека нешто не оди кај што сум, ќе си дадам оставка, нема да седам и да кукам по форуми дека ми е тешко, исто како што си дадов оставка во минатата фирма кај што бев.
Истото би и го препорачала и на сестра ти чим и е мака таму како што пишуваш ама пустата или те лаже тебе или има штуро образование/способности како работник па нема многу избор. Исто и се фаќа и во било која земја да отиде, за тука да не збориме. Уствари убаво ти пишале гледам, нека дојде тука во Ван Хол или Маркард, од дома ги земаат, исти Гугл