Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
А како реагираше полицијата контролирани од патриотите на скопското кале? Зошто им ги ваѓаа лисиците на тепачите, а ги притвораа тепаните? Ајде не се филмај, ова не е од сега со знамињава по трибини. Иначе честито опозиција.

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Знаев дека муабетот ќе се сврти и за цени за забарите :pos: PROKLETA SI EVROPO111!!
Абе скапо им е за живеење таму ама пак идат, не седат во вукојебинава. За посматрање се.

Мочана пломба вика бе. Абе некој за таа мочана пломба да му ја стави учел 10 години факултет и тоа изгор скапи факултети не како кај нас, лиценца за работа става на тапет со секој нов пациент што ќе му влезе во ординација, скапо му било 150 евра. Проблемот е што кај нас медицината како професија е донесена на ниво на бичкијање дрва па евтини се услугите, исто што и платите ни се ниски па оборени се цените. Понижување е бе човече 450 денари да е пломба како кај нас. Па само да ја замешаш која процедура е... Да не зборам за материјалите за работа што се увезуваат дека се Ш класа, шлајмот од Европа ама сигурно нема на Валво да му го објасниш тоа.
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
Абе скапо им е за живеење таму ама пак идат, не седат во вукојебинава. За посматрање се.

Мочана пломба вика бе. Абе некој за таа мочана пломба да му ја стави учел 10 години факултет и тоа изгор факултети не како кај нас, лиценца за работа става на тапет со секој нов пациент што ќе му влезе во ординација, скапо му било 150 евра. Проблемот е што кај нас медицината како професија е донесена на ниво на бичкијање дрва па евтини се услугите, исто што и платите ни се ниски па оборени се цените. Понижување е бе човече 450 денари да е пломба како кај нас. Па само да ја замешаш која процедура е... Да не зборам за материјалите за работа што се увезуваат дека се Ш класа, шлајмот од Европа ама сигурно нема на Валво да му го објасниш тоа.
Баш, еве ти накратко ова поврзи го со здравството наше совршено и со мочаните пломби од 450 денара што ти ги става некое партиско војниче што врши хирушки интервенции во алкохолизирана состојба и сл


Колку ќе платиш толку ќе клатиш не рекле џабе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Баш, еве ти накратко ова поврзи го со здравството наше совршено и со мочаните пломби од 450 денара што ти ги става некое партиско војниче што врши хирушки интервенции во алкохолизирана состојба и сл


Колку ќе платиш толку ќе клатиш не рекле џабе.
Угриновски неврохирургон кога кажа пред доста време, парафразирано, за 3000 марки конзерва не отворам, не па глава, фрлаа дрва и камења по него, невоспитан, уфилман, беден.

Сега зш старее човекот нормално и не може со исто темпо да оперира толку многу одеднаш, се тепаат за кај него, колку сакаш земај само оперирај, нели кога другите асални фатија џаде од државава.

Експерти како него си ја ценат дипломата и сакаат поврат на сето тоа а и така треба и да биде. Човекот не спиел за да стане прва класа неврохирург, глави отвора, еден погрешен потег, отиде се.

Така треба да е со сите професии, да им го вратиме достоинството и на правото и на медицината и на економијата. Е тогаш нема да има пломби од 450 денари ама нема да ни менува колку се кога:

А) ќе знаеме дека одиме кај квалитетен кадар а не пијаници со сумливи дипломи
Б) стандардот и куповната моќ по човек ќе се покачени каде каде
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Денес со Пелистер?
Од летоска е, подлогана доле кажува дека е Градски, Шкендија против Пелистер денес играше во Струмица.

Insert coin to continue
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.398
Поени од реакции
9.005
Угриновски неврохирургон кога кажа пред доста време, парафразирано, за 3000 марки конзерва не отворам, не па глава, фрлаа дрва и камења по него, невоспитан, уфилман, беден.

Сега зш старее човекот нормално и не може со исто темпо да оперира толку многу одеднаш, се тепаат за кај него, колку сакаш земај само оперирај, нели кога другите асални фатија џаде од државава.

Експерти како него си ја ценат дипломата и сакаат поврат на сето тоа а и така треба и да биде. Човекот не спиел за да стане прва класа неврохирург, глави отвора, еден погрешен потег, отиде се.

Така треба да е со сите професии, да им го вратиме достоинството и на правото и на медицината и на економијата. Е тогаш нема да има пломби од 450 денари ама нема да ни менува колку се кога:

А) ќе знаеме дека одиме кај квалитетен кадар а не пијаници со сумливи дипломи
Б) стандардот и куповната моќ по човек ќе се покачени каде каде
Затоа македонски политичар ниту има поминато лекарски преглед, ниту има уверение за неосудуваност, ниту поседува лиценца, но од одлуките на некој таков (односно, од одлуките на неговиот лидер, чиј слеп послушник е), зависи иднината на цела држава.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Sekoj mesec sum barem ednas vo slo at ili it. Gore dole site ceni moze da ti gi kazam. Vo slo sum platil 150e za edna najobicna dentalna intervencija so plomba. Eve isto za primer vestacka vilica kaj nas kosta 200-300e tamu od 3000e pa nagore.
Не ќе е била најобична интервенција изгледа. Ценовник во Љубљана.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
2006-2017 summa summarum:

Oliver Pankeroski
пред 32 минути ·


Што научивме во овие 10 години едноумие?

Научивме како да шверцаме алкохол од продавница после 19 часот, пошто освен Арабија, Палестина, Јордан и таквите како нив, и нас пред години ни воведоа некаков „дпмневски шеријат“. Научивме каде е Белизе и како преку оф-шор компании се изнесуваат милијарди евра од државната каса. Научивме дека за пракса на факултет ти треба партиска книшка. Дека образованиот систем ни е толку корумпиран, што половина министри/пратеници и обични партиски полтрони се стекнаа со дипломи за нереално краток временски период. Научивме дека објективната критика кон партијата на власт е „веле-предавство“, а обвинувањата за криминал се „кованици“ од некој си странски служби. Дека за работа во јавна администрација не ти треба ништо друго, освен слепо следење на пастирот и лижење нечии ануси. Дека загарантирано место во собранието и парламентот имаат поранешни терористи, убијци и злостроници. Видовме како половина народ молчи од страв и го вперува прстот кон оние што протестираат, наклеветувајќи ги како соросоидни платеници. Единствената позитивна работа, ако може така да се каже, станавме поснаодливи личности во општеството пошто не се потпревме на партии, организации и сл.
Сепак нема да се радувам додека крвниците на Мартин Нешковски не ги сместат зад решетки. Додека не се понесе одговорност за Тамара и не се конфискува целиот имот на корумпираните политичари! Се надевам дека еден ден ќе имаме нормален правосуден систем, кој нема да ги казнува луѓето за продавање марули, туку ќе ги затвора мегаломаните!

На крај! Пичкави материна за едноумието што ни го наметнавме во најубавите години. Арам да вие што придонесовте да се иселат сите наши другари, љубови, пријатели, роднини во последнава декада. Никогаш повеќе едноумие! Nie wieder! #NoMoreDictatorShip


Btw..



:ROFLMAO::tapp::vozbud::vozbud: EVROPO VAVILONSKA KURFOOO, kakof udar za mekotelite
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom