Повеќе од јасно е дека е договорено понатамошно виткање на кичмата на правниот систем за пастирот, неговите братучеди и нивните најблиски пвеводбенички пулени да извадат жива глава од кривично гонење, а во замена за тоа, ете му мандат на зајко кукурајко.
Хорхе никогаш и не ни бил некој синоним за бранител на интересите на татковината и на нацијата, па не е ни сега. Само купуваше време за да им ги спаси задниците на пастирот и на пвеводбениците.
Еве ова со укинувањето на притворот на Сеад Кочан е одличен пример за тоа што следува - понатамошно ослободување на криминалците од кривично гонење и од правна разрешница за нивните криминални дела.
Наивните кои веруваат во правна разрешница, допрва ќе си ги удираат главите од ѕид сега кога експресно ќе бидат отфрлени сите останати предмети на СЈО.
Кој знае, можеби Врховниот Суд ќе донесе одлука дека прислушкуваните телефонски разговори не можат да се земаат во предвид како докази, па со тоа и самото постоење на СЈО ќе биде непотребно и бесмислено, бидејќи СЈО се фокусира исклучиво на кривичните предмети кои произлегуваат од прислушкуваните разговори, а ако прислушкуваните разговори не се земаат во предвид како докази на суд, тогаш и самите обвинителни предмети на СЈО ја губат својата смисла и својата правна издржаност.
Значи пастирот и пвеводбениците сепак ќе си го троши криминално стекнатиот капитал низ Кариби, Доминиканска Република, Белизе, Бразил или во некои други тропски или субтропски предели, додека рајата тука се теши дека куртулиле од нив, но не и од долговите кои ни ги набилдаа.
Чича мича готова је прича.