Правна помош и совети

Член од
12 мај 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Имавме сообраќајна незгода , камион од спротивен правец изгуби контрола на лизгав пат и не смачка. Значи од колата нема ништо сета срека во несрека е што поминавме со лесни телесни повреди со сопругот. Јас имам извештај од психолог со терапија,дали тоа е тој документ за претрпен страв. Камо срека да не ја доживееме оваа несрека, но кога веке помина лошото сакаме да ја изодиме постапката до крај и ако ни исплатат некоја оштета. Какви уште документи ни се потребни во ваков случај!
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166

Треба да имаш Лекарски наод и мислење во вид на судско-медицинско вештачење. Доколку психијатарот што ти го издап извештајот што го спомна е овластен медицински вештак и истиот извештај го изготвил во вид на вештачење - стручен наод и мислење, тогаш тој документ е правно релевантен за да оди на суд. Во спротивно, треба да се обратиш до психијатар кој поседува лиценца за вешто лице и да ти изготви вештачење врз основа на тој извештај и да те прегледа.
Друго потребно е да обезбедите документи за сообраќајката - тоа би било судска пресуда или записник од полиција со кој се потврдува сообраќајната несреќа, идентитетот на лицата и исходот од истата. Штом викаш дека огромна штета има на вашата кола, сигурно ќе има или веќе има и кривична постапка против возачот на камионот, па ќе треба да се чека исходот на таа постапка за после да тужите во граѓанска постапка или па да се вклучите со оштетно побарување во кривичната постапка со јавниот обвинител кој ја води.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Прво нели треба со медицинско вештачење, записник од сообраќајката да се обрати до осигурителна компанија и од нив да бара материјална и нематеријална штета. По мене така се наплаќа материјална и нематеријална штета.
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Прво нели треба со медицинско вештачење, записник од сообраќајката да се обрати до осигурителна компанија и од нив да бара материјална и нематеријална штета. По мене така се наплаќа материјална и нематеријална штета.
Така е, доколку бил регуларно осигуран камионот. Законот ги обврзува оштетените прво да се обратат до осигурителната компанија кај која бил осигурано камионот за да бидат обештетени, а после им останува правото да бараат оштета во судска постапка доколку мислат дека не се во доволна мера обештетени.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Така е, доколку бил регуларно осигуран камионот. Законот ги обврзува оштетените прво да се обратат до осигурителната компанија кај која бил осигурано камионот за да бидат обештетени, а после им останува правото да бараат оштета во судска постапка доколку мислат дека не се во доволна мера обештетени.
Да де да, така и мислев камионот Да е регуларно осигуран при регистрација и обично осигурителни компании даваат мала сума , за да по приговор даваат поголема сума , за на крај ако не е задоволна странката оди судска процесна постапка во која тужена е осигурителна компанија ...
 
Член од
12 мај 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дојде и полиција и брза помош затоа што не беше обичен удар или гребнатинка,со записник де. Најдовме и адвокат ни кажа дека од колата нема да земиме баш , проценета е тоталка. Е сега си одбива од нејзината вредност годишна старост и што можиш да искористиш и ке испадне некоја смешна цифра што ке немаш ни за половина кола.
На мак. форуми многу малку можеш да најдеш за обештетување во ваков случај , срека што поминаме со лесни телесни повреди . Ке видиме и во однос на нематеријалната штета колку може да земиме кога веке сме поминале низ овој хорор ке размислуваш и за обештетување.
Благодарам за одговорите!
 
Си требал да поднесеш барање до осигурителна компанија и тие ке ти пуштат понуда, имаш право ан приговор, за да после можеш и да ги тужиш ако не си задоволен од понудата и не би рекол ако е проценета тотална штета дека ке земете багателна сума, така да треба да си ја помаваш работата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Во кои закони може да се најде постапка за имотен лист на недвижнина, изведувач и стечајна постапка? Во законот за градење и з. за премер и катастар не најдов.
 
Последно уредено:

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Во кои закони може да се најде постапка за имотен лист на недвижнина, изведувач и стечајна постапка? Во законот за градење и з. за премер и катастар не најдов.
За имотен лист конкретно - Закон за катастар на недвижностите и плус ќе те интересира сигурно и Закон за сопственост и други стварни права,
Изведувачите се уредени во Законот за градење,
Стечајна постапка во Закон за стечај.

Закон за облигационите односи исто така види си.
 
Член од
9 јуни 2006
Мислења
62
Поени од реакции
3
Мала помош пријатели,
Со закон за приватизација на сектор од здравството сегмент,во стоматологијата(2005 г) е приватизиран со регистрирана ПЗУ од страна на министерството за здравство,но во самиот старт со погрешна шифра на дејност која пак носи со себе поголем износ на придонеси.Фондот за здравство ја прифака таа шифра и не задолжува со тој износ,иако веднаш е сугерирано и побарано да се исправи.Во нјкраток рок шифрата на дејност е променета и новото судко решение со промена на шифрата им е доставено,а во мегувреме придонесот е уплатуван по новата шифра(помал износ на придонеси за здравствено осигурување).По три години(2008 г)фондот поднесува тужбено барање за наплата на разликата меѓу првата и втората(вистинската) шифра на дејност а судот го подржува истото,сметката е блокирана а побарувањето дадено на извршител.Со години потоа фондот е нем,нетранспарентен а сите барања за увид во досието и картицата за уплати и задолженија е криена и недостапна за нас.Дури сега по толку години ни беше дадена картицата со вкупно уплатените средства по тој основ како и со барањето на информации од јавен каратер висината на вистинскиот износ на придонес за здравствено осигурување одделно по месеци за оптужениот период.Математиката вели дека уплатените средства(за 4 години) одговараат на висината на вистинскиот износ на придонесите,а сме тужени за разлика која произлезе од нивно несовесно работење.

- барам правен лек како да ја исправиме неправдата,можно ли е фондот да биде оптужен со оглед на тоа дека веке постои пресуда,можно ли е со парнична постапка побарување одштета од раководното лице во фондот

Благодарам,
 
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Проблем од работни односи:
Си заминав од фирмата кај што работев и сега сум во друга фирма, но веќе месец и пол , фирмата кај што работев не сака да ме одјави, поднесов и писмено барање за да ме одјави со препорачано писмо но истото фирмата не го прима, ми се враќа назад.Каква е постапката за да ме одјават, имам ли право на тужба и колку рок треба да помине и од кога ќе се смета тој рок кога не го прима писмото?
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Не знам како дапостапам, а времето изминува. Имаме изградено викендичка, но по изработениот елаборат видовме дека навлегува некои 25-30 цм во плацот на соседот. Не сме знаеле. Неговиот покоен татко ја поставувал оградата. Ние градевме околу 2 м од оградата. Конечно, овој проблем е чест во селските атари. Навистина сум во паника. Неколку пати се обидовме да разговараме со нив. Не рекоа не, но : ќе се договорам со братот, ќе ви се јавам ... и така веќе 4 години. Треба само да дадат дозвола да ја легализираме викендичката и за ажурирање на тие неколку м2 заради кои на крајот ќе има последици за мене. Навлегувале и по метар и повеќе и немаа проблеми. Ние за овие 25-30 цм нервите ги изгубивме. Со овој закон доволно е нечиј дедо да го опцул пред 60 години дедото на сосеот и за инает да не дозволи легализација. Камо да градевме половина метар потаму. Ништо не добивме со тие 30 цм, освен секирации. Навистина веќе не знам како да постапиме. има ли некој некакво искуство или идеја? Секоја помош или совет би биле добродојдени.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
238
Поени од реакции
343
вака дечки ми треба правна помош околу следното,
Другар мој има долг кон стопанска банка за кредитна картичка во износ од 29.000 денари и долг кон Вип оператор со износ од 53.000 денари и од двете да речам компании е поднесено барање за извршување дали ќе му кратат од платата само една третина како шо е законот или и од двете места исто времено ке му кратат пари поточно дали еден по еден извршителите ке дејсвтуваат или двата заедно ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
вака дечки ми треба правна помош околу следното,
Другар мој има долг кон стопанска банка за кредитна картичка во износ од 29.000 денари и долг кон Вип оператор со износ од 53.000 денари и од двете да речам компании е поднесено барање за извршување дали ќе му кратат од платата само една третина како шо е законот или и од двете места исто времено ке му кратат пари поточно дали еден по еден извршителите ке дејсвтуваат или двата заедно ?
Само третина плата ќе му се запира, на тој чије барање дошло прво ќе има предност па од ко ќе заврши, ќе дојде на ред следниот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom