Интересно е и дека Западот ( тие што го смислија ова со Собранието) не коментира за правно формално незаконскиот избор на Џафери и побрзаа да го признаат и многу пред објавата во Службен весник која што исто така незаконски е направена...Не дека е битно дали Џафери ќе беше избран наместо на 27 април, потполно законски по 20-30на дена, туку им е битно да се припреми народот на наредбите однадвор, насилната албанизација и протекторатскиот статус...
А шо се правеше во собранието на
конститутивна седница во 20 продолжение?
Вељановски кој е избран со мнозинство на
минатиот совет на собранието, си закажува седница по седница на која се дискутираат политички теми. Дискутира од ВМРО - реплицира од ВМРО. Без никаков изглед тоа да завршини во следни 200 седници.
Вељановски имаше ли абер да послуша барање на
мнозинството во собрание и да се изврши избор на претседател кој ќе има подршка од собранијското мнозинство? Тој нема легитимитет од ова собрание, нема ни подршка од мнозинството во собранието. Го злоупотребуваше деловникот за да си остане претседател и следни 4 години.
Претседателот на републиката по устав
мора да го даде мандатот за влада на партии кои имаат
мнозинство во собрание. Без никакви дополнителни услови. Тој нема никаква улога во политиката на владата и работа на собранието. Ни еден член од закон или устав не му е ддено тој да прави рецензија на нечии партиски програми. Тоа е работа на собранието. Таму одлучува мнозинството на демократски начин.
Значи имаме претседател на држава - член на ВМРО кој дава мандат на
својата партија која
нема мнозинство во собрание (противуставно) и која партија преговара со ДУИ која веќе ја објави тиранската платформа и тоа ич не му пречи. Ич не изреагир што грујо со ДУИ прегоовара за состав на влада на темели на тиранска платформа. Не му одзеде мандат, не побара од него докази, потписи, изјави.
После имаме истиот претседател кој за да даде мандат онака како што по устав треба да даде - бара корекции во партиски политички програми, бара гаранции (небаре купува машина за перење од НЕПТУН), бара потписи... а сето тоа го
нема во устав ни во закон, значи работи мимо уставот.
Па имаме претседател на собрание кој е исто од ВМРО кој конститутивна седница која е предвидена за трансфер на власта, ја користи да си продолжи својата функција и во корист на
малцинската опозиција (неговата партија) во собрание закажува седници со дискусии кои немаат врска со конституирање на собрание и избор на н
ов претседател.
За тоа време директор на кризен штаб кој е исто од
ВМРО во
најкритичните моменти се крије на непозната локација, не контактира со
претпоставениот министер на МВР туку е во комуникација со лидерот на
ВМРО, и одлага интервенција кога насилници упаѓаат во собранието со цел да претепуваат и убиваат и спречат избор на нов претседател на место на овој од
ВМРО
И сега биле странците криви кои сакаат ситуацијата во државата да се смири и работите да се одвиваат по закон и устав од страна на избраните преставници на народот на фер и демократските избори.