Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Дали чистачката, готвачката и кафекуварката во фирмата каде работиш, има исти права, привилегии, обврски и заработка како и ти?
Во фирма каде шо работев порано кафекувар беше маж а шеф на книговодство, раководител на правен сектор беа жени.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.755
Поени од реакции
7.951
Во фирма каде шо работев порано кафекувар беше маж а шеф на книговодство, раководител на правен сектор беа жени.
Дали кафекуварот им беше рамноправен или подреден на директорките? Дали како тој што примаше и извршуваше наредби од нив, и директорките примаа и извршуваа наредби од него?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Дали кафекуварот им беше рамноправен или подреден на директорките? Дали како тој што примаше и извршуваше наредби од нив, и директорките примаа и извршуваа наредби од него?
беше то во СФРЈ каде работниците можеа да го сменат директорот
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
Дали жената може да се избори во твојата црква да биде свештеничка и да управува со ритуалот на една литургија? Како мажот?

Другото што ти прашуваш, нема врска со религија, верување, сето тоа е празна воденица само дрдорење за да не се зборува за она што реално го зборувате за жената ... но има врска со тоа дека жената за разлика од пред 100 години може многу, прави многу и христијанскиот маж може „сам да си се тапша“ по рамо и да се теши или друг „брат“ да го теши и тапка по рамо... во овие проповеди во однос на жената „кај и е на нејзе реално местото според Библијата“!

Вашиот концепт на бог е МАШКИ БОГ! Нема место за жената... таа се споменува само како подредена... Битна е бидејќи го родила Исус или некоја „сведочела за Христос“ и стигнала да биде „светица“ бидејќи и текнало во главата дека ок е тоа што се зборува за неа во тие свети книги (не е таа крива, такво време), но не е ниту како Исус, не е ниту како бог не е дел од големото ТРОЈСТВО. Таму се мажи, глава на црквата е МАЖ. Глава на семејството ќе биде МАЖ, глава што ќе одлучува секогаш ќе биде онаа на МАЖ!

Не и во овој еон... вашата старо-еонска политика, уредување и се останато „дадено од боговите“ умре... затоа жената е она што е денес... рамо до рамо со мажот и се бори за повеќе и се бориме пак ние повеќе жени да научат кај им е местото, не да се кријат и да се плашат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.755
Поени од реакции
7.951

Дали жената може да се избори во твојата црква да биде свештеничка и да управува со ритуалот на една литургија? Како мажот?

Другото што ти прашуваш, нема врска со религија, верување, сето тоа е празна воденица само дрдорење за да не се зборува за она што реално го зборувате за жената ... но има врска со тоа дека жената за разлика од пред 100 години може многу, прави многу и христијанскиот маж може „сам да си се тапша“ по рамо и да се теши или друг „брат“ да го теши и тапка по рамо... во овие проповеди во однос на жената „кај и е на нејзе реално местото според Библијата“!
Значи за тебе е дрдорење кога оние што ги уредиле фирмите по хиерархиска структура, а не по егалитаристичка со иста заработка, работни обврски и привилегии од првиот до последниот вработен човек, сакаат овој концепт што не го применуваат во нивната фирма, да го применат на христијанското семејство?

Ако е толку добронамерен и алтруистичен нивниот предлог, не гледам пречка да го спроведат истото тоа што го предлагаат за семејството и во нивните фирми, каде сопствениците, бордот на директори, високиот менаџмент, инженерите, административците, работниците на машини и физичките работници ќе бидат потполно еднакви во права, привилегии, обврски, заработувачка и секој секому ќе може да наредува, та нели се рамноправни?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Koj те прашува за твоите колешки?:facepalm:

Дали твојата шефица има исти права, привилегии, обврски и заработувачка како и ти?
Дали газдарицата на фирмата има исти права, привилегии, обврски и заработка како и ти?
Дали онаа на која си ѝ надреден, има исти права, привилегии, обврски и заработка како и ти?
Дали чистачката, готвачката и кафекуварката во фирмата каде работиш, има исти права, привилегии, обврски и заработка како и ти?
Знаеш ли ти воопшто што е рамноправност или само тролаш од очај?!
Рамноправноста значи иста можност за успех на сите! Ако имаш квалитет, стручност, образование и слично, ќе можеш да бидеш и менаџер и инжињер и бзнисмен и било што! Без разлика дали си маж или жена! Рамноправност незначи исти резултати само затоа што си маж или само зата што си жена! Ако покажеш способност, стручност, снаодливост, ќе имаш поповолна работа и поголема зарабоувачка, ако не, нема!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.755
Поени од реакции
7.951
Знаеш ли ти воопшто што е рамноправност или само тролаш од очај?!
Рамноправноста значи иста можност за успех на сите! Ако имаш квалитет, стручност, образование и слично, ќе можеш да бидеш и менаџер и инжињер и бзнисмен и било што! Без разлика дали си маж или жена! Рамноправност незначи исти резултати само затоа што си маж или само зата што си жена! Ако покажеш способност, стручност, снаодливост, ќе имаш поповолна работа и поголема зарабоувачка, ако не, нема!
Нема АКО доколку се работи за рамноправност. Сакаш да кажеш дека повеќето македонски новопечени газди се поспособни, поснаодливи и постручни од нивните работници? И рамноправност е ако газдите на 10-те најголеми компании во Македонија возат мерцедеси, јагуари, поршеа, и физичкиот работник вработен кај нив да ги вози истите, а не да иде со градски превоз или пешки. Ако газдите на овие фирми јадат јастози, кавијар и пијат најскапи француски вина, тогаш и чистачката вработена тука да го јаде истото, а не посебна салама со растителен кашкавал, ако овие газди одат на одмор на Тахити, Бахами, Малдиви, Фукет, тогаш и сметководителката вработена во овие фирми, ако е рамноправна, ќе може да си го дозволи тоа, а не да оди на домат-туризам во Дојран.

Ова се вика рамноправност, а не твојата демагогија.
 
Тресење глупости! Рамноправноста значи еднаква можност за успех, можност која може да ја искористи секој, без разлика дали е маж или жена!
Денес ти живееш во токму такво општество! Општество чии закони се исти без разлика дали си маж или жена! Никаде непостои закон според кој жена неможе да биде сопственик на бизнис или компанија, корпорација!
Рамноправноста значи иста можност за успех а не ист резултат за секого без разлика на се! Тоа што ти го замислуваш како рамноправност, всушност е комунизам, каде никој не смее да има богатство кое отскокнува од она на просечните!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
За мене ти што зборуваш е дрдорење и тотално неразбирање што значи слобода, што значи рамноправност, што значи божественост...
Ти не знаеш што значи рамноправност и тоа мора да го поправиш, наместо ова да читам што ти пишуваш.

Рамноправноста не значи привилегии од првиот до последниот човек.
И рамноправност е ако газдите на 10-те најголеми компании во Македонија возат мерцедеси, јагуари, поршеа, и физичкиот работник вработен кај нив да ги вози истите, а не да иде со градски превоз или пешки. Ако газдите на овие фирми јадат јастози, кавијар и пијат најскапи француски вина, тогаш и чистачката вработена тука да го јаде истото, а не посебна салама со растителен кашкавал, ако овие газди одат на одмор на Тахити, Бахами, Малдиви, Фукет, тогаш и сметководителката вработена во овие фирми, ако е рамноправна, ќе може да си го дозволи тоа, а не да оди на домат-туризам во Дојран.

Ова се вика рамноправност, а не твојата демагогија.
Ете, ништо ти не знаеш ниту од слобода ниту од рамноправност!

Секој е рамноправен со другиот во натпреварувањето да успее преку школување, напредување на работа и со тоа да јаде кавијар, да се вози во скапи коли - зарем поповите не се возат во убави коли? И за нив важи истото!

Но тоа не значи дека ако јас сум успеал да јадам кавијар со мој труд и мое потрошено време за да бидам повеќе, дека ти треба да го добиеш туку така, бидејќи според твојата логика - сме биле рамноправни! Не сине, ќе седнеш ќе успееш во животот и добиј тоа што мислиш дека треба да добиеш.

Јас само нема да ти застанам на патот ако си намислил да успееш да јадеш кавијар и да возеш коли! За разлика од старо-еонската философија како „од богот било дадено ова или она“ посебно искасапена жената!

Сработи надмини добиј :)
Исто е и за духовните ствари денес. Жената не може да биде зад мажот и тоа е тоа!

Тресење глупости! Рамноправноста значи еднаква можност за успех, можност која може да ја искористи секој, без разлика дали е маж или жена!
Денес ти живееш во токму такво општество! Општество чии закони се исти без разлика дали си маж или жена! Никаде непостои закон според кој жена неможе да биде сопственик на бизнис или компанија, корпорација!
Рамноправноста значи иста можност за успех а не ист резултат за секого без разлика на се! Тоа што ти го замислуваш како рамноправност, всушност е комунизам, каде никој не смее да има богатство кое отскокнува од она на просечните!
Зошто во твојата црква, според твоето христијанско учење жената не може да успее да биде свештеник? Кој е проблемот на богот со жената или мажот со жената? Имаш идеја или ќе ми разглобуваш како сите рамноправни мора да јадат сув леб? :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Рамноправноста значи иста можност за успех а не ист резултат за секого без разлика на се!
Да ја видиме фаличноста и од овој памфлет...

Прво, изразуваш неоснована идеја, според која „..Рамноправноста значи иста можност за успех..„, за да отпосле, се самоамнестираш и самооправдаш во нејзината непрактична употреба, велејќи дека „..а не ист резултат за секого без разлика на се!....„.

Така, самиот си знаеш дека идејата за рамноправноста, која се коси со реалноста, е однапред осудена на неуспех, а неуспехот си го оправдуваш со вториот дел од памфлетот, наведувајќи сосема нови услови, кои се спротивни на почетната идеја за рамноравноста.

Ама што е тоа битно, битно е „..Ај да пробаме па може ќе успее...„.[DOUBLEPOST=1494671641][/DOUBLEPOST]
Дали знаеш да ми одговориш зашто не смееме да одиме во црква кога имаме циклус, нели е навреда да не викаат нечисти?
Како што постои „женска нечистотија„ ради која жените не треба да се допираат до Светите или осветените нешта во Црквата, постои и „машка нечистотија„ така да нема(ш) причина за комплексирање.

Во Црквата, сите се нечисти по некој основ: телесен, душевен или диховен, а чисти се само оне кои го достигнале првиот степен на Богоуподобивањето, познат како „очистување„ (од гревовите,нели...). Вториот степен е „просветулвањето“ а третиот е „обожувањето„.

Нечистотијата не е навреда, туку лична свесност за својата битска состојба пред Бога, Кој едниствено е Е Свет и совршено чист.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Да ја видиме фаличноста и од овој памфлет...

Прво, изразуваш неоснована идеја, според која „..Рамноправноста значи иста можност за успех..„, за да отпосле, се самоамнестираш и самооправдаш во нејзината непрактична употреба, велејќи дека „..а не ист резултат за секого без разлика на се!....„.

Така, самиот си знаеш дека идејата за рамноправноста, која се коси со реалноста, е однапред осудена на неуспех, а неуспехот си го оправдуваш со вториот дел од памфлетот, наведувајќи сосема нови услови, кои се спротивни на почетната идеја за рамноравноста.

Ама што е тоа битно, битно е „..Ај да пробаме па може ќе успее...„.
Нема ништо фалично, рамноправност значи исти права, не исти резултати, не ист начин на живот, не ист стандард! Рамноправност значи секој да може да успее, секој да може да биде она што одлучил! А не секој да мора да успее без разлика дали има или не потенцијал за тоа. Ако некој е способен ќе биде успешен, богат, влијателен, ако не, нема! Тоа е рамноправност! Ако успешноста, влијателноста се ускратени врз база на пол, раса, потекло или слично, тогаш не постои рамноправност.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.694
„Сите се нечисти според црквата...
А чисти се само...“

Сега или сите се нечисти или има нечисти и 300-400 чисти максимум...

Секој светец-човек според „мудрувањата“ вакви е грешник, како што секоја жена некогаш била девица!

Што зборувам јас постојано? Дека црквата ќе те убеди и дека немаш нозе и мора да ползиш ко црв - за некоја нејзина колосална цел!

Црквата има цел да те убеди дека си нечист, дека си грешен, жената дека според писанијата за ова или она не ја бидува... паѓаат некои на тие муабети и стануваат „робови на гревот и послушноста“ - нешта кои ќе ги најдете само кај старо-еонските „мудреци“ и мирјани.

Со мирјанин не се расправа за свети работи. Нема да разбере, ќе се навреди и ќе се повикува на богови и цркви за да се оправда неговото животарење на Земјата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нема ништо фалично, рамноправност значи исти права, не исти резултати, не ист начин на живот, не ист стандард! Рамноправност значи секој да може да успее, секој да може да биде она што одлучил! А не секој да мора да успее без разлика дали има или не потенцијал за тоа. Ако некој е способен ќе биде успешен, богат, влијателен, ако не, нема! Тоа е рамноправност! Ако успешноста, влијателноста се ускратени врз база на пол, раса, потекло или слично, тогаш не постои рамноправност.
Нема ништо фалично, „освен„ што реализацијата на секоја идеја, која насилно и‘ се наметнува на реалноста, редовно има за последица купишта човечки лешеви, реки крв и безумни, апсурдни и трагикомични состојби.

Сите се раѓаме во Светов со одредени потенцијали и во одредени околности и тие се сами по себе доволни; нема потреба од насилно нормирање на т.н. рамноправност, кога истата не може да се спроведе, оти не ја почитува објективната зададеност и поставеност на нештата, туку тргнува од субјективната идеја за наводната рамноправност.[DOUBLEPOST=1494708589][/DOUBLEPOST]
Што зборувам јас постојано?
Зборуваш за нешта за кои абер немаш и за кои никој ништо не те прашал, а штом си прашан, фаќаш магла...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Нема ништо фалично, „освен„ што реализацијата на секоја идеја, која насилно и‘ се наметнува на реалноста, редовно има за последица купишта човечки лешеви, реки крв и безумни, апсурдни и трагикомични состојби.

Сите се раѓаме во Светов со одредени потенцијали и во одредени околности и тие се сами по себе доволни; нема потреба од насилно нормирање на т.н. рамноправност, кога истата не може да се спроведе, оти не ја почитува објективната зададеност и поставеност на нештата, туку тргнува од субјективната идеја за наводната рамноправност.
Па токму стариот еон е времето кога на човекот насилно му се наметнуваше ,,рамноправност" од секаков вид - религиозна, политичка, морална! Време кога догмите го оковаа човештвото да биде роб, каде сите мораа да веруваат, живеат и делуваат исто, без разлика на нивниот потенцијал и квалитет. За разлика од тоа време кое очигледно е мртво, денес човекот е рамноправен во вистинска смисла на зборот, не е принуден да припаѓа, верува или живее според модел одреден од догма или идеологија, туку е слободен сам да си одреди и открие кој е начинот на живот што ќе му даде смисла на неговото битисување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom