Знаеш што ми е мене најсмешно? Кога некој ќе рече, јас сум за тоа сите што згрешија да лежат затвор. И кога ќе го прашаш како ќе лежи фамилијата во затвор ако не ја турнат од власт, нема одговор, или ќе ти рече нешто во стилот, сите се криминалци.
За да имаш држава, државата мора да биде правна. За да биде правна, оние кои направиле криминал треба да лежат затвор. Тоа е приоритет над сите приоритети. Ако немаш правна држава, ти всушност немаш држава, па така да нема ни што да зачувуваш и браниш. Заев за мене е инструмент Гвујо и компанија да завршат во затвор. Ништо повеќе, и ништо помалку од тоа. Ако тоа не се случи, отидовме јабана многу побргу отколку што земјата ќе ни ја земат Албанците, масоните или илуминатите.
Како што покажа искуството, постои голема опасност "инструментот" да ја преземе контролата над тебе. И после што? Пак ќе бараме нов "инструмент"? До кога? Цел живот?
На крајот ти нема да видиш никаква корист од таквите инструменти на кои последователно им даваш така голема слобода да кршат закони и правила (како што им дававме на ДПМНЕ и како што сега уште од почеток му се дава на Заев), и со нив не можеш да постигнеш нешто добро за себе, а само привремено да ги неутрализираш претходните погрешни избори на "инструменти".
Не е доволно Грујо да оди во затвор, а треба да наравиме се за да спречиме на наредните избори да гласаме за тој којшто ќе го затвори Заев,
1999 - ВМРО-ДПМНЕ (според нас) победи за да го казниме погрешниот избор и самоволието на СДСМ во времето на криминалната приватизација кога беа распродадени и ликвидирани најголемите стопански капацитети во државата.
Претходно СДСМ владееше како црвена буржоазија. Забрзано и фрапантно осиромашување на најсиромашните.
Кршење на ембаргото кон Србија. Западот ги реализираше своите интереси за отстранување на остатоците од екс-ју политичката гарнитура поврзана со Белград.
2002 - СДСМ победи (според нас) за да го казниме ВМРО-ДПМНЕ за големите корупциски афери во кои беа вмешани високи функционери и кои во време на воениот конфликт дополнително го осиромашија општеството.
Милијардата на Циле, продажба на Телеком - разочарување од економските резултати.
ВМРО-ДПМНЕ не ја одбрани државата туку Трајковски беше заговарач за потпишувањето на капитулацијата на македонските вооружени сили.
Трајковски се конфронтираше со мислењето на народот и одвај извлече жива глава, но во целина тој и ВМРО-ДПМНЕ одработија за интересите на Западот и оттогаш беше легитимен фактор во решавање на внатрешните односи.
2006 - ВМРО-ДПМНЕ победи како казна за неспособноста на СДСМ да ги слушне потребите на граѓаните.
Секојдневни штрајкови и граѓански протести против владата на Бучковски.
Бучковски се конфронтираше со мислењето на народот и одвај извлекува жива глава од Струга, но ги спроведе барањата на меѓународната заедница.
2016 - СДСМ не победи, но преку демократски дозволено а сепак непринципиелно коалицирање ја освојува власта прекршувајќи неколку уставни и непишани принципи на политичкиот систем.
Според нас СДСМ треба да владее за да ја казниме врхушката на ВМРО-ДПМНЕ која во втората половина од своето владеење загуби контакт со реалноста и започна да владее како црвената буржоазија од почетокот на 90-тите.
Протести на разни НВО, објавување на нелегално прислушувани раговори, индиции за криминал во редовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО, претседателска аболиција за осомничените..
Иако ВМРО-ДПМНЕ на крајот доаѓа во судир со меѓународната заедница во поголем дел од нивното владеење ги спроведува нивните барања.
Кој е резултатот??
1. Народот постојано е ограбуван и игнориран од страна на политичките елити, се посиромашен и полесен за управување и манипулирање
2. Двете партии на еден многу удобен начин владеат и манипулираат со граѓаните, (јавајќи на бранот на незадоволството буквално го јавнуваат народот) ја користат неговата кратковидост менувајќи се како власт или опозиција
3. Меѓународните заедница презема целосна контрола врз државата и управува со процесите според сопствените геостратешки интереси - интересите на народот кој живее овде е од второстепено значење, нормално.
Какви се последиците??
Последиците се такви што се во право тие кои велат "Иванов требаше веднаш да му го даде мандатот на Бејли".
Ние немаме никаков суверенитет, не ни наликуваме повеќе на држава, а новите партиски елити поддржувани од Западот како замена за неуспешните претходни (кои исто биле поддржувани од Западот) свесни за својата ранливост и некомпетентност се оддаваат на криминал, и единствено ги спроведуваат интересите на тие кои им помогнале да дојдат на власт. После година-две воопшто не ги интересира што мисли народот.
Ова е тој затворен круг, процес на инструментализирање во кој не вртат веќе 25 години. И нема да донесе ништо добро за народот дури не се пресече некаде.