За да опстане и напредува државата мора да се намали администрација и да се направи поефикасна, 180.000 административци кои се во најголем број партиски војници за кој се задолжуваме да ги плаќаме се како тегови на нозете на некој маратонец.
Нив ги произведе во голем број минатата власт, за да обезбеди гласачко тело. Речиси нема млад човек кој нема да направи нешто за да се пикне на државна работа. Тоа е и оправдано, нели убава плата, редовна исплата, социјално, здравствено, пензиско, годишни одмори, еден куп празници...
Државата требаше да создаде услови да на младите им биде попримамливо да работат во приватен сектор од колку во државен. Во држава приватниот сектор, производството е двигател на напредокот, не може државата да се ослонува и да прикажува како успех плати од 20.000 денари во државна администрација. Тоа е само замачкување на очи.
Се зборува дека секое работно место во таканаречените “странски инвестиции“ ја чинеа државата, а со тоа и нас, со 20.000 евра.
Па со правилно распоредени 20.000 евра на луѓе со желба и план можеше да се раздвижи малото стопанство и наместо да имаме 3000 вработени по штрафцигер погони кои се затвараат кога на газдите ќе им помине грејс периодот за неплаќање на даноци, ќе имавме иљадници мини фарми, производства на органска храна, погони, семејни бизниси...
Постојат начини да се редуцира администрација, некои повеќе некои помалце болни, али ќе мора, со 100.000 административци кои државата ја чинат и до 50 милиони евра месечно или 600 милиони евра годишно. ќе има пари кои ќе се пренасочат на развој на гранки кои Македонија ќе ја кренат на стабилни и здрави основи.