Сакам да прашам, имам неколку пати слушнато за Vintage Clothes. Каков е овој вид на облека?
Називот “винтиџ“ се користи за две работи:
1. Стара облека на која и се вратила модата, од 50-тите, 60-тите, 70-тите и тн. што се продава во second hand продавници по ниски цени
2. нова облека во ретро стил што се продава по фенси продавници по високи цени
На Американциве винтиџот им е “ин“ веќе некое време, во мода се вратија хипи парчиња со цветни мотиви, избледен и “контролирано“ искинат џинс, везени работи, големи очила со дебели рамки или полиски, кошули со детали, живи и невообичаени бои, стар дрвен и метален накит и тн. Тие што сакаат винтиџ облека се одлучуваат за една од двете горенаведени варијанти, во зависност од длабочината на нивниот џеб и снобливоста